Феминки утрово бев на биохемија срека персоналот беше многу фин бидејки и ми слоши од жешково, мириси, гужва по болнициве знаете како е па завршивме работа со упат од матичен гинеколог. Инаку по ново требало специјалист од гинекологија да ти даде упат за на биохемија а не матичниот гинеколог. Така ми кажа сестрата на одделот, за оние кои допрва ке одат да знаат бидејки ни мене предходно не ми кажаа од каде треба да е упатотдо биохемија
ајдеее од кога вакви промени @hanny јас веке не разбирам. Не разбирам кои надлежности се оставени кај матичните гениколози. Пред некој ден тсх не ми важеа од матичен. :-\
Зoштo милa? Јaс прaвев тсх сo упaт oд мaтичен гинекoлoг нa гaк вo aприл и не ми прaвеa прoблем aмa ми нaплaтијa зa негo, бидејќи тoa не билa рутинскa aнaлизa и не билa пoкриенa oд фoндoт зa трудници. Не ми нaплaтијa привaтнo, туку пaртиципaцијa плaтив 100 ден.
Не знам @fana , дечкото од лабараторија минатата недела ми рече не може вака на лист од матичен да ти испитам. Треба специјалист. Колку што се сеќавам порано не ми правеа проблем. Испитував неколку пати преку матичен. Ете на hanny и кажале и за хепатит и хив. Претпоставувам да не има некои промени во системот. Ќе прашам матичниот оваа недела.
сега навистина немам поима зошто дечково ми кажа така. Оваа недела сум и на специјалист, и секако ќе побарам и од него, па ќе видам каков фид бек ќе добијам.
Навистина незнам но доколку и за други прегледи и анализи треба прво кај специјалист за да се добие упат па дури потоа да се прават испитувањата незнам треба цел ден по болници од врата на врата...
I mene vcera Nikolov mi dade upat za na specijalist,za da Kirov mi dade upat za labaratorija.Imale nekoi novi zakoni.Mora specijalist da dade upat
@stevemila јас испитав на приватно tsh, се изморив од вратите. @kukla21 те разбирам. И самата се запрепастувам како е возможно во една државна живееме, исто здравство користиме и да биде "на кој како ќе му текне". Се чуствувам целосно незгодно дека давам "грешни информации" за останати членки.
И јас побарав да ми даде матичниот гинекологот за да не плаќам и ми рече бидејки сум со дијагноза и терапија не може она упат да ми даде, мора матичниот да ме прати кај специјалист и тој да даде упат за се да испитам. Општата матична само за тсх може да ми даде... Најверојатно разликата е дали си со дијагноза или не...
Да така како што вика Фана... дали имаш проблем со тироидната (хипо, хашимото, хипер), и дали си со терапија за истото... Јас барав баш на гинеколог упат за да не платам и рече дека сум со дијагноза воспоставена и дека ме следи специјалист не смее да ми даде... во комјутерот имало дека сум со дијагноза. А па матичниот општ ми дава за тсх само... другите хормони не. Баш утре сум на гинеколог и пак ке побарам..
Јас превентивно пијам еутирокс бидејќи нормалната вредност ми беше 3,3-3,6, ама наводно за ивф требало да е пониско и од тогаш пијам. Сите доктори ми кажале дека не би требало да примам терапија во „нормални“ услови. Си контролирам секој месец колку е. Секој месец земам упат од матичната.
Баш утре пак ке побарам на гинекологот... па да видиме зашто на некои може да даде, а на некои не... но мислам тоа е причината, во комјутерот ако има заведено дека си со дијагноза (хипо, хипер), не смее да дава... а опш матичен смее само за Tsh да даде на тие со дијагноза за другите незнам... сите хормони (ft3, ft4) ги испитуваш или само tsh?
@mariz можеби не е дека не смее да ти дава упат, туку дека тоа не е бесплатно. Мојот матичен гинеколог ми даде упат за ТСХ го испитав на ГАК ама си платив, Април месец беше.
Јас ја гледам сестрата кога куцка упати. Никаде не гледа дијагнози и сл.. Штознам. Еве јас на приватно одам и да речеме не сум и кажала дека имам дијагноза - од каде ќе знае она? Каде гледа дека некој на клиника ми дал дијагноза. Камо среќа се да беше поврзано и да можеа да видат што пишал докторот од клиника или да видат резултати. @fana јас денес не платив ништо.
@kukla21 можеби не плати дека пиеш терапија само Бог знае што прават. Тебе ти даваат и не ти наплаќаат, мене ми даваат а ми наплаќаат, а на @mariz па воопшто не и даваат упат. Е ај да те видам најди им НЗС