fala mnogu za otgovorot ❤️ Dali moze da bide pricina chlamida za abort zosto jas nemav nikakvi simtomi porano , ni bolki brizovite mi bea se vo red bebeto isto taka , samo na ednas pocna krvarenjeto zabrsiv u klinik tamu mi kazal deka imam Otkinuvanje na placenta i nisto ne moze da se prai , mi zema brizovi i pose abort posle edna nedela gi zemv brizovite i chlamida bese pozitiven
Плацентата може да се откине од многу причини , меѓу кои е и инфекцијата на матката . Што значи дека можеби е од Кламидијата. Ама сепак мислам дека треба да се консултираш со гинекологот, мислам дека треба да ти објасни подетално , сепак се работи за здравје ! ❤️
Кога правевте хемостаза, што точно проверивте од овие подолу наведените? -PT-Протромбинско време -Trombotest -Активирано парцијално тромбопластинско време -TT-Тромбинско време Д-димери. ??????
Све се проверува фактори на хемостаза,д димери, генетски испитувања(меѓу кои и најважни се) и присуство на ана и афа
Сите овие наведениве треба да ги проверам, значи? И каде проверуваше? Јас сакам приватно, Авицена или Адриалаб, некаде, ако имате искуство да споделите.
Во Хемолаб имаш пакет хемостаза, димери, крвна слика и мислење од трансфузиолог за 2200 денари. Е ана и афа се поскапи на приватно. Можеш и во Ремедика, Систина да испиташ.
Тоа е супер цена, ама дали во тоа влегува и испитување за тромбофилија? И кажи ми дали се закажува сето тоа и во Хемолаб и во Систина/Ремедика?
Само хемостаза (времиња на коагулација, тоа што имаш спомнато погоре), димери, крвна слика и мислење влегуваат во таа цена. Се јавуваш, закажуваш, на пола саат им се термините, нема гужва. Ова за Хемолаб. За Ремедика и за Систина најдобро е да се јавиш на контакт центарот и да прашаш, таму не сум испитувала.
Државно на трансфузиологија...цел пакет пишуваше дека кошта 14 000 јас платив само 1250 за хемостаза ги даваат одма резултатите, а за тромбофилија да се испиташ дали имаш тие се тие генетски испитувања се чекаат 10 работни дена(бидејќи имало процедура) а на приватно ако ги правиш знам јас за лупус за да испитам во Синлаб беше 2000 само едно генетско испитување,а другите си се плус. Секако најефтино ти е државно. Иди на државно прво ако испадне некоја мутација ако сакаш можеш и на приватно да си ја испиташ зашто вака ѓавол и пол ќе те фати
Ми треба упат за државно, така? А матичната не ми работи сега и нема како да земам упат, и ме фаќа нервоза да идам приватно да испитам сама! Значи за тромбофилија треба посебен друг тест, да се направи или тоа е тоа истото?
Да упат треба и за тромбофилија се испитува со генските мутации дали имаш или немаш а со хемостазата се следат времињата дали имаш потреба од клексани али ова повеќе го гледаат за бремени жени
Дакам да направам зс тромбофилија, зошто пред година дена ми се појавуваа модрици по нозете, па имав и високи тромбоцити, па не знам дали ова има некаква врска, не знам што да мислам веќе.
@thelittle17 Оди кај замената од матичниот ако не ти работи сега матичниот. Па можеби ќе успееш да земеш упат, не знам сега со ситуацијава дали даваат упати за Трансфузиологија. Инаку многу скапо ќе те чини мутации ако испитуваш на приватно. На Трансфузиологија со едно земање крв ќе ти испитаат сè и поевтино ќе поминеш. Јас имам височки тромбоцити, а немам модрици по телото. Но треба да си направиш испитувања.
Не работи заради Корона вирусов, нема како дс земам упат, ми кажа само преку телефон да одам да испитам преку крв за кламидија, она тврди дека не ми требаат други испитувања ама јас на своја рака сакам да ги испитам.
Ајде јас пак на темава, правев на приватно тест преку крв за кламидија, сите три igA, igG i igM, сите ми се негативни, а на брис пред 2 месеци, ми покажа присуство на кламидија, матичната ми кажа дека тестот преку крв е најсигурен за кламидија, ми кажа да си продолжам со витамините и плус да земам и витамин Е, па кога ќе отвори повторно да одам на преглед, да направам и хемостаза, иако она упорно тврди дека немало потреба, ама по моја желба ќе направиме, некој друг со вакво искуство да има? И колку ви има помогнато витаминот Е?
Имам пишувано во темата, имав спонтан абортус во ноември, бев на гинеколог во декември само ме гледаше на ехо и рече да идам на преглед во март, но знаете поради ситуацијата со вирусот не можев па бев дури денес. Разговаравме и рече да закажам за хистероскопија. Прашањето ми е дали треба и нешто друго, секако докторот знае најдобро, но бидејќи гледам овде и некоои други испитувања имате правено, дали прво правевте хистероскопија па после друго ако има потреба или како оди тоа, дали кај секоја е различно? Може е малку глупаво прашањето, но ме интересира би сакала да знам тие што за жал поминале низ ова.
Мислам дека прво треба, хормони и микробиолошки брисеви да ти даде да испиташ, па потоа останатите како хемостаза, хистероскопија, торч, итн. А и ме знам зошто од ноември, тек сега ти прават испитувања.
Не живеам во Македонија, во странство сум. Бев во декември тогаш само ме виде на ехо и рече најдобро да поминат 3 месеци па да почнам со некои испитувања, не знам ни јас ептен сум збунета. Читајќи ги сите ваши одговори, мислења се повеќе се нервирам. За хормоните, во бременоста открив дека имам проблем со тироидната(една од можната причина за абортусот). Не знам што да кажам, секој ден се повеќе сум збунета и загрижена, докторот е вистина добар, директор е ем на гинекологија, ептен се разбира, тоа малку ме смирува.
До сега со многу жени, што имам правено муабет, веднаш после првата мемструација, од спонтан абортус, почнуваат со испитувања, ама ете можеби така треба кај тебе. За проблем со хормони, треба да ти препише некои апчиња, да имаш терапија од неколку месеци, па тек после кога се ќе се стабилизира, да мислиш на следен обид за бебе. Се надевам се ќе излезе во најдобар ред.