Da I preku krvta gi ispituvaat I preku urina mene prviot pat preku krv mi ispitaa posle vcera preku urina
Нее точно! Јас успитувам во Синлаб а тоа е приватна лабараторија која соработува со фондот и денар неми земале,не ми наплаќаат ништо. Освез за уринокултура таа си оди на приватно а ова црп јас немам испитувано.
Протеини во урина се сериозна работа. Правац гинеколог. Толку не е исто пеотеини во крв и протеини во мокрача! Има голема разлика. Протеини во крвта треба да има. Протеини вп мокрача не. Тоа е знак дека бибрезите не функционираат правилно. Индикација исто е висок притосок и не дај боже преекламсија.
женски дали правевте испитување за даунов синдром ? докторот ми рече убаво е да испиташ на државно кај 12 недела господ здравје иако не се многу точни а за почеток ме прати да одам на транф. за крвна група ? кои испитувања се прават после 6тата недела ?
http://acibademsistinababy.mk/index.php/bremenost/skrininzi/8-zadolzitelni-pregledi-vo-bremenosta Еве убаво за секој триместар пишува , и за рх негативни мајки
Дали SFA се испитува некаде на државно? Јас веќе испитав, и вредноста ми е покачена. Тоа значи дека за некоја недела пак ќе треба да испитувам, и значи нема да прекинам со клексаните, а баш се надевав. Не сум сигурна дали се прави некаде на клиника. Ако некоја знае нека сподели ве молам.
http://avicenalab.com.mk/mk/Izvestuvanje/NovianalizivoAvicenaLaboratorija Најдов дека и во авицена се прави дел од тоа испитување: PLGF (placental growth factor) sVEGF-R1 (soluble vascular endothelial growth factor 1) СФА е серумски фактори на ангиогенеза. Инаку колку што разбрав јас тоа е нешто во врска со крвотокот во палцентата. Има повеќе кратенки (околу 10 тина) Ни мене не ми е најјасно, А на лекар сум дури следната недела, тогаш ќе се распрашам подетално.
Здраво, во моментов сум 8+6 недели и поради годините интензивно размислувам за неинванзивен пренатален тест...па сакав да замолам некоја поискусна и некоја што веќе тоа го поминала да ми раскаже накратко за кој тест се одлучила и кои се придобивките/недостатоците на секој од нив....има голем избор, а јас би сакала да го одберам најдобриот и најопсежниот независно од цената? Фала ви многу
И јас бев во истава дилема, но се одлучив за Верифи во Филип 2 ри. Инаку сите тестови исто мерат, само сите нудат различни пакети, основниот пакет мери само три трисомии, а другите проширени пакети ги мерат можните аномалии на сите хромозоми, пол, и уште нешто беше... Значи зависи кој пакет ќе го одбереш. Јас го одбрав целосниот пакет што мери све. Инаку различно е и во која земја се испраќа крвта за анализа, некои УСА, Германија, Швајцарија, Кина... Најдобро е да се јавиш кај сите за коишто размислуваш, сите даваат детални објаснувања, мене дури и на маил ми испратија. Но мене лично ми се виде најпрактично во Филип 2, бидејќи таму има гинеколог, а на денот на тест ми препорачаа дека треба да се направи проверка на срцева акција. (имало случаи кога бил направен тестот, а плодот веќе немал срцева акција) Јас така направив, прво пореглед, па после крв ми земаа и толку, резултати добив за 5-6 дена - така нешто.
И јас правев верифи во 10+ нед. За 7 дена стига рез. на е-маил. Пред да ти земат крв треба да имаш посетено гинеколог заради срцева акција. Не го правев по препорака на доктори туку на пријателка. Нифти ми го препорачаа неколку доктори бидејќи имаат процент тие клиники. Направив мало истражување од мајки и искуства па заклучив дека верифи е по веродостоен. Ми кажаа дека не соработуваат со клиники така да во било која лабараторија можат да ми земат крв. Имав од целосниот пакет со сите аномалии полот и тн. И ни стигнаа позитивни резултати бебушка ни е жива здрава права девојка
Кога се прават први испитувања освен крвна слика, која крвна група сум др ништо немам направено ? Сега сум закажана за приска 10 недела сум и некој ден кој се наредни испитувања ? Цена ?