Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Испитувања во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Mayyya, 18 јуни 2012.

  1. Ane1988

    Ane1988 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2020
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Земањето брисеви во бременост од страна на матичен гинеколог е бесплатно а за испитување ако ги носиш на државно ти е бесплатно а ако ги носиш во приватна лабараторија тогаш ти наплатуваат
    п.с мене никогаш не ми наплатиле ама ти прашај си ја сестрата и барај фискална ако сакаат да ти наплатат толку многу
     
  2. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.502
    Пол:
    Женски
    До сега сите брисеви мене ми беа бесплатни вклучително и овие последните, само одев кај матичен тој ми земаше брис и ги носев во микробиологија на државно и таму исто само на шалтер ги предавав без да платам, крвна слика на болница секогаш бесплатно, крвна група исто така, тестовите за хив и сифилис исто бесплатно на болница...штом ти е матичен не би требало да ти наплати толку, можеби само за прегледот и земањето околу 300 денари ама повеќе од 300 немам платено кај матичниот дури и кога правев скрининзи и приска.
     
    На Trpkovska и Knizhevnik11 им се допаѓа ова.
  3. sweetygirl56

    sweetygirl56 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Ми рекоа дека треба да ги однесам во микробиологија и таму исто така да ми земат брис . Исто вчера за преглед,ехо, ми зеде 500 а пишува дека кај матичните е бесплатно.
     
  4. sweetygirl56

    sweetygirl56 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Овој матичен што ми е мене има приватна ординација, но работи со фзо. За таков ми велите , така? Дека треба да биде бесплатен?
     
  5. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.581
    Допаѓања:
    2.505
    Пол:
    Женски
    Се што ќе правиш во бременост на државно е бесплатно. Брисевите секогаш ми ги зема матичен и плаќам околу 300 ден кај него, ама јас одлучувам каде ќе ги носам, на државно ако ги носам не плаќам, пример имам праќано авицена и да околу 3000 денари платив за сите 4 бриса.
     
  6. sweetygirl56

    sweetygirl56 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Аха не знаев, но јас кога прашав за цена ми кажаа веднаш 3000 денари, без да ми дадат опција за да ги однесам јас на државно. И друго прашање имам, во микробиологија земаат крв за што? Бидејќи ми рекоа ти ги земаме брисевите и одиш во микробиологија да те земат крв. Ви благодарам девојки
     
  7. Ane1988

    Ane1988 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2020
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    474
    Пол:
    Женски
    Ако си околу 12-13 недела тогаш најверојатно е за торч јас само за тоа давав крв на микробиологија
     
    На Knizhevnik11 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sweetygirl56

    sweetygirl56 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    За две недели би требало да бидам 9 недела. А на државно каде поточно ги носите брисевите од кај гинекологот? Извинете на прашањата, но не сум многу упатена затоа.
     
  9. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.225
    Допаѓања:
    7.340
    Матичниот мене за прв пат не ми наплати ништо, два пати во бременоста (почеток, и негде на крај) брисевите се бесплатни кај матичен. Дури и секој месец ако сакаш да ги правиш, треба да наплаќа не повеќе од 1000 денари (за стапчињата најчесто) па ти да си ги носиш сама.

    Се носат во Јавно здравје кај Пролече.
    Не разбирам како може да наплаќа 3000 денари без да каже зошто.
    Нека ти земе брисеви и однеси ги сама во Пролече, за 2 дена даваат резултат.
     
    На Knizhevnik11 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Дали торч се испитува по некаква индикација или е дел од рутинските проверки?
     
  11. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.110
    Допаѓања:
    3.862
    Пол:
    Женски
    Мојот матичен наплаќа и се води приватно, можеби и твојот е така. Дали ти е пишан во книшка како матичен? Ако е пишан, е бесплатно, ако не - не прима пациенти преку фонд.
     
  12. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.581
    Допаѓања:
    2.505
    Пол:
    Женски
    Рутински.
     
    На Трепетлика му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sweetygirl56

    sweetygirl56 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Матичниот го сменив сега, но и претходно таа што ми беше пишана во книшка, ми земаше пр. 1000 ден за брис а матична ми беше.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.502
    Пол:
    Женски
    Да исто мојот матичен си има ординација приватна ама работи преку фзо, и ти брисевите ќе си ги однесиш на државно немаш потреба на приватно да трускаш пари за џабе и сестрата треба да те насочи, не да ти вели 3000 денари, освен ако имаат некој договор па да земат процент од лабараторијата каде што те упатува.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sweetygirl56

    sweetygirl56 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Денес повторно се јавив и прашав се што вклучува тоа 3000 ден. и ми кажаа дека тоа било 1000 ден пап тест , 900 ден за кламидија, 250 ден мајчина книшка и доколку било уште нешто друго потребно фаќало се на се 3000 ден.А ми рекоа два брисеви и крв кај матичниот гинеколог не се наплаќало. Јас правев пап тест во октомври пред да останам бремена, ама на приватно па не знам сега дали повторно треба да правам.. И за кламидија ми велат дека било на приватно тоа, немало на државно. И уште едно прашање дали торч тестот е всушност крвта што се зема кај гинекологот или во микробиологија. Фала ви
     
  16. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.581
    Допаѓања:
    2.505
    Пол:
    Женски
    Абе матичен ти е? Еднаш годишно пап се плаќа само партиципација 60 ден, втор пат 600 мислам во циатолаб ако праќат, ако е на др меато може е др цена. Штом си правела ако бил уреден немаш потреба од нов, однеси резултст само. Кламидија преку крв нема на државно мислам, ама кламидија брис на микробиологија за трудници е беаплатно, а преку лрв да 900 ден е ама во бременост зошто би иапитувала кламидија преку крв? Јас бидејќи имав бактерии во бременост 6 пати правев брисеви и ниту еднаш не платив на микробиологија, само кај матичен по 200 за земање на брисевите. Мајчина книшка кај матичен не ми наплатија. Торч се зема крв на микробиологија.
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sweetygirl56

    sweetygirl56 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Матичен ми е да, ама очигледно исто како на приватно да одам, втор матичен ми е и исто за пап тест ми земаат 1000 ден. Сестрата ми рече дека сум можела да одбијам кламидија ама бидејќи ми е прва бременост не знам како одат работите. Ви благодарам многу на одговорите.
     
  18. Marsic

    Marsic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    1.105
    Пол:
    Женски
    Ја како што знам бесплатно е пап тест 1 во годината од матичен лекар. Брисевите однеси си ги во пролече сама и најточни ти се и во авицена се точни нема потреба од толку пари давање. Мене за брис не ми зема пари нели како иде по недели , а ако отидам јас сама ако имам некој проблем ми наплаќа 100 ден , а преглед 300 секогаш ми зима од почеток. Едино што за кламидија немале во пролече до нова година (тоа прашај си не се знае дали ќе имаат и после нова година) ти побарај си упат за авицена поефтино ќе те фати бидејќи јас сега испитував без упат отидов ми наплатија 700 ден.
     
  19. Asher

    Asher Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    A dali so upat od maticen moze da se odnesat brisevi vo avicena ili synlab? I dali bi bilo besplatno kako trudnici ili ?
    Ako dobro te razbrav vo prolece mozat da proverat se (i streptokoka) osven klamidija? Slednava nedela treba da gi pravam poslednite brisevi pa da znam da si planiram.
     
  20. Marsic

    Marsic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    1.105
    Пол:
    Женски
    Со упат ќе ти биде поефтино во авицена не многу а во пролече ти се бесплатни брисевите за стрептокока незнам сеуште немам прсвено некоја членка ако има правено нека ти каже а за кламидија(во пролече) немаат сега бев оваа недела. Тој брис го однесов во авицена ама мене матичниот не ми даде упат за тамо си го платив приватно 700 ден со упат би требало да ти е поефтино за него секој матичен си има договор со различни лабаратории. Мој совет ти е тие брисеви да си ги однесеш во пролече а за кламидија во авицена(со оглед на тоа дека во пролече немаат моментално). Во пролече ти е бесплатно во авицена си плаќаш.
     
    На Asher му/ѝ се допаѓа ова.