Да јас правев се испитува во 12 или 13 недела гладна и жедна треба да си бар мене гинекологот така ми кажа а и таму ме прашаа истото и резултати имаш за два дена.
Да и првата и оваа бременост со првите брисеви матичниот и тоа ме праќаше да испитам иако ова испитување може и порано да се прави.
Мене матичната ништо не ми спомна па јас сама ја прашав, тогаш ми рече дека ако имало индикации (на пр. Да заостанува плодот) тогаш праќала, ако не не. И не ме прати. Читајќи сега искуства тука може требаше да инсистирам да ми даде ама тоа е сега.
Јас случајно налетав на нет на тестов и мое мослење е дека не е лошо да се направи па дури и без индикации... во понеделник сум на преглед па ќе видам мислење и од лекарката
Мене пак матичниот ми кажа дека брисеви и торч тест се прави после 12 недела за случајно ако има нешто до 12 недела не се прима антибиотик и само паника ќе се направи на државно со упат од матичен гинеколог е без пари за трудници.
Јас го правев заедно со скринингот во 12та недела. Брисеви, торч, приска и скрининг. За торч не платив ништо. За Приска бидејќи нема на државно во мојот град, мораше на приватно некаде околу 4000-4200 денари беше.
Торч и Приска правев на Клиника. Ништо не платив. Резултати имав за 3 -5 дена. Приватното здравствено ми покрива ама мене матичната ми рече тогаш дека Клиника се најточни па таму правев
kazete mi sto e dabl a sto tripl test i dali se toa priska 1 i 2 ili nesto sosema drugo i vo koja nedela se pravat?
А што е торч? Мене никој не ми рече да правам тука, ми земаа крв ама не ми кажаа што ќе испитуваат, јас искрено поим немам што се треба фа испитам, кога имам термин одам, прават што прават, ништо не ти кажуваат што прават, ако има нешто ќе те бараме и толку е, 15та сум, досега не ме побараа за ништо, ама поим немам што испитав што не. Ве читам тука и си викам кој знае дали се што правам е правилно.
Торч е тест за повеќе вируси, мојот гинеколог ми кажа се правел до 10 недела, некои гинеколози воопшто и не го препорачуваат да се направи. Сигурно знаат што прават , уживај
Дали може некој да ми каже во кој број амбуланта се прават скрининзите во бременоста на ГАК, бидејки сестрата на мојата матична е крајно безобраз и ми кажа да сум си сама гледала за термин и да сум и кажала кога ќе има бидејќи таа не можела со нас да се замара и да ни бара термини. Па да видам кога и како има но на Мој термин ми дава по бр.на амбуланта а не знам во која се прави или дали може со преоритетен да се оди на скрининг ??
Ако си со Rh негативен фактор се прима инекција во 26 недела мислам, но претходно мора да испиташ крвна група и да направиш кумсов тест на Трансфузиологија