може да ми објасниш подетално за испитувањата? Што спаѓа во тој пакет? За трансфузиологија од кај се зема упат? Од гинеколог матичен? микробиолошки кафе се прават? Ич не сум упатена за вакви работи и ми е страв малку .
И ако не ти препорачуваат ќе си инсистираш бидејки кај нас така функцуонира тоа. Цел трансфузуолошки пакет ќе си земеш упат од кај матичниот гинеколог. А микробиолошки се прават на микробиологија кај министерство за здраство што е.
Во принцип после прв спонтан не препорачуваат многу детални испитувања освен основните како микробиолошки брисеви кои ќе ти ги земе матичниот гинеколог а ќе си ги однесеше или на микробиологија ( тука е со термини и се чека) а можеш и без термин во институт за јавно здравје или центар за јавно здравје-пролече. Најчесто првиот спонтан го препишуваат на природна селекција. Јас сум за да се направат испитувањата, но навистина ги има многу не само оние трансфузиолошките туку ги има и имунолошки и генетски , ако почнеш се да испитуваш кај е крајот ова ти го велам затоа што спонтан е навистина честа појава за жал и многу од нас го искусиле. За почеток направи си брисеви и торч ( исто се прави на микробиологија или институт за јавно здравје) почекај ги овие резултати па ќе се договориш со гинекологот за понатаму.
Значи микробиолошки, трансфузиологија и пап. А торч што е? Овие испитувања мора само ск да се прават? И дали може во систина да се праваат?
Уф ѓавол ипол во систина само брисевите се околу 4500 , можеш брисеви во било кој град да направиш, исто и пап, трансфизиолошките се исто прескапи на приватно, торч преку крв се прави се испитуваат сегашни и минати антитела на токсоплазма ( ова особено ако чуваш мачки) херпес вирус, рубеола, цитомегало вирус.
Женски сакам да ве прашам откако ме правеа киретажа ми течеше крв 10 дена па престана но еве во последните денови пак ми доаѓа малку крв дали на сабајле или навечер наизменично. Дали и вам ви се случувало истото и дали е тоа знак дека треба да добијам?
Денот кога е правена киретажата се рачуна како прв ден од циклус. Колку време има поминато од киретажата?
Па месец и 3 дена ми помина така да во последните две недели сами малку ми доаѓа крв и поминува, незнам дали се мачи за да ми дојде или нешто друго е
Ми стигнаа резултатите од патологија докторот ми рече дека плодот по нормален пат се испуштило бидејќи тоа се случувало често до 3от месец. Прашањето ми е со оглед на тоа што хормоните ми паднаа на 0 и добив менструација дали да правам испитувања?
Јас немав појма дека треба испитувања ама докторот е таков секаде ме прати тој и микробиолошки и трансфузиологија и хормони и пап. Јас се направив и се беше во ред само Уреаплазма позитивна и ја извлековме со антибиотици. Би ти препорачала се да си испиташ пред да почниш да планираш нова бременост.
Здраво на сите.. Ме интересира дали на некоја од вас и имаат дијаностицирано системско ревматоидно заболување после мисед абортус... зголемени вредности на АНА и АФА, ниско ниво на леукоцити и намалени комплемент Ц3 и Ц4... Загрижена сум како тоа ќе влијае на идна бременост.. дали има некој со таков случај?
Здраво Дали ќе треба нови брисеви,микробилошки и пап правев дента кога дознав дека го изгубив бебето дали ќе треба да правам наново после киратражата.
Ве молам за совет дали е паметно да си ги направам папот и микробиолошките во систина? незнам што да правам, ваму докторката во велес ги прави микробиолошките и ги праќа во авицена после пладне а до пладне во велес.