На трансфузиологија повеќе работи испитај, не само д димери. Да не имаш мутација на некој ген. Кај мене тоа беше причината за спонтан. Исто како тебе првата бременост ја поминав супер, а втората ми заврши со спонтан во 19та недела.Ти посакувам што поскоро да си добиеш бебенце.
Јас 4 год.после пораѓај( зачнато по природен пат) сакав второ дете и се соочив со неплодност. Матичната моја не покажа многу интерес и така поминаа уште две години. После отидов во Ремедика кај др.специјлист кој за многу кратко откри дека проблемот е кај мм. Заради возраста и проблемот одлучивме за ифв и сега сум 15гн. Затоа не се ослонувај само на матичен лекар, ако видиш дека нема многу интерес не си го губи времето. Поздрав
Правев испитување за тромбофилија во МАНУ и испадна дека имам мутација на гените PAI-1 5G/4G, MTHFR C677T, MTRR A66G и MTR A2756G. Дали некоја имала сличен резултат и што понатаму? Благодарам однапред
Понатаму најди добар трансфузиолог за да ти одреди терапија Кај мене беше метилирана фолна, аспирин (пред забременување) во бременост плус клексан
Здраво на сите,и многу се мислев каде да пишам,затоа што мојот пост не знаев во која тема да го ставам,одлучив тука,ако сметаат модераторите дека не е за тука,нека го префрлат. Бев бремена со близнаци,со второ ИВФ, и ги родив за жал предвреме во 25 недела. Душите мои не преживеаа за жал. Од нигде никаде минатата среда,во очи Велигден ми пукна водењакот,скрос ми истече,немаше време ништо да се направи, отворена бев веќе 3 прста кога ме примија на ГАК, ги родив двете живи,едното за пола саат ми почина,другото во саботата. Е сега,затоа што не ми е спонтан, не знам ни јас што ми е целава ситуација,ама од вас кои што го имате поминато моево, ако може да ме упатите што испитувања треба да направам вомпериодов кој ми претстои. Ви благодарам.
Многу ми е жал за тоа што ти се случило. Јас сум имала спонтан во 19 недела, исто ми прсна водењакот. После правев торч, брисеви. Сите резулати дојдоа во ред. После една година родив живо и здраво дете. Обично викаат дека водењакот пука ако има инфекција, но кај мене не се покажа. Ти посакувам во најскоро време да имаш полни раце, некогаш нема објаснување зошто и како.
Ти благодарам на одговорот и подршката. Кај мене се сомневаат дека причината е од инфекција, во отпусното ми стои дефектна плацента, и толку. Во петокот бев на трансфузија кај др. Јани,на редовна контрола,затоа што секој месец испитував ддимери и хемостаза,и беа супер, и од негова страна од трансфузиолошки аспект ми ги пиша испитувањата,ми земаа крв и чекам резултати. Ми спомна да направам испитувања и во МАНУ, и ТОРЧ секако. Сакам пред да се обидувам,да направам детални испитувања,мирна да бидам. Ако ти текнува дека си правела уште некое,кажи ми те молам.
И кај мене во извештајот стоеше плацентарна инсуфициенција, за што после разбрав што значи тоа и дека е нормално за тој период.Од испитувања тоа беше се, а и др.ме советуваше наместо да трагам по причини, да си ја смирам психата. Најверојатно имало некаква инфекција која го воспалила амнионот, но за жал не се покажа на брисевите. Следната бременост ја поминав со често користење на вагиналети ацидосалус, како превенција.
Многу ми е жал што ти се случило ова За секој случај направи ги генетските испитувања во МАНУ за тромбофилија. Една од најчестите причини за спонтани абортуси, предвремено родени деца и слично. Јас имав два пати missed abortion во рана бременост, неодамна открив дека имам мутации на 4 гени. Инаку имам едно 4 годишно синче, а првата бременост не покажа никакви проблеми. За ова испитување на тромбофилија дознав од форумиве, благодарение на феминки сум на чекор до решавање на проблемот. Компликациите од овие работи може да се случат и во поодмината бременост - отповеќе зголемената коагулација на крвта може да направи тромбови и да предизвика крварење во матката, застој во развојот на плодот и слично. Со лесно!
Многу ми е жал..прими мое сочувтво..и јас поминав низ истото во 24та недела..исто со близнаци..Бидејќи сум докторка ќе си земам за право да ти кажам дека причината во најголем број случаи е токму близначката бременост. Просто кажано постои неможност матката доволно да се прошири, се зголемува притисокот, што доведува до попуштање на грлото на матката, скратување и отворање, тоа доведува до инфекција (хориоамнионитис, инфекција на постелката и плодовите обвивки- водењакот), па оттаму и дефектна постелка и пукање на водењакот. Зголемениот притисок во матката провоцира контракции, тие дополнително го скратуваат грлото. Истовремено и инфекцијата предизвукува и инфламација( воспаление) што повторно доведува до контракции, со што магичниот круг се затвора. Дали ти мереа претходно должина на цервикс? Тоа е многу важно, со оглед на тоа дека трансфузиолошките иследувања ти биле уредни.. и да..ова не е спонтан абортус, туку предвремено раѓање.. Држи се, не си сама Еден ден ќе имаме и ние деца на овој свет, а на оној другиот не чекаат ангели..
Eli 25, малку ми е страв, како течеше бременоста? Охрабри ме! Одвај најдов термин за трансфузиологија, за еден месец, крај на јуни. Се надевам се ќе биде во ред. Благодарам на поддршката тебе и на сите феминки, да сте здрави и живи
Devojki imav missed vo Sredata vo 9 +1 g.n.na bebceto mu zapre srcenceto..sto treba da ispitam ve molam kazete mi osven rezhltatite od histopatoloskite analizi