Нухална транслуценција се гледа на ехо. Се мере нухален набор, се гледа дали има носна коска, тоа се е на ехо.
Здраво. Кажете ми испитувањата на трансфузиологија во која недела се прават дека до сега матичнат ами нема ништо спомнато. 22ра недела сум, а имам другарка што е иста недела со мене и она пред две недели ги правеше.
Ехoтo ми гo прaвеше мaтичниoт. Крв нoсев нa ГАК a прaвев и вo Битoлa нa држaвнa исти резултaтите ми беa знaчи тoчни се.
Мамички да прашам за една моја пријателка и рекле да испита тромбофилија. Каде се испитува тоа и колку чини. Некој и рекол во ману. Мислам дека читав некој што имаше испитувано ама неможам да најдам. Ако знае некој нека пише.
Јас имам испитувано вродена тромбофилија во МАНУ за 15 раб.дена имав резултати платив 700-1000ден.беше не сум сигурна оддамна беше...Со упат од матичен гинеколог отидов ме боцнаа таму...Е сега читам жени што им зимаат крв и сами ја носат во МАНУ.Најубаво да се јави во МАНУ и таму ќе добие најточни информации.Јас пред 2год.испитував сега имаат сигурно промени некој...А во Хистолаб е над 7000 ден и повеќе 100%
Девојки кога правите испитување за скриен шеќер? И втор скрининг оној после 20 недела кога е најдобро да се направи? Јас сакам вториот скрининг кај Димчев во Систина да ги правам незнам кога да се јавам да закажам рекоа кај него немало термини . Инаку сум 12+2
Јас скриен шеќер проверував во 24+ а втор скрининг правев 21+ Инаку можеш од 20та недела до 24 та. Најдобро 21ва или 22 ра нед.
Мене и на прв скрининг ме гледаа вагинално зошто матката ми била навалена наназад. Се е проценка на доктор. Од тогаш наваму сега на последна контрола ме гледаа за да ми измерат цервикс За кај Димчев доволно ти е две недели порано. Рано ти е сеуште.
Феминки вашето искуство за биохемија за испитувањр на хив хепатит... Со упат од матичен гинеколог проагаат ли или има проблеми зоштп упатот е од гинеколог?
@hanny јас секогаш хив и хепатит проверувам со упат од гениколог. Тоа ни беше задолжително во ивф постапка за ваучер, и секогаш гениколог ми издавал упад.
И јас на клиничка биохемија испитував со упат од гинеколог. Ако не можело, нема ни да постоело опција да ти издадат упат.
Незнам ова ми е прва бременост и информацијата ми ја даде сестрата на матичната дека не секогш ама има шанси да ти прават проблеми околу упатот зошто бил од гинеколог. Утре ке одам па ке споделам искуство се надевам дека ке биде во ред
Се надевам нема да ти прават проблем. Мене тогаш никој не ми спомна ништо, ама тоа беше пред повеќе од 1 година.