Јас денеска правев крвна слика и ми беше катастрофа. Најмногу од се ме загрижи крвта, докторот ми рече дека многу ми се згуснала и ми препиша фраксипарин. Инаку сум 4 недела. Има место за паника? Безброј мисли ми се вртат во глава...
Види ја темата за Д димери. Секоја втора трудница е на клексан /фраксипирин. Ќе се среди што си со терапија. Не е страшно ако протоците до беба се во ред.
Јас правев Verifi на предлог на матичниот и можам да го препорачам целосно. Не го запознав целиот тим, мене контакт ми беше Вале и девојчето е професионално , информирано, услужливо, баш како што треба, дури и препрофесинално за наши услови. Од првиот контакт до крај кога пристигнаа резултатите ми беше достапен контактот во секор време, со детален одговор на секое прашање. Можам да го споредам со Транкилити, кој го правев лани и споредено со Верифај каде што имав едно часовно објаснување за предности и услуги, Транкилити, дојдоа си земаа крв и си заминаа без никаква информација, ме нервираа 14 работни дена наместо ветените 7 и го добив резултатот ден пред да имам спонтан. Не ми побараа ни ехо ни срцева реакција, изгледаше како да им се битни само парите и толку. Додека Верифај, веднаш ми објасни Вале каква е процедурата, добив тракинг бројче на крвта и за два дена беше во лабораторија, со ре-секвенционирање јас го имав резултатот за 5 работни дена. Олеснувањето и невидената грижа на Верифај е бесценета. Цената за преглед на сите можни (46 геноми) е 740 Евра, додека кај Транкилити ланои платив 800 за само 3. Ако сакате да избегнете Амниосинтеза, Верифај ви е вистински избор.
Да не ширам негативна енергија во олку убава група. Но после последново случување со родилката од Кичево дали некој од вас има направено алерго тест на анестезија и каде се прави тоа, бидеќи гледам дека не е задолжителна пракса тоа испитување (а би требало да биде) оти никој не знаеме дали на крај ке треба да не породат со царски.
Мене за киретажа ко ми праеа во бт докторката иако не беше со анестезија буквално низ цела болница ме прошета и кај анестезиолог и во транфузиологија и сегде дури и кај интернист кардиолог ме испрати за среќа се беше во ред ама битно прво се проверив триста испитувања ми направи па после да ме исчисти миссед абортус имав.. иако немаше ефект со апчињата не се дочистив па мораше анестезија повторно после 3 дена со истите резултати бев и фала богу еве ништо не ми е.. да си прашаш кај матичната
Сигурно и на родилката од Кичево и правеле испитувања во Санте Плус, не верувам дека веднаш во операциона сала ја ставиле, но ете се случило. Плус и не и било сигурно прва анестезија штом ин витра правела женета. Не треба да се заплашуваме, секој си е посебен случај.
Само господ рака да клај па недај боже и со испитувања и со се можи пак да се искомлицира..:/ ама подсвесно се заплашуваме сите :/ :/
Алерготестови може да се направат во било која лабораторија, само не знам дали сите испитуваат за анестетици. Едно ќе ви кажам, нема гаранција. Алергијата може да се појави било кога во текот на животот. И со направен алерготест пак има ризик, за жал. Што се однесува до родилката, сметам дека беше жртва на нечија нестручност. Бидејќи кога се работи за пари, изгледа и животот губи на цена. Да не се повтори!
@Annath испитуваат и за анестетици, јас правев пред операцијата во систина, околу 2000 ме чинеше тогаш пред неколку години.
По правило секаде треба да се прави алерготест предоперативно. Небитно за каков тип операција се работи. Е сега, кога мора итно да се реагира, нема време за тоа, па се потпишува согласност. Има разлика со закажан царски и итен царски. Јас не потпишав ништо, иако бев на две операции. Инаку ризикот за алергија постои и во стоматолошка ординација, иако е ретко. Сепак, не е невозможно.
Mene ni vo remedika za zakazana operacija ne mi napravija alergotest nitu vo sistina iako 4 dena pred poragjaj bev na brisevi od nos i gelo,zemanje krv i razgovor so anesteziolog. Na poragjaj me prasaa dali sum alergicna na nesto i mi stavija alka. Tolku. Treba pred sekoja intervencija definitivno.
Треба ама не прави никој, ниту тука не беше во протокол, ми направија на мое барање и инсистирање, дури како да сакаа да ми кажат што изводиш и претеруваш, е баш така ми делуваа.
Се надевам после овој случај ќе бидат повнимателни и нема да се води само по изјава на пациентот дека не е алергичен. Мора да си се заштитиме и сами .... што кошта 2000 денари ,,, кај сме дале толку па уште и тие за арно нека се. И стварно бе остајте природно да иде све доколку не ви вика доктор за царски зошто сами од страв си правиме проблеми. Јас со моето прво дете имав многу страшен пораѓај кој траеше 25 часа со болки ненормални со три провокации ама ете помина вистина се измачив но не ни помислив да побарам епидурална. А сега за второ дефинитивно ќе ги направам тие алерго тестови оти до сега сум немала интервенција и не сум била под анестезија.
Девојки, некој го правел ли испитувањето за SFA (Serumski Faktori na Angiogeneza)? Д-димерите и хемостаза испадна добро е ама сега ми го бараат ова
Јас го правев во Хемолаб 5600 ден. Само таму се прави на приватно. И мене се ми беше добро само ова СФА нешто покачено, нешто намалено и Петановски ми лупна клексани... месецов пак требаше да правам, ама трансфузиологот ми продолжи клексани така да не го направив.. тоа нешто Петановски ми објаснуваше е како се имплементирал плодот, не го ни разбрав баш..