Здраво! Одамна не сум активна на форумов. Бремена сум 31 недела, заради ситуацијата моментална не сум била на контрола од 22 недела кога правев скрининг. Се јавувам на матичниот гинеколог со надеж да ми закаже преглед, но ми вели: седи дома, не доаѓај нема потреба. Ако се осеќаш добро, ако осеќаш дека бебето си мрда, се е во ред. Ова ми е втора бременост, но првата беше поодамна, па не памтам многу што и како требаше да се испита. Паметам дека крвна слика и урина испитував секој месец, паметам дека правев тест за гестациски дијабет (тој го пропуштив сега веќе- не бил толку важен според матичниот), паметам дека правев тест за Д димери (некаде во 3то теомесечје). Сега никакви испитувања немам. На контрола не одам (не ми закажува гинекологот). Ме фаќа страв дека се наближува термин (за 8-9 недели), а не знам ни дали е се во ред. Онака добро се чувствувам, колку што е можно во 31 недела. Живеам во мало место, помислив да отидам некаде на приватно на контрола, но нема каде тука, треба да патувам во друг град, евентуално Скопје, па се мислам да не се ставам во ризик без потреба. Како е кај вас? Одите редовно на контрола? Или имате слично искуство? Ме интересира дали во глобала секаде е вака, или само мојот гинеколог се плаши да ме прими на преглед?
Јас одам сега 2 пати неделно на цтг и нема ништо страшно, јас заштитена и тие заштитени. Колку што читам тука ретко која пропушта прегледи. Замоли го докторот да ти даде упати да си испиташ крвна слика, мокрача, скриен шеќер итн и само да поминеш да ги земеш од ординација. Ако не сака да те прими на преглед оди на приватно. Во 32 недела во Ремедика платив 2500 за третиот скрининг веројатно слична е цената и на други места. Не знам кои ти се финансиските можности ама јас не би издржала толку време без преглед, може дека прва бременост, па се плашам. Како и да е, има брисеви во 35 недела секако мораш да одиш.
Јас одам редовно на контроли во ниеден мпмент матичниот не ми откажал. И тоа по мене е крајно неодговорно затоа што он од тебе зема плата во месецот бидејќи ти е матичен не смее да те враќа. Може стоматолог да те врати ама за преглед гинеголог и општ доктор не. Јас секој преглед го правам и проверувам крв и урина обавезно 1 месечно. По мене треба да те прими јас едвај издржувам 4 недели до преглед алал да ти е како си издржала толку време но мој совет е оди си поскоро
Девојки споделете искуства за втор скрининг кај Димчев во Систина Треба да го правам за 2 недели па сакамда слуснам искуства.и која недела е најдобро да се прави?
Заради ситуацијава баш и не ми се оди за вториот скрининг. Имали некоја што не го направила вториот скрининг дали ке биде проблем ако не го направам?
Никако не го пропуштај тој ти е најважниот скриниг мора да се види срце дали се развива како што треба желудник протоци да се видат итн. Ситиацијава не ја мисли може уште 2 години вака ќе тераме
И јас сум за да не се пропушти вториот скрининг, доста е важен како и првиот. Баш во овој скрининг можат да се забележат ( недај Боже ) некои аномалии на плодот.
прв скрининг и приска правев на ГАК ама пред корона беше тоа а втор скрининг кај Димчев во Систина , 4500 мислам платив
Па јас се мислев и првиот да го правам во Систина, на приватно, исто пари е колку вториот, мислам. Која недела го правеше првиот?
А дали е тоа истиот скрининг, каде што се откриваат и аномалии, за даунов синдром, или тоа е плус испитување? Иначе на ГАК не се наплаќаат скрининзите?
Девојки, мајки Утре треба да правам прв скрининг, и имам неколку прашања. Прво дали се прави со вагинално ехо или преку меше? Второ се изначитав за приската за тоа колку лажни резултати дава тестот, па се повеќе сум за неинвазивнара метода, сакам да ми кажете ваши искуства.
Преку стомак се прави ама може со сонда да те фати секој лекар различно... За приска не дава лажни рез туку е статистички податок заедно со мерките ти дава некоја статистика. Имаш тема и за приска и за неинвазивни методи прочитај ги
Zdravo. Dali nekoj pravel neinvaziven skrining vo synlab, za daunov I anomalii I na kolku rati davaat? Fala.