Немаш потреба да плаќаш приска на приватно барем според мене направи си ја приската и скринингот на ГАК и оди си плус на приватно каде сакаш сама си се јавуваш и си закажуваш нема врска приватното со твојата матична.
Упатот значи ехо во одреденото време и крв за приска. Јас во исти ден бев на гак и во Систина, 100 пати се покајав што појдов и на гак, испадна лоша приска, па правев нифти, а ехото и на двете места беше супер.
Поубаво си објаснила ехо и крв за приска. Приската е стварно непотребно ама мене не ми даде да не ја правам ..
Здраво девојки, денес правев крвна сликс но сум исплашена за урината. Бремена сум 8-ма недела. Ако може некоја да ми каже што означува делот доста бактерии и леукоцити 250+
Кај мене имаш други параметри,доволно за да испаничам. Се јавив кај што ја правев кс, побарав со доктор да разговарам, ме смири и објасни.наредниот ден отидов да повторам, сега пијам манозе кеднички па пак сум на контрола по празниците. Иако паничам, за се има решение,залудна е паниката и стравот.. @Knizhevnik11 @stsmua05 да закажам попладнето во Систина истиот ден кога ми е терминот на ГАК? Зошто во Систина ми кажаа на инфо дека докторот ќе ми дал параметри за приска ако треба,а јас фактички ќе имам од ГАК, или неменувс тоа? Имам читано дека Димчев преферира преглед во 13 недела,но изгледа сум една понапред од циклусот,барем ко што пишуваше на 3Д од ехо од 17.12- 8w2d, валда тоа значи??
Не менува , таму ќе ги гледаат праметрите од ехо на ГАК можеш друг ден да идеш у Систина секако е твој избор на крај.
Здраво, дали некој може да ми каже што точно се се испитува во третиот трисеместар ? Испитував скриен шеќер во 28ма, и во 34 ми рекоа ќе треба да правам брисеви, и тоа е тоа или има и некои други испитувања ? Колку често се оди на контрола последниот месец ?
Здраво, сакам да прашам за употреба на вагиналети макмирор комплекс и пробаланс лејди, ми ги даде гинекологот бидејќи и кажав дека имам бело прање, а бремена сум деветта недела. Но сеуште не сум започнала со користење , а гледам од вчера ми се намали , па се двоумам дали воопшто да ги почнам кога немам нешто многу обилно. Дали некоја има искуство со ова? Благодарам
Девојки освен втор скриниг и скриен шеќер, кои други испитувања ги правевте? Јас сум 13 недела моментално. Ви благодарам. Исто читам дека некои правеле и испитување за аномалии на срце после вториот скриниг, дали го прават тоа кај матичниот гинеколог или има и во државна болница, конкретно за Битола прашувам.Благодарам
Д димери и микробиолошки брисеви правев, а аномалија на срце се проверува доколку докторот примети нешто на вториот скрининг, не е задолжително испитување.
12та недела правев ТОРЧ, брисеви и прв скрининг 22 недела втор скрининг (кај мене срцето го гледаа детално на вториот скрининг) 26 недела скриен шеќер и д-димери 31 недела трет скрининг 36 недела брисеви И секој месец крвна слика
Zdravo da ve prasam pravev torch test igm mi izleze pozitivno a igg negativno dali moze da ima problem so plodot inaku sum 19 nedela bremena
Немаш igG, тоа е знак дека сега брзо го имаш фатено вирусот или па се работи за грешни резултати. Матичната што вика?