да јас треба овај брис да го правам кон крајот на месецот така ми рече докторката, дека е задолжителен
Здраво нова сум на форумов, многу ми се допага ,бремена сум веке 15 недела ова ми е втора бременост,и сум многу повеке исплашена одколку со првата,поминав многу убава бременост само со месечни контроли на ехо и нормално урина и крв и фала богу се бесе во ред ! сега ме прати докторот на приска тест!!! на клиника немаат реагенси па морам во приватна лабараторија 4000 ден тоа за мене е многу! а сега читам и за други испитувања што ми следат. За матичен гинеколог сега го избрав Др-Митановски и исто така ми најавува некои испитувања што во предходната бременост не ги правев имам плави картони но сигурно ке ме чинат многу ,па ВЕ МОЛАМ за мислење јас не го направив приска тестот затоа што на ехо кога ме гледаше во 12 недела нухалниот набор беше под 2 мм односно 1.3 мм и мислам дека нема потреба да плакам толку за анализа на крвта А ВИЕ ???
Ни јас не го правев, вредностите од нухалниот набор ми беа 1,6 и д-р ми рече дека нема потреба да правам, само пари да фрлам кога и онака не е веродостоен тест. Така си поминав без приска , а еве си имам здрава права принцеза дома. Еве ти си со втора бременост, сети се на првата, ги имало ли сите овие испитувања, биле ли задолжителни? И што кога на времето не се правеле, односно не на времето, туку пред некоја година врска немале од правење овие тестови, а сега од секаде и за се пари да се собираат, и тоа удираат на најранливата група- трудници, кои знаат дека на се се тресеме.
И јас така размислував, пред 3 години се породив и бев многу порелаксирана,а сега со овие нови испитувања многу сум оптеретена посебно од финансиска гледна точка,и многу повеке се плшам,а имам фала богу здраво и право девојче и тоа без никакви испитувања !!!
Ако реално нема потреба, нема зошто да правиш испитувања кои не се потребни. Штом вредноста на нухалниот набор покажува дека нема опасност од Даунов синдром, тогаш приска тестот не ти треба - и онака не дава точни податоци, туку резултатот е само статистички. Ќе ги направиш само најнеопходните скрининзи кои треба да бидат бесплатни или со симболична партиципација во државните клиники со упат од матичен гинеколог и сини картони. Исто и за брисевите. Ако има потреба, може да направиш и испитување на д-димери на трансфузиологија и евентуално скриен шеќер. Друго мислам и дека реално нема потреба.
I jas ne pravev prisca,bidejki vrednosta na nuhalniot nabor mi bese 0.3.Tie testovi se samo izlisni trosoci...
Во четврток треба да одам на контрола кај матичниот и ке му соопштам дека не го направив приска 1 тестот а бидејки ме прати со упат во авицена- приватна лабараторија мислам сега дека ке ми предложи да одам на приска 2 во 17 недела можело пак да се направи!!! мислам дека зема процент од таму!!! ШТО ДА ПРАВАМ ако немаат се уште реагенси на клиника прегледот пак ке коста 3800 многу е ! и брисевите ми ги наплати фала богу добри беа резултатите,инаку самаги носев 4 епрувети,исто и на микробиологија ме прати за урино култура и крв и тие беа супер,ама ова другово ми е стварно скапо ШТО МИСЛИТЕ???
Па кажи му бре апла ич да не ти е гајле. Реагенси на државно нема а за приватно немам пари и крај ауууу па што сега пола плата за тоа да ја дадеш? И ич не му ја мисли, и да знаеш дека земаат процент тоа ти го гарантирам. Мислам во ред е Приска тестот се додека е бесплатен како што е во странство инаку кој може да си дозволи таков луксус нека повели. И знаеш што, НЕМА СРАМ во тоа да немаш пари.
Baba mi i majka mi ne pravele apsolutno nikakvi testovi,pa rodile zdravi i pravi deca.Majka mi duri i se cudi zosto tolku mn.testovi i ispituvanja?! Pa ova go nema nikade,ni vo Evropa,ni vo Amerika.Tuka sto ne ke izmislat za pari,kako so vreki da gi imame.Sto e mnogu-mnogu e!
Да се согласувам ниту нашите баби ,мајки па и ние до скоро не правевме вакви тестови,само ми е криво што имаме вакво здравство ме гледа гинекологот како извор на пари или како да се изразам,а не како трудница и после зошто не се решаваат на второ дете,па и на прво да ти е страв да се одлучиш! а да не зборувам за стравот што ми го зададе две недели не можев да спијам, цитирам : вака резултатите се добри од ехото ама многу е зачестена појавата на деца со аномалии!!!
Драги мамички и трудници што е тоа д-димери испитување и во која недела се прави??? прв пат сега прочитав од вашиве коментари
Едно не ми е јасно: Толку испитувања, толку апарати исподонесоа, нема систем кој ќе ги собира примероците од сите здравствени установи и ке ги носи во подрумот на Клиника? Па јас не сум во поодмината бременост, ама имаше доста трудници што безглаво сироти се врткаа на паркинг и не знаеја за каде се испратени. Секаде во светот трудниците се ослободени од било какви трошоци и трчкања, само кај нас го има ова. Знам дека допрва следуваат моите случки по болниците, ама стварно не е хумано пациентите сами да си ги носат примероците на испитување.
Тоа е испитување на крвта се прави на трансфузиологија само ако видат на ехо дека имаш проблем со постелката, ако е се ок нема зошто да се малтретираш.
Се прави и во случај доколку се планира царски рез и тоа се вредности кои покажуваат во каква состојба е крвта ,поретка-погуста,какво би било крварењето...(барем мене вака ми го објаснија)
Драги мои денес бев на контрола, 16 недела и 4 дена,му кажав на докторот дека не направив приска 1 тест затоа што навистина на приватно е скап, и не ме прати на приска 2,рече дека се е во ред уфф фала богу,бебчето бесе толку свиткано ама сепак успеа да види дека е девојче ,ми закажа наредна кон трола за месец дена ! мило ми е што можам да ги споделам овие моменти со вас!!!
Јас немам никакви проблеми со постелката, ниту на ехо се гледа проблем, а димерите ми се високи. Од обична рутинска контрола, сега проверката на крвта ми е редовна контрола на 10 дена , баш заради тоа што на ехо не се гледа ништо. Убаво е барем еднаш да се проверат во бременоста, па после да се одлучи дали дали е малтретирање или не.