Испитувања во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Mayyya, 18 јуни 2012.

  1. Sofi.ja

    Sofi.ja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    9.572
    Резултати од што?
     
  2. Vikiliks

    Vikiliks Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    30
    Микробиологија
     
  3. Sofi.ja

    Sofi.ja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    9.572
    Ако се од брисеви негативно-нема инфекции ,позитивно-има.
    Многу штедиш на зборови:D
     
  4. Vikiliks

    Vikiliks Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    30
    Извини. еве резултатите
     

    Прикачени фајлови:

  5. Sofi.ja

    Sofi.ja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    9.572
    А па така кажи ТОРЧ дека си правела :)

    IgG покажува дека си имала некогаш инфекција и веројатно имаш антитела за истата,
    IgM покажува дали ја имаш во моментот. Кај тебе IgM е негативно значи во моментот немаш заболување.
    На пример Токсоплазма ниту си ја имала,ниту сега ја имаш.
    Рубела си имала,сега немаш.
    Цитомегаловорус си имала,сега немаш.
    Сепак доктор да ги види резултатите.
     
    На Vikiliks му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vikiliks

    Vikiliks Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    30
    Значи нема ништо за плашење.Фала ти многу
     
  7. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    6.607
    Пол:
    Женски
    Моментално е чисто. Ок се, ама сепак докторот да ти потврди секако.
     
  8. crazylady

    crazylady Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    4.630
    Допаѓања:
    7.511
    Мене ми најдоја кандида, со што да ја лечам сега ?
     
  9. Vikiliks

    Vikiliks Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    30
    а овие??сега ги зедов..
     

    Прикачени фајлови:

  10. Septemvri

    Septemvri Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    1.412
    Допаѓања:
    3.150
    Пол:
    Женски
    Ке ти препише матичен лекар канестен, микорил или сл.вагиналети.
     
  11. Ѕвездички

    Ѕвездички Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    2.821
    Пол:
    Женски
    Овие подобро лекар да ти каже, зависи која недела си, како се развива плодот, дали примаш терапија итн. Референтните вредности во резултатот се за небремени.
     
  12. pikacu87

    pikacu87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Zdravo majki ve molam ako moze nekoj da mi kaze dali imal vakov slicen problem. Vtora bremenost mi e, prvata mi beshe na 29god rodiv zdravo zensko bebe, bez nikakvi problemi vo brmeenost.
    Sega ocekuvam vtoro mashko na 31 godina, do sega nemam nikakvi zdavstevni poteshkotii i problemi.
    Deneska bevme na screening da go vidime bebeto na 4d i da gi vidime organite, za se kaza deka e vo red osven go navede slednovo : vo celost srce 4 komoren sistem so diskretna hiperehogena senka vlavula od leva komora no ne lici na golf topce po golemina.
    Kade samiot doktor posoci deka "toa golf topce" po novite ispituvanja znacelo nekoj minimalen indikator/pokazatel za Daunov sindrom. Posle toa se ogradi i kaza deka najverojatno ne e nisto strashno. Iako posoci deka ima dva tipa na pregledi, onoj preku krv koj e nekade 600 vra ili aminocenteza.
    Jas veke zakazav screening kaj Dimcev vo Sistina vo ponedelnik, no dali nekoja od vas imala vakov problem da mi kaze iskustvo.
    Inaku priskata vo 4mesec pokaza deka se e vo red.
    Pozdrav .
     
  13. Ѕвездички

    Ѕвездички Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    1.218
    Допаѓања:
    2.821
    Пол:
    Женски
    Пруската е само статистика, веројатност за нешто...
    Инаку за срце на фетус е Драшко Димески во Систина најдобар, барем така мене ми кажаа и јас кај него одев 3пати во бременост.
    Конкретно ваков проблем не сум имала, но освен амниоцентеза и тие тестовите преку крв, што се 600-700 еур друго ништо не покажува со точност од 99%
    Јас правев преку крв... Заради сигурност.
     
  14. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    11.723
    Пол:
    Женски
    Кај мене е таков случајот.
    Исто на 29 бев бремена со ќерката .. сега наполнив 34 и сум бремена со машко, 31 недела. На вториот скрининг се виде тој ехоген фокус во лев вентрикулум или т.н. голф топче. Читав многу за тоа - ситуацијата е следна. Бебиња со хромозомски аномалии го имаат тој фокус (тоа се калцификати во преткомората на срцето) ама го имаат и бебиња кои немаат никакви нарушувања. Процентуално се јавува и кај здрави бебиња и најчесто го снемува до трето тромесечие. Во случај да остане, не претставува никаква срцева маана.

    Е сега, јас многу не се секирам, затоа што со првиот скрининг правев приска и општо докторот ми кажа дека сѐ изгледа во ред. И на вториот кога го видоа топчето (фокусот) рече дека не ми препорачува амниоцинтеза затоа што сѐ што гледа изгледа ок. Утре сум на преглед, баш ќе прашам дали уште го има или не.
     
  15. pikacu87

    pikacu87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Леле Каетана не знам ,од вчера сум избезумена скроз, се живо прочитав што имаше на интернет на оваа тема, различни студии, денеска решив да идам и кај матичниот за да му ги кажам резултатите од приватниот скрининг, бидејки на државна уште нема објавено датуми за закажување. Па ќе видам што ќе каже тој. И ке пишам...
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Presrekna

    Presrekna Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    1.581
    Допаѓања:
    7.706
    Пол:
    Женски
    Знам дека е лесно да се каже, но без паника мила. Тие мерки може некогаш да згрешат.
    Ако сте во финансиска можност, најдобро да си направиш нифти или некој од другите пренатални тестови преку крв. Јас заради годините направив, резултати за 3 дена ни приска ни амнио.
    Со среќа. и мисли позитивно!
     
    На Ѕвездички му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pikacu87

    pikacu87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2017
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Закажав кај д-рДрашко во систина во понеделник, така да ќе видиме што ќе каже тој. И самиот матичен ми препорача сега да направиме ехокардиографија а не на 28 недела, да бидеме мирни. Така да,ќе видиме што ќе предложи докторот ... Дај боже да е се во ред ...
    Кажи ми која е процедурата за Нифти, колку пари е, и се чека само 3дена ??
     
    На Kaetana и Presrekna им се допаѓа ова.
  18. Presrekna

    Presrekna Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    1.581
    Допаѓања:
    7.706
    Пол:
    Женски
    Јас одам во Плодност Битола и заради годините Др Таше ми препорача нифти тест, ни даде број од Био стем Скопје со чија лабораторија контактиравме.
    Мислам за една недела се договориме да пратат човек во Плодност Битола. Ми зедоа крв и веднаш заминаа за Солун од каде авионски ја пратија крвта во Милано и Хонг конг. Знам беше понеделник, а четвртокот ми стигна имејл со резултатите, а исто така ми се јавија и од Скопје за да потврдат. Потоа после некоја недела ми стигна оригиналниот документ на домашна адреса.
    Тогаш со попуст беше и плативме околу 38000 Илјади ден.
    Најдобро види во Систина, па ќе ти кажат за посигурно.
    И ако правиш нифти, немој да фрлаш пари за приска. Јас само скрининг направив, а приска не бидејќи е џабе фрлање на пари.
    Со среќа. Ти посакувам се најдобро. За некој месец да си родиш здраво и живо бебе.
     
  19. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    11.723
    Пол:
    Женски
    Ако одиш кај д-р Димески најубаво ќе ти објасни. Јас вчера бев на преглед, пак препрашав за тоа, ми кажаа дека нема што да се секирам, штом развојот што го следеа е добар (мозокот развиен… сѐ изгледало супер), нема никаква причина за страв. Инаку многу бебиња го имаат тој фокус а многу мал процент од нив имаат генетско нарушување.
    Пиши како ќе поминеш.. а до тогаш смирено. Знам дека на почеток читаш и се нервираш, ама тоа ништо не ти помага. Што и да е, (не велам дека е) ништо не можеш во моментов освен да не се нервираш. Иако ако те виделе убаво на скринингот за развој и ти рекле дека сѐ изгледа ок... Немаш голема потреба да се грижиш. Нивно е да ти кажат опции за генетски скрининг - мене тука ми рекоа дека обврска им е да ме информираат за амнио, за нифти, дури и за генетско советување некакво... И вика дека мора да пише во извештај дека ми е кажано.. но исто така пиша и дека сето тоа не е препорачливо...
    Со лесно на прегледот, и не се преоптеретувај многу.
     
    На pikacu87 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sofi.ja

    Sofi.ja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    3.314
    Допаѓања:
    9.572
    Ехокардиографија се прави доколку на обично ехо се забележи нешто сомнително или спаѓа во пакетот испитувања за секоја трудница?