И да се одлучиш да го правиш скринингот на срце, не брзај прави го после 24 недела. Викаат дека дури тогаш срценцето има доволна големина за да се види дали е во ред. Ти кажувам за да не те исплашат како мене суспектибилна состојба, па дојди за 4 недели да те видиме дури тогаш може да се види убаво.
А ано другите брисеви за тоа повеќе ми е ке прашам и кардиолог пошо како помала имав шум на срцето ама сега се е во ред
Јас правев брисеви во 13 недела. Матичниот ме прати како редовно испитување во бременост да го направам и истовремено правев торч. За торч гледам не сите ги праќаат, ама за брисеви пожелно е да си ги направиш. А за кардиолошкиот зошто ти го препорачаа? Видоа нешто на скринингот или онака? Правеше ти втор скрининг?
Ако онака ти рекле јас не би се замарала. Ако имало нешто ќе го виделе. Направи си брисеви само и терај си мирно понатаму. Сигурно и на наредна контрола ќе те гледаат убаво па ќе си потврдат дека се е во ред. Кај мене не се гледаше се убаво затоа ми препорачаа за 4 недели да одам да го правам пак.
Друшки мои испитував скриен шеќер и резултатот излезе супер. На крвната слика хемоглобинот ми е опаднат, ама затоа железото ми е 20. Сакам да ве прашам кај уринава што значи ретко бактерии и леукоцити 4-6 во поле?
Во Адриалаб (Синлаб) испитував со 2 мерења. Еднаш ме боцнаа, испив шеќер и по 2 саати пак боцкање. Инаку за трудници е бесплатно.
Шекерот е во граница на нормала односно добар кај трудници е дозволено 5,1 а се испитуваат и холестерол и триглицериди, барем мене ми ги пишуваше докторот да ги испитам.
Не се испитуваат масти кај трудници. Матичната таков упат ми дава за крвна слика. Првиот пат мислев дека е грешка на сестрата, а после и во Систина на предавањата кажаа дека не се проверуваат. А баш ја кудев сестрата дека ми дала грешен упат
Мене шеќерот ми е 4,6 , а холестерол, триглицериди, седиментација ми кажаа дека не се испитуваат во бременост.. А дали обичниот шеќер во крвта има некаква врска со скриен шеќер?
Утре ќе испитувам д димери и скриен шеќер за јадење знам дека до 6 вечер можам да јадам а за вода до колку може да се пие. Тоа ќе ми биде баш проблем, јадењето а посебно водата. Јас многу пијам вода. А и тоа шербетот утре уффф.
@wannaBeMomma леле глупости, мене ми кажаа дека еднаш за секој случај мора да се испита , а нема никакви индикации и веќе 30 недела сум . Ајде утре секако ќе испитувам крв па нека испитат и тоа .
700 или 800 ден само еден хормон, на пример тсх. И матичен општ може да ти стави тсх на крвна слика, така е 100ден јас испитувам зашто сум со терапија...