1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Испитувања во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Mayyya, 18 јуни 2012.

  1. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Мицика јас денес бев за скриен шеќер, ми земаа 4 пати крв, на гладно се зема, не треба да имаш јадено ништо, прво ми земаа еднаш, па ми дадоа една течност блага да пијам и после 1 саат уште еднаш ми земаа крв и после 1 саат 3 пат и после уште еден саат 4 пат ми зедоа крв,значи на секој саат 4 пати и резултатите утре ќе бидат готови па ќе видиме, штом ги земам ќе пишам да ти кажам ;)
     
    На Micika80 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Kalias чекам да пишеш денеска резултатите како ќе ти ги протолкуваат.
    Јас после проверката на димерите, сега ме фаќа страв за шеќерот, не дај боже освен клексанот уште да треба и да примам инсулин :worried:
    Јас сум 27 недела и влегувам во 7 месец, бебето си е во соодветна големина, а јас сум проправена околу 8 кг до сега, ама па што е за право и јадам повеќе заради димерите :worried:
    Молам Господ да биде се ОК за двете ;)
     
  3. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Мицика јас како што ти пишав, вчера ги зедов резултатите и др.на микробиологија што ми ги даде ми кажа дека ми се добри, а денес бев и кај гинекологот да ги види и таа и ми кажа исто и таа дека се супер, нема никаков проблем што се однесува за шеќерот, ако ти помогне нешто еве ги моите резултати (не знам во секоја држава може различно се толкуваат и какви се мерките, тука е вака:
    На гладно 78 од 60-110
    После 1 саат 110
    После 2 саата 156
    После 3 саата 95
    Што значи дека се во граници на нормалата :)
     
    На Micika80 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Јас савајлево бев во Адриалаб да проверам, мене 2 пати ми земаа крв, еднаш скроз на гладно и после 2 часа откако го испив растворот со шеќер. Резултати ќе имам денеска после 4 часот, па ќе видиме моите какви ќе бидат.
    Мене вчера ме боцкаа за димери и фактори на хемостаза, денеска 2 пати за шеќер, уште да требаше 4 пати да ме боцнат за шеќерот, ќе требаше директно и една трансфузија да примам :(
     
  5. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Мене нешто ми е матно со димерите.
    Бев завчера пак да испитам д-димери, иако и претходниот пат ми рекоа дека се нормални вредности 2950 за таа фаза од бременоста, ама јас читам сешто и ајде викам да ги проверам пак да ми биде мирна совеста. Значи првиот пат кога ги испитав беа 1600, вториот 2950 и сега се намалени на 2300 а немам примено никаква терапија. И овој пат докторката што беше на трансфузиологија ми рече дека се нормални вредностите за таа гестациска зрелост.
    Е сега мене не ми е јасно дали и како е можно да се намалени?
    А сега ве читам и за скриен шеќер правите испитувања, дали треба да има некои индикации за да се прават овие испитувања, врз основа на што ги правите?

    Micika колку е цената на овие испитувања во Адриалаб и како ти се сега димерите?
     
  6. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Баш прашував и јас за шеќерот на лекар последниот пат и ми рекоа дека не се тестира систематски секоја трудница туку во зависност од индикации како нагло покачена телесна тежина и промена во крвниот притисок. И кога бев во лабораторија за рутинските анализи (токсоплазмоза и протеинурија) таа лаборантката ми вика абе тебе за шеќер кога ќе те тестираме, во принцип сите се тестираат :^) , што ги знам веќе кој како сака така си прави крајот неможе да им се фати.
    А дали плаќате за овие анализи приватно?
     
  7. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Јас димерите ги проверувам на трансфузиологија со плав картон за 350 денари, а скриен шеќер проверив приватно во Адриалаб за 400 денари.
    Јас до сега примив 30 клексани за димерите, бидејќи ми беа првично 3400 и успеав да ги симнам од 1800-2100. Моментално паузирам од инекции, меѓутоа ќе проверам пак за 10 дена дали треба да продолжам. Мене и трансфузиологот и гинекологот ми ги препорачаа инекциите и гинекологот ми рече дека според постелката и протокот се гледа дека инекциите помагаат доста, така што јас не би ги занемарила како небитни.
    А што се однесува до шеќерот, добив препорака од гинекологот да проверам, меѓутоа остави на мене да си решам дали сакам тоа да го направам. Имајќи го искуството на сестра ми дека не и проверија скриен шеќер, 10 месеци после пораѓајот се поправи уште 10 кг, наместо да симнува и после милион анализи од тироида до крвна слика, се испостави дека е еден чекор од класичен дијабетичар, поради шеќерот во бременоста што никој не и го проверил и сега има специјален строг режим на исхрана, специјални лекови и специјални тренинзи за да си го врати организмот во нормала,бидејќи е резистентна на инсулин, односно нејзиниот организам не преработува јаглехидрати туку само ги складира во сало и се дебели и од воздух и сето тоа како последица од бременоста :(
    Инаку симптоми за скриен шеќер што ги гледаат докторите се нагло растење на плодот не соодветно со неделите или енормна дебелина кај мајката, во мојот случај јас не сум ни едно ни друго, меѓутоа ни сестра ми не беше, роди нормално бебе и се порправи 12 кг, ама проблемот исплива на површина после неколку месеци.
     
  8. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Мене докторката ми кажа дека има и индикации кај бебето, односно бебето нагло расте, меѓутоа големината не телото не соодветствува со правата зрелост во развојот. Тоа може по големина да одговара за 27 недела, ама по развојот реално да одговара на 22. А кај мајката ако не е регулиран, може како случајот на сестра ми да настане проблем и после пораѓајот, воопшто да не го засегне бебето. Затоа ако може да си се провери на време, најубаво. Јас и димерите ги проверив како рутинска контрола, па испаднаа критични, па затоа си проверив и шеќер, инаку не спаѓа ни тука во редовни контроли, туку по препорака на доктор и избор на пациент.
     
  9. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Ете си ги видов резултатите за шеќерот, добар ми е (човече што игра) :rock:
    Едно гајле помалку.
    Кај мене се други единици мерки од на Калиас, јас имам нормално 4.45 и после 120 минути ми е 7.04, а референтините вредности дадени за пример се 3.3-5.6 за нормалното, и <7.8 за после 120 минути.
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Епа супер Мицика штом ти се добри и тебе резулатите,баш ми е мило. Инаку овде за шеќерот ги праќаат сите трудници, без разлика дали укажува на тоа дека има проблем или не, значи тоа е еден вид рутинска проверка која мора сите трудници да ја прават до 25,26 недела, инаку во испитувањата ми ставила гинекологот и тироидна жлездажда проверам, веројатно и тој хормон е важен сега покрај жеќерот и исто и тоа ми е во граници на нормалата, така да до сега е се добро, инаку тироидна мене и на почеток кога ми утврдија бременост ми испитуваа, како и Хив,сида,сифилис,жолтица,токсоплазма и уште ред други работи на кои не можам ни да се сетам сега бидејќи беа премногу :tmi:
    Но најбитно е тоа што до сега и со испитувањата и со бебенцето е се во ред, па дај Боже и натака да си продолжи така, тоа ми е најбитно :)
     
  11. Nice.girl

    Nice.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Здраво драги трудници, ме интересира дали постои ризик ако на постелката има како вдлабнатинка.Вчера на преглед ми најдоа како вдлабнатинка на постелката и ми рекоа да направам тест за д- димери и фактори на хемостаза.Каде се прават тие брисеви, на трансфузиологија или каде на др место, затоа што не сум од Ск?Дали некоја од вас правела такви тестови да знам што ме очекува?Позз..
     
  12. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Прочитај наназад сигурно има на секоја страна по нешто за димери.
    Тоа не се брисеви, тоа е анализа на крв од вена. Се прави на трансфузиологија, бидејќи во приватните лабаротории е прилично скапо да се проверува како приватен преглед, поготово ако треба почесто да ја проверуваш крвта.
    Битно е да се проверат димерите и факторите барем еднаш во бременоста, бидејќи според тоа можат да видат каква е циркулацијата и протокот за размена на храна и кислород до бебето. Доколку се покачени димерите над одредена граница, тогаш бебето не добива доволно ни храна, ни воздух и треба да се примат антикоагуланси за подобра циркулација на крвта, а со тоа и подобар проток.
     
  13. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    мешковци дали некоја од вас ја има пуштено матичниот на преглед во болница на некој си специјалистички преглед, откако сте влегле во 7 месец? и што ве прегледуваа??
    мене мие се во најдобар ред, ама матичната ми рече морало да се направи и овај преглед :?:
     
  14. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Јас кога влегов во 7 месец, имав редовен преглед со ехо, го гледаа срцето и крвните садови, пресек на мозокот, го измерија по должина и тежина, го слушнаа срцето дали правилно работи, протокот на крв како се одвива, постелката дали е чиста, количината на плодова вода и толку беше. Следен преглед ми закажаа за 4 недели.
    Добив само препорака ако сакам да проверам скриен шеќер, што испадна дека е се во ред и сега чекам следен преглед за 2 недели.
     
  15. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    веројатно и кај мене ке биде ист преледот утре, па штом се вратам ке пишам што всушност ми правеа ;)
    п.с се беше преглед само со ехо, или имаше и вагинален преглед да знам да си се средам екстра :lol:
     
  16. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Колку се брисевите за уреоплазма и стрептокока сега?
     
  17. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Мене само со ехо ме гледаа, вагинален преглед не сум имала од 7 гестациска недела.
    Може на нареден преглед да прашам за последните микробиолошки брисеви пред пораѓај кога да ги направам, бидејќи колку знам пожелно е да се провери уште еднаш состојбата пред да излезе бебето.
     
  18. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    аха значи така ;) а и мене матичната ми рече дека кон крајот на бременоста ке сме правеле уште еднаш микробиолошки брисеви ама не ми кажа кога, мислам дека кон 34 недела да не се :?:
     
  19. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    јас кога ги правев на почеток на бременоста тие брисеви, знам беа три ми зедоа 250 ден мислам во микробиологија со картонче
     
    На Mikako му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Треба и кон крајот на бременоста, пред сè брис за стрептокока група Б, а пожелно е да се заврши со тоа до полни 36 недели, па и порано.