Во среда имам закажано термин кај матичниот, треба да ми го затвори или продолжи боледувањето кое ми го отвори заради ниско поставен плод. Сега сум 9+1 ама малку сум исплашена за прегледот, ми рекоа дека треба да одам со резултати од крв и урина и дека ќе имам преглед. Дали ќе ми земаат брисеви сега затоа што досега не ми правеле? Многу се плашам од вагинален преглед затоа што и пред бременоста секогаш кога ми правеле ваков преглед сум имала неколку дена болки во долниот дел во стомакот... Какви прегледи прават во овај период од бременоста?
Матичниот неможе да ти го продолжи туку треба да одиш на клиника и од таму ќе ти кажат што и како. Брисеви сега нема да ти земат туку во 12 недела немај гајле.
Претпоставувам дека ќе ме прати на комисија за патолошка барем уште некое време да мирувам. Лежам веќе 3 недели, денес првпат бидејќи одев по болници со земање крв и урина па после тоа имав малку работа и се задржав 5 часа вкупно, два во движење, 3 во седење и веднаш почувствував болки во долниот дел на стомакот што не ми се случуваше изминативе недели кога лежев. Од 15ч до пред еден час имав одвреме на време бодежи, сега конечно се смирив. И уште ова да си го кажам, понекогаш незнам дали болките ми се во матка/јајници или од притисокот што го имам од постојаната надуеност и гасови...
Денеска правев Торч тест на мое барање бидејќи имам маче. Ама како поминав поарно да не правев. Кој знае што зараза ќе фатам сега. Значи на државна е хаос, немаат кадар, па некој приучен се учеше да зема крв на мене. Решето ме направи по двете раце. 5 минути ми зема крв кога една капка само зел и ми викаат малку и ајде наново. Човеков ни игли менува ни ниш, ако не фатив Сида денес ќе живеам 100 г. Ми се скапа извинување, не бил од тој одел не знам што. Ова дефинитивно ме убеди ако биде се во ред да се пораѓам приватно, бидејќи како што тргнало на крај сигурно чистачката ќе ме породи и тоа во најдобар случај. Може и како на к 15 молерот. Хахаха
која е разликата помеѓу овие неинвазиниве тестови како Нифти и некои други ( не знам како се викаат) Дали само цената е различна или различни нешта испитуваат? ако имате некои линкови да прочитам повеќе, ве молам пратете ми ги. Одлучивме да правиме некој од ове тестови, само сега треба да се решиме кој од нив да го направиме.
Горе-доле исти се. Јас правев верифи. Го одбрав бидејќи најмногу ме бендиса девојчето што работи за фирмата. Транспарентно, се на време, отворено, културно.. види се со повеќе и реши си кој ти прави кеф.
Сите имаат по некоја разлика (плус, минус микроделеции) Најдобро е консултација со гинеколог и средба со претставниците од фирмите пред да одлучиш
Трудници имам едно прашање матичната гениколог секој месец ми дава упат за крв и мокрача, пртходниот пат плус и шекер ми испитуваја, овој пат не е стиклиран шеќерот, е сега прашањето ми е претходниот пат ми зедоја крв од прст, сега повторно гледам стиклирано исто крвна слика и урина и веројатно пак од прст ќе ми семат. Дали и вас ви земаат од прст крв? Хемоглобинот беше супер претходниот пат а и шекерот беше во нормала. Дали греши докторката или навистина нема потреба секој пат да се зема од вена и доволно е од прст за да се утврди состојбата со вредностите во крвта?
И мене при редовни контроли, еднаш месечно што се, ми земале само од прст. На старт, големите испитувања, беа од вена. После од прст.
Ne e tajna, obicna krvna slika pravam (mi baraat za na komisija) zelezo, seker, leukociti, limfociti, monociti, eritrociti, hemoglobin i sl... osnovna hematoloska krvna slika i plus urina.
Мене ми испитува хемоглобин, еритроцити, леукоцити, тромбоцити и хематокрит. Можеби дека не ми испитува железо затоа од прст ми земаат, и спомнав за железо оти не е стиклирано ми рече со мојот одличен хемоглобин нема потреба железо да се испитува сега засега, кога ќе почнеле да паѓаат вредностите на хемоглобинот ќе ми испитувала и железо. Незнам мене ми е чудно дека повеќето другарки кои ги прашав му земале од вена ама почнале подоцна, мене од втор месец ми почна со овие анализи.
од прилика се мислам меѓу verify и nifty... не знам, имам уште време, ќе видам. А вие што примате клексани и аспирини на колку време правите контроли на трансфузиологија? И дали ви прават контрола на дозата на клексан? И ако ви прават контрола колку време пред да ви земат крв примате клексан. Јас го примам навечер во 10, додека да ми земат крв ќе поминат 10-12 саати, тоа мислам дека е многу време. За доза на аспирин кога ми испитувале ми рекоа дека треба да поминат од 4-6 саати од кога е испиен лекот. За клексанот не се сеќавам како беше. Дали ако правам Нифти тест после нема да треба да правам скрининиг во 12-13 та недела, а и понатаму? (ова ако е се во ред со тестот) Што друго се испитува сега во прво тримесечје? Еден куп прашања
Ако правиш Нифти не мора класичен скрининг. ПРеку твојата крв ќе испитаат веројатност за постоење на Даун синдром. Нема потреба да се мери носна школка/нухален набор.
А не се чуди мила мене уште одкако чувме срценце ми проверуваат секој месец крвна слика(хемоглобин и железо обавезно)тируидна,д-димери,шеќер обавезно(си имам проблем) ама секогаш од вена ми земаат крв
Јас правев верифи, ама секако митко ми гледаше нухален, носна, само ми кажа да не правам приска. Ептен јас ако сакам. Јас многу истражував за тестовиве. Овие од нифти (гба) користат апаратура на илумина (верифи тест). Па логично ми беше кај нив да правам. Башка претставниците на нифти во мк не ме бендисаа. Уште па и ме лажеа дека илумина праќа кај нив за секвенционирање. Која иронија!
Дали непосредно пред НИФТИ или ВЕРИФИ тестот треба да се оди и на ехо да се потврди срцева акција? Се уште сум во дилема меѓу овие два... кај да е ќе се одлучам.