Другарка моја, правеше амницентеза но во подоцни недели. Во 12 та и беше страв а за нифти и кажале во систина дека и да покаже нешто пак мора амнио. Одлучи си во консултација со доктор.
Може од 9 недела, да. Мене мојот доктор од Систина ми спомна во 10 недела да правам ако сакам зашто имав претходна бременост со аномалија, ама не се согласив. Не само што е скапо, туку и ако покаже 1 процент ризик, пак секако праќале на амнио.
Јас кога правев на два пати тест со сличен принцип на работа беше од 10та недела, односно полна 9та, 9+0. Точноста 99.8. Исто, резултати после една недела.
Па така ми спомна еден друг доктор претходно. Е сега колку е точно тоа, не можам да тврдам. И секој доктор различно веќе кажува
Ти само кај еден гинеколог си одиш? Јас одев кај двајца, ама ме бунеа, едниот вака, другиот онака и сега само во Систина одам. Кај матичната оваа бременост ич не сум била
Матичната ми објаснуваше дека кога одела по семинари и странските доктори биле сложни дека во 9 недела не покажува точно тестот поради мало количество на ДНК во крвта и дека најдобро било во 12 недела.Во Bio Save ни во 12 ni 13 недела не пokaжа.Приметив и разлика во земањето крв,Bio Save соработува со Плодност и таму ми зедоа крв во епрувета како за крвна слика,а во Филип Втори со шприц ја извлекуваа крвта и потешко одеше.Дали нешто има врска незнам.
Крвна слика и мокрача, уринокултура, микробиолошки брисеви и првиот скрининг е се што правев јас во прво тромесечие.
Во која недела ги правевте овие испитувања и дали се прават во еден ден или пак треба повеќе пати да се оди?
Мамички колку е дозволено да се испитува крв утре сакам да испитам мокрача пошо до сега само еднаш ми е испитано а крв испитував на 24април па сега на 24 сум на контрола да не чекам до тогаш
Некако читам и срав ме фајќа 5 месец сум до сега имам направено приска,крф 2 пати и еднаш мокрача и 2 скрининг и ми спомена за скрининг за срце за бебушот ако сакаме
Вториот скрининг ми беше кај Димчев. Го прашав за овој скрининг за срце ми рече нема потреба од таков скрининг. Он а и секој друг доктор, при вториот скрининг и срцето го гледаат.