Ги земам заедно за подобра апсорпција на фолната, исто од 1000. Така трансфузиологот ми рече, инаку имам мутација хетерозигот. Се лижат апчињата Б12.
Не верувам... Еве и јас сум со добиено (ми доцнеше 3,4дена) и сега оваа менструација ми е пообилна од предходната и ми паѓаат и доста парченца, ваљда дека доцнеше ми е така. Може да била и некоја циста... Што би ти сменило ако знаеш дека било бременост? Освен ако не си група негатив...
Здраво @Grasiela** еве веќе Оли ти одговорила, јас не ги купив сеуште немаше кај нас во Зегин, ама ми ги порачаа. Бидејќи биле скапи па затоа ги немало, јас сум сепак во помал град. Докторката ми рече по едно дневно од двете плус Б комплекс.
Ќе бидеш покриена со терапија. Јас правев освен тоа што наброја и хла на трансфузија заедно со маж ми и антиспермални антитела испитувавме .
Mila jas bev pokrijana so celosna terapija.aspirin ,impril i progesteroska poddrska.i pak dozievavv sponatan
Da da.imprilot e metilirana folna.i od pocetok koga doznav deka sum bremena vednas pocnav so kleksani
Девојки здраво Со прашање до вас: Дали вие членките што конзумирате Метил фолат дали има штета да се конзумираат подолго време? Да се појаснам мината година во август со резултати готови во ноември правевме испитувања на институтот за имунобиологија и хумана генетика испитување и тамо се покажа дека имам потреба од Метил фолат и клексани од забременување. Со Метил фолат от започнав со конзумирање во декември сеуште го пијам се разбира. Активно работење на случајот од јуни ама сеуште го нема знакот кој ке ме израдува ме боли душата првите три месеци купував тестови и после нив плачев. Ми плаче душата  Не знам како да постапам со велам да исчекам и овој месец какп ке биде па ке видиме што понатаму. Ви благодарам однапред.
Во сосема иста ситуација сме о те разбирам. За фолатот, нема штета, јас го пијам од јуни, од јули - август почнавме со обиди ама еве уште ништо. Инаку имам 2 биохемиски и еден миссед поради трисомија. Имам МТХФР А1298 и отстранив септум во мај. Од нареден месец почнав со терапија со метилот, б12 и б6, а земам и суплементи - цинк, q10, селен, витамин д. Тешко оди, ме фаќа страв да правам тестови ради биохемиските - си викав подобро да не знам ама и со зачнувањево сега е тешко. Не знам за што попрво да се нервирам веќе
@Zuza28 и јас не знам што да кажам да направам ама едно сум сигурна колку повеќе нервоза си ставаме толку повеќе стрес и верувај дека мислата то ест психата влијае 90% во вакви ситуации така ми велеше докторката што и тска е. Што можеме ние со мислата што јаде од нас најдобро е да се исправиме и чекориме храбро и да се соочиме со нештата ка и што се. Кај мене матката е во ред јас имав 2 спонтани и една биохемиска. Мисијата започна 2015 токму 1 месец после нашата свадба. Од мене до тебе побарај ја Проф. Др. Гордана Адамова во Санте Плус-Скопје професионалец во перинатологијата со цела твоја историја појави се чисто на консултации па ти ке си одлучиш што понатаму. За неа ми зборуваа многу пофални зборови блиски луге дека била врвен професионалец. Па ти размисли си и зедно со сопругот одлучете. Ама едно многу битно ние сме ХРАБРИ СИЛНИ И МОЌНИ ДА ЈА ПОСТИГНЕМЕ ЦЕЛТА И ЌЕ УСПЕЕМЕ ВО ТОА. Поздрав и убава вечер
Фала ти мила. Секако ќе стигнеме до целта, порано или подоцна и ќе бидеме прекрасни мајки. Јас од 2017та терам вака и ми изгледа ко вечност, ама ќе дојде и нашето. Фала ти за препораката за доктор, јас во Систина се упатив, кај Ивановски и сум презадоволна. Убав пристап, иако е ивф специјалист. Поздрав и наскоро за убаини да пишуваме
Вчера истото го поминав и јас. Не можам да опишам како ми е, се трудам да бидам добро, но внатре во себе умирам. Прв пат отидовме на ехо да гледаме, бев некаде 11+недела може и 12 не знам. Почна со гледање докторката и рече има нешто што не оди добро. Плодот бил умртвен,рече пред 10тина дена или 2 недели некаде престанал да се развива, да расте. Не се знае од што, вика природно е. И тоа ме исчистија после тоа од де вратив одма вечерта дома. Се надевам дека ќе пребродсм сѐ. Ми кажаа не си само ти има многу исти случаеви, докторката што ме оперираше имала 2 спонтани абортуси, а сега имала ќерка, и тоа е многу случаеви имаше додека бев таму.
Мила биди силна... те разбирам како ти е и само тој што доживеал може да те разбере... јас го изгубив во 21 недела, пред 20 дена и сеуште не можам да прифатам ама нема откажување и еден ден и нас ќе не снајде таа среќа да донесеме на свет здраво бебенце... за жал не има премногу жени кои го доживеале тоа... опорави се од стресот и дај си време па со нови сили повторно да ги видиш двете најубави цртки
Така е мора сега да бидеме најсилни, белег ни останува за цел живот, но здравје ќе имаме пак на што да се радуваме. Сѐ најдобро ти посакувам од срце и тебе и на сите други, на сите жени во светот што минуваат низ сето ова.
@Summerlove@2016 Знам дека не ти е лесно верувај те разбирам многу добро биди силна и исправи се ке дојде денот ВЕРУВАЈЈЈ Од мене до тебе само храбро и главата горе И не се оставај без да направиш испитувања можеби вистина е било прородна селекција но за тебе е најдобро од кога ке помине некој перод еве пример 3-4 месеци да започнеш со испитувања.Имам доживеано два спонтани е една биохемиска бременост. Јас ги правев следниве:ПАП,микробиолошки брисеви,ТОРЧ,уринокилтура кај тебе и сопругот, кариотип кај тебе и сопругот, на институтот за имунобиологија и хумана генетика ке се јавиш со упат и тие знаат што да испитаат во таков случај,тироидната, испитувања за автоимуни забаолувања и матката ја гледаа на ехо и тоа беше најпрвото што ми го правеа за да се види дали матката има правилна форма и сл.мислам дека има испитување и за тоа може ке те упати некоаја од членките за повеќе околу тоа . Кај мене поставена дијагнозата:мутација на МТХФР за шо пијам метил фолат и тромбофилија за тоа мио рекоа клексани од забременување.Тоа е моето искуство.Жално е не има во голем број и различни искуства како што напиша погоре. Не се откажувај од испитувањата од мене совет направи ги ништо не не чини многуу подобро затебе за да знааете на што сте.Од ти посакувам, да остане на природна селекција. Многуу срека и еден ден и ние да се израдуваме за најубавото и најбесценетото нешто во животот. Препораки за доктори:Д-р Симонида Котларова - Попоска (Ре-медика) многууу професионалец и многуу позитивен човек и препорака од блиски Проф.Д-р Гордана Адамова (Санте Плус) Се најдобро ти посакувам