И јас испитував еднаш. Без индикации по препорака на докторката што ме води. Ми рече дека во последно време имала повеќе случаи на испад на тироида во бременост па превентивно проверив.
Jас на своја рака си испитав му реков на докторот да ми пише упат и не ми направи проблем. Бев на ГАК ми наплатија 100 ден за ТСХ. Испитав заради семејна историја (мајками во бременоста со мене добила хипофункција на тироидната)
Јас овде каде што живеам, тироидна е задолжително испитување во бременост. Јас никогаш не сум испитала не сум имала ни индикации, ама уште на првиот преглед во 8 ма недела ми испитаа и излезе малку покачено и од тогаш сум со терапија Еутирокс. И после месец дена ми се нормализира ама пак испитувам и ги пијам апчинава. Испитај си штом ти рекле.
Мешиња добро утро Да ми кажете дали знаете колку е на приватно, поточно Авицена, да се испита Д димери, хемостаза и коагулација? И дали во Авицена испитуваат крвна група рх фактор? Ако не таму, каде по приватниве можам да проверам?
@Вереничка ддимери 800. Др. фактори провери на страната по 300-400 ден. Крвна група земи си упат за трансфузија . Приватно знам Филип 2 прават ама незнам цена.
И јас го имам истиот проблем,дури и ко подолги ми се чинат стапалата Неможеш ништо,нормално повеќе течности внесување помалце сол заради отоците Од како ке се породиш ке се вратиш во нормала
Јас имав мислење од трансфузиолог во Систина. Само ддимери се 2200. Плус сите др. работи ме фати повеќе.
Ок не можам да тврдам. Знам дека колешка се пожали дека и дале резултати без мислење, па мораше да брка преку докторката што ја водеше за да се изјасни трансфузиологот дали треба да прима терапија.
@eli25 @Ano Какво мислење? Конкретно за д димери? Не ми се смејте ама поим немам јас што е тоа Д-р ми рече на контрола за месец дена, а дотогаш да провериш крвна слика, урина и д димери, хемостаза и коагулација(рутински) Ама јас не знам кое за што е Досега се правам во авицена, и сакам таму да направам ако не е прескапо. И кога се јавив кај матичната да кажам дека ќе одам за упат за тоа и тоа, сестрата почна ама дали ќе има мој термин ама чекај не знам... и јас ја прекинав и реков во авицена ќе одам на приватно и ми рече дојди ќе ти дадам. Не ми спомна за никакво мислење дека ќе ми треба од трансфузиолог. Мислев да си земам упат од матична, да си проверам се во авицена, и со резултати да одам кај мојата докторка. Нешто пропуштам?
Трансфузиолог би требало во извештајот да ти напише дали треба или не треба да се прима терапија доколку има некакво отстапување на вредностите
Јас за крвна група на трансфузиологија правев во 8ми Септ, бесплатно беше тогаш.. ваљда е и сега а и брзо завршив.. дали денот ми се погоди незнам
@Вереничка ако правиш во авицена нема да имаш мислење од трансфузиолог. Најубаво спрема мене е да одиш на клиника и се ќе си направиш бесплатно. Резултати ист ден. Само сега тешко се добива приоритетен, имаше некоја финта со гак чинам.
Финтата е матичен гинеколог да ти даде приоритет за гак, а од гак ќе ти дадат приоритет за трансфузиологија.
Ели токму поради тие финти, чекања, термини, неточни резултати итн си правам испитувања приватно. Искрено и работата не ми дозволува да чекам мој термин и да се приспособувам. Ќе ги правам на приватно, немам индикации за проблем, чисто рутински ми рече д-р да проверам. Ќе згрешам? Мора мислење од трансфузиолог?
А зошто да плаќаш на приватно кога на трансфузиологија можеш да завршиш работа за ич пари и резултатите се точни. Ги издаваат истиот ден, а имаш и мислење од трансфузиолог. Во авицена нема да имаш мислење, туку само резултати. Не секогаш матичните или гинеколозите се стручни да кажат мислење-терапија за овие работи. Има посебна амбуланта за приоритетни упати и ќе завршиш работа релативно брзо.
@Вереничка и јас обично гледам приватно да терам, ама јас конкретно имав проблем и ми беше битно добар трансфузиолог. Кога почнав на клиника ми дадоа приоритетен и завршив работа. Обично попладне ми закажуваат и искрено сум задоволна и имам доверба во рез. Ако др. види дека нешто не и е ок , ми се јавува телефонски да ги повторам рез. До толку е посветена што е реткост. Ти рутински ќе проверуваш да, ама еве ако не дај Боже треба терапија пак ќе одиш по тој пат, за жал.