Испитувања после спонтан абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од danichap, 19 октомври 2017.

  1. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.855
    Пол:
    Женски
    Мила и јас го одев овој тежок пат и би те советувала вака.Ќе закажеш кај Др.Митко Ивановски (иако е специјалист за ивф-води и природни бремености),(ако појдеш не значи дека одма ќе бидеш ивф)во систина и кај Др Јани Ангеловски на трансфузиологија на клиника,со сите документи и ќе видиш што понатаму.Едни од најдобрите во Мк.Ти посакувам успех
     
  2. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    4.021
    Ох... Цело ова време како да знаев дека тука има проблем, се надевам дека со добра терапија ке дојдам и јас конечно до бебче. Страв ми е да не се случи пак спонтан...
     
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.191
    Допаѓања:
    124.690
    Не мисли така:) Биди позитивна. Кај мене со правилна терапија беше успешно :l:
     
  4. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    4.855
    Пол:
    Женски
    И кај мене.Бев стегната и јас,но кога добив правилна терапија се опуштив и истерав до крај.:*Што и да шкрипна си велев не се секирај нема да биде беља си имам терапија.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. erika***

    erika*** Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2019
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    жал ми е :(
     
    На Srna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marijamarkoska

    marijamarkoska Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    Девојки дали знаете на институт за хумана генетика како иде кога си со термин брзо се завршува раб или пак се чека?
     
  7. Zuza28

    Zuza28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    473
    Пол:
    Женски
    Многу брзо се завршува. Два, три пати сум била и ептен се и не чекав воопшто, а и многу се фини.
     
    На marijamarkoska му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marijamarkoska

    marijamarkoska Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу, а каде точно се наоѓа?
     
  9. Zuza28

    Zuza28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    473
    Пол:
    Женски
    Самиот институт е некаде во близина на Медицински факултет, најди го на google maps, или на клинички има дирекции, да не те излажан, јас така се водев. Тоа во случај да ти треба разговор со некој доктор.
    А таму каде што боцкаат за крв за испитувања е одвоена зграда, црвена стара, карши инфективно. Таму оди ако имаш упат за боцкање директ.
     
    На marijamarkoska му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marijamarkoska

    marijamarkoska Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2017
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    2.350
    Пол:
    Женски
    имам упат да...се надевам тоа е тоа и ќе се снајдам. Благодарам многу. Поздрав
     
  11. AnaAnaBanana

    AnaAnaBanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Сочуствувам со твојата болка зошто и јас се соочив со истото пред 5 дена... останав бремена со замрзнато ембрионче и бетата од старт беше премала ама уредно си дуплираше и јас бев пресреќна мамичка... исто имам конизација со ампутација на цервикс и во 13 недела морав да ставам трансабдоминален серклаж со царски рез...опоравување скоро месец ама спррмна на се бев за да го родам моето синче...со лежење дома само префрлање од кревет на кревет јас стигнав до 20 недела и 6 дена кога имав некои штрекнувања кои ме плашеа и одма во систина кај адамовска на дежурно направен целосен преглед и пуштена дома со извештај дека серклажот си држи, не сум отворена, вода уредна и нема контракции... душата се смири за само после два дена 21 недела и 1 ден пред легнување мали болки кај бешика и во вц водењакот истече... шок и неверување, паника и во најблиската болница ремедика ми беше кажано дека водењакот е истечен и дека треба да ме хоспитализираат... 21 недела и 5 дена ми направија царски поради абдоминалниот серклаж кон ме држеше затворена и синчето мое замина во рајот... знам низ се што поминуваш и колку си неутешна во моментов, душа боли, а срце скршено, ништо не може да не утеши... кај мене не се знае причината за пукање на водењакот, иако се верува дека е некоја инфекција или бактерија, но чекам резултат од постелката која е пратена на патологија ако воопшто може да покаже поради тоа што 5 дена бебче беше во меше, а мене ме третираа со јаки антибиотици... кај тебе ако причината била скратен цервикс поради конизација јас ти го предлагам трансабдоминалниот серклаж, но никако во бременост, исклучиво пред бременост... ако ти требаат информации слободно пиши ми или ако ти е потребен разговор тука сум, и двете минуваме низ истата болка
     
  12. Srna91

    Srna91 Активен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Kako se ispituva kariotip? Preku krv,dali treba gladen ,zeden ili? Iskustvo?
     
  13. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Преку крв, не мора гладна и жедна.
    Гледајте со мажот во ист ден да закажете термин и истиот ден да дадете крв. Резултати околу 1 месец.
     
  14. Srna91

    Srna91 Активен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Da veke imame zakazano.terminot ni e eden pod drug.

    Drugo sto ispituvavte posle tri spontani abortusi?
     
    Последна измена од модератор: 23 октомври 2019
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.191
    Допаѓања:
    124.690
    Што испита до сега?
     
  16. Zuza28

    Zuza28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    473
    Пол:
    Женски
    хормони, брисеви, торч, хла типизација, фактори на хемостаза, генски мутации, кариотип, витамин д и хомоцистен.
    Правев и хистероскопија поради септум.
    Имав две биохемиски и еден миссед.
    Главно резултатите од испитувањата ми се во ред. Имам мутација MTHFRA1298C и пијам метлирана фолна.
    Пијам и суплементи и се надевам на успешна наредна бременост.
     
    На positive vibes му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Не знам дали бев бремена, циклус претходно ми доцнеше но и друг пат така, па не направив тест ниту имав симптоми. Прокрварив некакво ткиво кое не ми изгледаше вообичаено за менструација не сум сигурна што беше, но се вознемирив и го фрлив. Од тогаш ме мачи, дали кога би ми се случило такво нешто би можела да го однесам некаде на испитување?
     
  18. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    4.021
    Бев кај докторката вчера и да имам мутации, ми рече повеќе се поврзани едни со други. Прво беше како не е толку страшно хетерозигот правел повеќе проблем кај мајки над 30 години, ама ете и јас сум со 2 спонтани. Потоа ми рече дека се поврзани и важни за хранењето на плодот. Ни земаа крв за кариотип и маж ми направи спермограм. Ќе ги чекаме тие резултати и се надевам таму се да биде во ред. Ми препиша метилирана фолна ќе пуштам слика кој знае да ми каже дали се добри и Б- комплекс. Кога ќее дојде до бременост ќе примам клексан инекции. Дали сакаше и второ мислење ми рече да закажам на трансфузиолог кај Др Јани Ангеловски ама многу се чекалоо за термин. Еве слика 20191024_102410.jpg 20191024_102355.jpg
     
  19. Grasiela**

    Grasiela** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2018
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    695
    Пол:
    Женски
    Здраво Софи,дали веќе ја купи фолнава? Дали ја има кај нас, и која е цената? По колку е дозата,зошто гледам 1000мг се. Ке ја пиеш заедно со метилиран б12 или само фолна, прашувам зошто неможам да најдам, а сакам да почнам да ја пијам и јас
     
  20. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Има и во Зегин ваква метилирана фолна, завчера зедов околу 1600 за 90 апчиња.
     
    На Grasiela** му/ѝ се допаѓа ова.