Труднички муабети Како бе на крајот само??? Мене ми земаа брис на крајот на 3ти месец, сега на крајот на 6ти пак, и на крајот на 8ми последен пат, мене докторката така ми рече, само што 4д не сака да ми прави, вели немало потреба, во најголем број од случувањата со даунов било наследно добиено кај бебето, а бидејќи кај мене и кај мм во фамилијата нема таков случај докторката вели дури на 21 недела ке ми направела 4д. Јас сакав на 12 да ми направи ама за жал немааа
Труднички муабети Фала ти многу . Јас пред неколку месеци имав mycoplasma, но пиев апчиња и се помина. А кога имав докторката ми кажа дека со таа инфекција многу тешко се забременува. Но чим е така пак ќе направам тест. И можеш да ми објасниш уринокултура што значи?
Труднички муабети Уринокултура значи испитување на бактерии во мочката.. Поздрав до сите мешиња јас сум многу уморна и одам да спијам.. :wink:
На последниот скрининг во 22 недела ми препорачаа за 2 недели да одам за фетална ехокардиографија. Тоа биле рутински испитувања на кои детално се гледа срцето на плодот. Мислам дека досега никој не спомнал такви испитувања. Запознаени сте со нешто такво?
Во Систина ти го кажаа ова ? Искрено верувам дека сите овие испитувања ги прават само за да земат пари ,затоа што доколку навистина се сомневале во нешто односно ако имало навистина нешто сомнително тоа ќе го направеле веднаш.Јас освен ехо секој месец ,правев Приска,2 пати крвна слика и при крај на 8ми месец 4д и комплетна крвна слика со ДиДиМери и скриен шеќер.Брис требаше да правам дента кога се породив
^Не, не е Систина, во ГАК ми кажаа да правам фетална ехокардиографија. На скринингот се беше во ред, и ми рекоа дека овие биле редовни испитувања. Ќе одам, што да правам, чисто да не ме јаде јанѕа.
Јас мислам дека имаат различна апаратура, со различен квалитет. Предпоставувам дека ехото со најдобар квалитет било зафатено и ти закажале за следниот слободен терчин да го погледнат срценцето на подобра машина. Искрено мислам дека тоа нетреба да те загрижува, плус ќе ти даде прилика пак да си се видите со бебушот
Труднички муабети во 12н-17н и на крај во 33-36н, можеш кај сакаш да ги правиш, а кај матичен ти се по ефтини ,со картонче, некои имаат опција да си платиш да ти ги однесат.
Труднички муабети Јас ги направив во 12 недела и сама си ги носев на микробиологија во државна, 350 денари платив и за два дена ми беа готови
Труднички муабети Значи секаде е различно јас ги правев во 17н , платив 250ден, и можев сама да ги однесам, но беше ептен топло па да не се малтретирам им ги оставив и ми зедоа 250ден за транспорт.
Труднички муабети Добро за пари то е нормално да се плаќа барем кај нас ете како што читам и секој доктор различно наплаќа, а и знам дека сама ке треба да си ги носам во микробиологија него ми беше дилемата за неделите дали сега да одам на крај од месец ке бидам 14 недела или ко ке ми се врати докторот од одмор ко ке бидам 16 и некој ден дали има некоја врска да неодма сега на крај од месец оти сега бев неделава затоа прашвам зошто и докторот нерече ништо посебно кога да одам кога сакаш ми рече па се мислам си викам да не е касно тогаш ке ми дојди месец и две недели од последната контрола има некој толкав голем размак напраено меѓу контролите или нема врска само јас така си мисла. А ти Меу си била во 17 недела само брисеви ти земаше или и друго те прегледа ти си била блиску до терминот како што сакам јас да одам леле цел ден се мислам и си го гледам она како листа на прегледи што е и тогаш во 16 недела ми иди и контролата па си викам се наеднаш да си направам
Труднички муабети Mene dr mi rece da odam vo 13 nedela za brisevi i kontrola, ama koga otidov ne bese vraten od odmor, i jas si otidov kaj dr-kata so mu e zamena i si zavrsiv rabota i eho i brisevi. Mi kaza dr deka ehoto bilo vazno vo ovaa nedela a za brisevite sum mozela da pocekam da se vrati dr od odmor no sepak jas rekov itaka sum dojdena da si zavrsam rabota. Pozdrav
Труднички муабети Јас кога бев за брисеви во 17н, отидов за целосна контрола, а инаку тоа ми беше прв и единствен пат да имам простор од 5,5 недели помеѓу две контроли. После почнаа маките и морав да одам почесто на контрола. Камо среќа се да беше како што треба , па да не се замарам така често со болници и доктори Ако е се ок, ич не му се мисли, слободно отиди си кога мислиш и направи с ги сите прегледи, ако веќе го направи првиот скрининг тогаш немаш гајле.
Труднички муабети Па и мене исто ке ми дојди размер скоро 5ипол недели од првата контрола и се беше во ред па затоа и докторот не рече ништо конкретно кога да одам повторно мислам си кажа тој сакаш дојди пред да заминам на одмор сакаш после тоа значи нема да биди страшно ако одам откако ке се врати така ме советуваше и деверицата која има две деца и кај исти доктор одиме и таа ми рече ако немаш фала богу потреба да одиш сега за брзо оди од ко ке се врати од одмор не е ништо страшно но сепак да си прашам јас повеќе мислења фала и позз
сигурно веќе сте споменале, ама немам време се да исчитам... Треба да правам испитување на димери, ама матичниот гинеколог не сака да ми даде упат! Си имал некои проблеми со премногу упати Може ли матичен да даде упат, каде се се прави испитувањето, освен на клиника и колку чини? А ако е само на клиника, кое време од денот да одам бидејќи пред една недела се породив, па не можам да го оставам бебето долго само... Ве молам за искуство и мислење Подрав
Јас проверувам на секои 10 дена на трансфузиологија состојба на димери. Потребен е само упат од матичен гинеколог, здравствена книшка и плаво картонче.Се чека прво за преглед кај лекар трансфузиолог, кој пополнува формулар, па после чекаш да ти ја заверат книшката со упатот и на крај чекаш за боцкање. Резултати даваат секој ден после 14 и 30. Доколку ти фали било што од потребните документи се наплаќа како приватен преглед. Инаку цената само димери со плав картон на клиника е 170 денари, без плав картон или упат е 1700 денари. Приватните лабаратории како Адриалаб и Авицена се од 2000 до 2200 денари за проверка на димерите. Рачунај дека доколку недај боже ти се покачени димерите, ќе ти дадат терапија и ќе ти кажат контрола за 10 дена и ќе треба да одиш пак и во тој случај се многу пари за приватни контроли. Инаку на трансфузиологија е супер цената и супер ќе поминеш ако имаш познат доктор или сестра, во спортивно да си знаеш дека ќе треба да заглавиш 3-4 саати за да завршиш работа. Невиден хаос е таму.Кое време и да отидеш е гужва и тие што дошле во 7 сабајле ја блокираат вратата и шалтерите да не влезе никој друг, додека они не завршат работа. А за упатот не ми е јасно како матичен гинеколог не ти дава? Мора да ти даде!Ако он има проблем, нека те проследи кај некоја замена да ти даде упат, бидејќи без упатот,ќе мораш приватно да плаќаш.
Може и општи матичен да ти даде, а јас знам дека само на клиника се прават. Викаат дека сабајле можело побрзо да се помине, само гледај да не начекаш понеделник(цела македонија е таму),вторник и петок(поради пензионерите).
Во петок одам да проверам скриен шеќер. Постапката се прави 2 пати, еднаш се проверува крв на гладно,се пие дозирана блага течност и после 2 часа се проверува уште еднаш. Проверил некој до сега скриен шеќер? И кои се мерките во случај да не испаднат најсјајни резултати? Јас после димерите, решив обавезно и тоа да си проверам.
bremenost/gestaciski-dijabetes-skrien-seker-t11611/?hilit=%D0%A1%D0%9A%D0%A0%D0%98%D0%95%D0%9D%20%D0%A8%D0%95%D0%8C%D0%95%D0%A0#p1194784