Ти благодарам многу за утехата и поддршката, жал ми е што и ти си поминала низ тоа. Јас пред да останам бремена сум имала проблем со тироидната, премногу лачење, без да знам. Откако правев анализи за крв ми открија, и ме пратија веднаш на ендокринологот, тој ми даде апчиња почнав да ги земам одма. Можеби е од тоа шансите се 50 - 50, што јас лично мислам дека е од тоа. Можеби касно откирв веке бев 1ипол месец 2 месеци бремена кога почнав да ги користам. Тие веќе ќе ги земам цел живот, треба нон стоп на контрола да одам и да ги земам. Сега секако ќе почекам барем 3 месеци пред да одлучиме да останам пак бремена, но секако со контроли прво за се што треба. Инаку фала за препораките, но не живем во Македонија во странство сум. Сѐ најдобро ти посакувам од срце.
Zdravo, mojot slucaj e 1 missed abortus, pa bremenost bez problemi i edno zdravo pravo dete, potoa od koga pocnavme za vtoro dete, tri missed abortusi, prvite dva vo 10 nedela, a posledniot vo 17 nedela. Ispitano PAP, mikrobioloski i torch dosega. Imam upat za krajot na dekemvri za na transfuziologija za kaj Jani Angelovski. Ve molam za mislenje sto drugo da se ispita i koj doktor go preporacuvate za problematicni bremenosti?
Да видиш за дијагностичка хистероскопија. Или ХСГ да направиш Да не имаш некој септум/ преграда случајно да се види . Иако си родила еднаш. Може во меѓувреме нешто се случило
Моја препорака е ХСГ на кое да се види да не имаш септум - преграда во матката која може да се отстрани. Дополнително некои прават испитувања за генетски мутации. И за двете можеш да го прашаш матичниот за подетално инфо. Поз
На 04.11.2019 имав абортус, после тоа нормално имав како менструација траеше некаде 2 недели и неколку дена, сега за прва менструација ми кажаа 1 месец, 1месец и пола, но како да рачунам од тој ден кога имав абортус или од денот кога ми престана исцедокот од абортусот?
Јас добив од денот кога ме исчидтија нс 25 ден точно како ми доаѓа менструацијата,ама не мора дс значи секое тело е различно може и да ти доцне.
Денеска ми е 26ти ден, и добив ама само збунета сум не е крвта светла ептен темна е, не знам што да мислам дали сум добила или уште е од порано. Да напоменам ми прекина пред 1 недела од абортусот немав повеќе ништо... Извини но ете збунета сум..
Ова е многу индивидуално и секоја жена ќе реагира различно. Некоја добива по 2 недели, некоја по 2 месеца. Важно e да не е преобилно крварење и да немаш болки. Ако крварењето престанува и почнува пак, можно е уште да се чисти. Но, иако е темна крвта, ако си тече нормално и ти трае отприлика како и секоја менструација, тогаш многу веројатно дека имаш добиено. Ако имаш редовен циклус ќе си се среди, само треба да имаш стрпливост, а тоа знам, многу е тешко.
Во 10 месеци два спонтани абортуси со киретажи Првиот во 6та недела немаше срцева акција плодот, вториот во 9та blighted ovum. Меѓу двата абортуси пауза од 6месеци Од вториот успеа докторката да спреми материјал за МАНУ за хромозомски абнормалности и резултатите не покажуваат генетски модификации. Неделава бев на контрола и пошо на глава и се качив на докторката да провери дали имам преграда и 4д да направи, не беше сигурна као матката уште не ми била заздравена да сме почекаме за 4д следниот циклус ама како да виде 4 до 5см преграда мала на фундусот, и ме убедуваше и доколку стварно е тоа преграда дека тоа не може да биде причина за спонтаните абортуси. Направив брисеви и Torch и тие се во ред, понеделник закажав на трансфузиогија кај Јани и средина на јануар закажавме Кариотип од МАНУ не советуваа да не правиме затоа што ако имало отстапки ќе се покажеле и кај плодот, ама за секој случај ќе направиме. Без памет сум девојки, колку се штетни киретажите за волку краток период? Како најдобро да испитам за преградата и кај кого да отидам за неа? Совети искуства за понатамошни испитувања
Среќа што ве најдов девојки, многу поучни работи исчитав на темава <3 Инаку докторката во септември ми даде метилфолатна и као три месеци да ги пијам, ама јас веднаш останав. А и во двете бремености бев покриена со утрогестан и пак ништо. Значи јас немам проблем со зачнување, кај мене проблемот е во исхрана и растење на плодот.
Еве сум и јас со тоа искуство и за жал многу не има. Кога ми се случи мислев дека сум единствена, но потоа сфаќаш колку е често. Јас имам 3 неуспешни бремености - две биохемиски и еден миссед, една киретажа. Материјалот го испративме во МАНУ и излезе трисомија 21. Некако им олесна и на докторите бидејќи тоа е случајна грешка но јас не бев мирна и инсистирав на сите испитувања. Се плашев од кариотип, бидејќи лек нема но ете излезе во ред. Од мутации имам хетерозигот МТХФРА1289, пијам метилирана фолна и отстранив септум. Тоа е се што најдовме од мноогуте испитувања. За септумот, некои доктори велат не може да прави проблем во рана бременост, но според некои доколку плодот се вгнезди на септумот нема доволно доток на крв и хранење па може да направи проблем и рано. Мноогу имам читано на темите, но сепак не е доволно истражена проблематика. Многу тешко точно се утврдуваат причините за жал. Шансите за наредна успешна бременост се секако големи но тешко е. Направи си ги испитувањата, продолжи со метилирана фолна, пиј и суплементи - мене докторот ме советуваше за витамин Д, цинк, селен, q10 и/или овунорм. Ништо не можеме повеќе од тоа. Ќе дојде и нашето
Испитај генетски мутации и провери како то ти кажала преграда да не има некоја па да нема место да расте плодот.
За преградата баш ми е чудно, затоа што во 30год два пати годишно сум на редовни контроли и сите ајде раѓај, раѓај топ ти е се. Јас и двата пати кога останав имав така чудни грчеви во стомакот, ама ајде како нормални се. Знам дека ќе дојде, сите ќе сме прекрасни мајки <3
За преграда направи или ХСГ или уште подобро хистероскопија. Некои работи не се гледаат на ехо. Испитувања на Имунологија направи, тироида, хормони, скриен шеќер, кариотип. Тоа ми текнува сега.
Хормони, тироидеа и скриен шеќер правев после првиот пат а и пред првиот мн скоро правев. Ама уште еднаш ќе направам. За хистероскопија ми е страв уште еднаш под анестезија да легнам, страв ми е шо и веќе во 10 месеци два пати завршив со киретажи, како што разбрав така се прави, ама размислувам за магнет на матка. Кариотип средина на јануар имам термин. На имунологуја шо се испитува?
Е па ХСГ направи, тоа е без анестезија, ќе се види формата на матката и дали има нешто што пречи. На Имунологија мутации и ХЛА типизација со мажот може да направите, ќе се види дали имате поклопување на гени.