ти откри барем кој е проблемот исто и какви испитувања се наредни јас само пап правев и брис и на трансфузиологија
Па не би кај Милка. Не навлегувам во нејзинта стручност ама дека професорка на факултет, па често има практиканти кај неа, па се учат на тебе она стои до нив и ги потпрашува.... на сет стрес уште куп народ во ординација ти фали?
Мори сеско ами како ќе се научат,ако не на пациенти ај се караме смеа на страна , при вакви случаи подобро нека оде кај др доктор за постручен и подетален преглед , ипак ова ни се стресни ситуации и сакаме се најдобро и детален преглед.
Хаха . Да знаеш како ми беше на Гак кога најмалку десет специјализанти ме гледаа секој ден расчепатена,да видат како 'исчезнува ' плод кој не е во матка при примање на цитостатици
Ја знаеме каква е работат на гинекологот и колку поосетлива ствар е И јас коа одев на ендокринолог куп практиканти имало ама не ми мења ништо, кај гинеколог ми пречи. Сеа јесте треба и тие да научат ама може да ги распоредат поинаку не ко на сцена да си качен и сите погледи во тебе.
Мене ова ми се случи, а сигурно и на сите други Многу лош впечаток ми остави. Си зборуваше со студентите, а ми брцаше студентка и оваа ја фалеше како добро сондата ми ја наместила. Си направија муабет и ништо не ми кажаа што видоа. Кога реков дека ништо не ги разбрав, професорката ми рече дека не ни треба, ова било наука Не ми сметаше да се учат студенти на мене, мора да научат некаде, но можеа барем да ми кажат што виделе Тоа беше мојата прва и последна средба со Трајанова @malooto И јас повеќе Роса ја препорачувам, се' ќе ти даде да испиташ, убаво објаснува, супер е девојката. Во петок е во амбуланта.
И јас сум за Роса. Од ГАК со тие две имам искуство. Меѓу нив две Роса ја бирам. Така добро објаснува и многу е пријатна. Трајанова ми е некако, преизвикано име. Не навлегувам во нејзината стручност ама може колку толку да каже дијагноза, мислење... После лапароскопија мене ми рече ,,маж под тебе и прајте дете'' Toлку. И си излезе. Цимерката ја правеше Роса, докторката влезе и така детално и објасна се што се случувало за време на интервенција, даде мислење, насоки за понатаму. Ептен позитивен впечаток ми остави уште тогаш.
Сакам да прашам за оние кои имале спонтан абортус во второ тромесечие, еве во мојот случај е 19та недела, после колку време ви помина крварењето и кога сте ги започнале испитувањата? Фала многу
Имав исто во 19 недела пред 9 години, ми пукна водењак. После киретажа крварев две недели, на почеток повеќе после по малку. После два месеци правев некои испитувања, причина не најдовме. Прво одмори си ја психата, после ке истражуваш. Многу жалам за тоа што ти се случило, целосно знам низ што поминуваш,но верувај дека после дождот доаѓа сонце. Ке дојде и кај тебе.
Фала @Septemvri, навистина е тешко, но од друга страна имам силна верба дека ќе биде се во ред. Мене она што почна да ме загрижува е тоа што трета недела имам се уште крварење, малку, но го има уште. Веќе закажав преглед, па ќе видиме што ќе каже матичниот.
И јас овој пат имав 2 недели крварење не обилно ама го имав и се исчистив природно ама док ми кажа дека и до 3 недели дае нема гајле но после тоа ако продолжи да одам дами даде капки за да се сопре
Здраво Ели, јас пак со прашање. Дали може да се оди на трансфузиологија кога имаат амбуланта лекариве, а да не биде со мој термин (со упат)? Благодарам однапред
Земи од матичниот гинеколог за хемостаза и димери, па со резултати оди во амбуланта кога е времето за читање резултати, ќе те прими. И ќе ти даде се' да испиташ што не е испитано. Нема приоритетни веќе за Трансфузиологија. Поточно, матичните не може да дадат.
Ако мислиш на овие во државна, да. Приоритетен може да ти дадат, да речеме ако одиш кај Тофоски (пример), па тој да ти даде за Трансфузиологија. Интерни приоритетни мислам дека може.
Да за гинеколозите во државна мислев. Јас досега така правев, за секаде од таму земав приоритетни упати, и веднаш завршував работа. Значи се уште може така. Ти благодарам
Devojki jas pak da prasam nesto .Profesorot kaza deka ne se potrebni dopolnotelni ispotuvanja....Sto mislite vie?