Уште кога дознав дека сум бремена и дека го имам проблем со тироидната почнав со терапија, сега за сега е нормализирано. Докторот рече дека откако ќе направам хистероскопија и во зависност од резултатите ќе ни каже кога да почнеме со обид. Се надевам и јас на добри резултати, едвај чекам да го направам и тој преглед да сум помирна. Ти благодарам за одговорот.
zdravo devojki , da ve prasam nesto zemav brizovi , streptococcus B mi e pozitivno sega dali e nesto strasno , ili ne citav preku interent citam deka ne e strasno
Девојки. Генски мутации после спонтан каде испитавте (не сум од Скопје). Од каде земавте упат и дали има врска на кој ден се испитува?
Нема врска кај се испитува можеш и на имунологија и трансфузиологија може и општ матичен да ти даде упат и гинеколог, само ради ситуацијава сега не знам дали закажуваат термини
Јас имав мисед и до сега испитав: микробиолошки, пап(и ти ке треба тие да ги направиш секако), торч и хормонски и секако продолжувам со другите испитувања. Нека каже некој што имал спонтан што друго треба да испиташ. Јас од форумов се упатувам за испитувања и од голема помош ми се многу. Ти посакувам што побрзо успешна бременост. Кога имаше спонтан и на колку недели?
За микробиолошки и пап знам, утре имам закажано кај матичната, па сакав да видам од прилика што испитуваат другите за да знам што од прилика да барам од матичната упат и јас. Секако планирав хормони и мутации на трансфузиологија, ама сега ситуацијата е таква калва што е па ме интересира кои се опциите за тие испитувања на приватно? Ти каде ги правеше хормоните и торч? Што друго планираш да испиташ и кај? Иначе јас имав спонтам пред месец ипол, во 6/7 недела, сега ми заврши првиот циклус и сакам што побрзо да испитам се што треба зашто ги осекам ко терет. Фала што поскоро успепна бременост и кај тебе.
@MissWitch Торчот заедно со брисовите во микробиолошка лабораторија а хормонските во медицинска биохемија. За хормоните било убаво да се почека барем еден циклус заради тоа што можело и пореметување да има од спонтаниот да се стабилизират барем мене така ме подучија како сакаш ти. Планирам генски мутации да испитам ама прво би одела на консултација со специјалист со резултатите бидејке хормонските не ми се во ред. Ако те интересира нешто прашувај. Колку знаеме ке ти кажеме. А за на приватно ти е скапо. Инсистирај и на матичната за упати да ти дава. И јас мака мачам со неа нон стоп ама упорност мора за добар резултат и бебушки во рацеИнаку не сум од Скопје и нема гужва овде во болница.
@Tinka1234 и јас имав еден мисед, ги направив овие основните испитувања, како што си пишала, брисеви, ТОРЧ, пап и хормони, и матерјалот од киретажата беше даден на испитување во МАНУ. На брисевите испадна уреаплазма, а киретажата покажа дека плодот имал трисомија 22. Дали ги доби резултатите од киретажата?
Не мила барем така ми викат на гинекологија докторката што ми правеше киретажа. Си реков и заради ситуацијата да закаснат 1 месец плус еден ама 3 месеци ке направи до 09.06. И да стигнал ке пишело така требало да биде. Каде да го побарам резултатот на друго место?
И мене ми стигна после 3 месеци, и тоа во 2016 година, така да изгледа ништо не се сменило од тогаш во однос на ова. ЈАс редовно се јавував кај докторот, на две недели да прашам, но кога стигна резултатот, тој ми се јави. Потоа само бев да си го земам листот.
Па ќе отвараш на мој термин, ќе видиш кога има слободно и ќе бараш да ти закаже матичната. Јас за многу испитувања така правев, но се беше во време пред корона. Сега не знам како е, или јавувај се по телефон. Генетските се многу скапи на приватно. искрено не се исплати толку пари да се даваат за тоа... Како е сега уствари за закажување? ај се надевам дека ќе заврши коронава наскоро...
Пробај на бројот да се јавиш, порано не се закажуваше преку мој термин, сега не знам како е, некоја ако правела во поскоро време нека пише која е процедурата.
Ве молам за искуства со гинеколози, кој гинеколог би го препорачале во вакви случаеви. Јас имам 4 спонтани абортуси, направено многу испитувања, посетени ми се Митко Ивановски Систина и Таше Плодност, двајцата ми даваат многу различни терапии при следна бременост, па сакам и трето мислење од многу добар доктор кој се бави со оваа проблематика.
Најпрво жал ми е многуи од се срце ти посакувам следна успешна бременост. Јас би ти го препорачала Др. Владимир Трајковски од Њуборн клиник.
Јас и пред првата бременост и со двеве успешни бремености одам кај Хаџи Лега во Ремедика. Кога гледаа сите полип, тој кажа дека нема. Подоцна и хистероскопијата покажа дека нема. Владимир Трајковски во Њу Борн исто го препорачувам, уште кога беше на клиника ме насочи да испитам тироидна и излезе дека сум Хашимото. Трансфузиолог исто ти препорачувам да посетиш. Јани Ангеловски е одличен во таа област. И на имунологија да испиташ генетски мутации. Така дознав дека сум МТХФР хомозигот и дека треба трасфузиолог да ми ја следи бременоста. Во случај како твојот, не е доволен само гинеколог, туку тим експерти од својата област.Се надевам ти помогнав. Среќно ☺
Фала ви, и јас се мислам за Владимир Трајковски, треба и хистероскопија да правам,, па гледам во New born е најевтина од приватните клиники, па ке се закажам за кај него, инаку посетени ми се и Јани и Петличковски на трансфузиологија, направени ми се сите испитувања што ми ги препорачаја докторите, но ете со резултатите сепак ми даваат различни терапии за следна бременост и јас не знам кој да слушам, не можам да одлучам такво нешто сама, затоа сакам и трето мислење, иако сметсм дека двата доктори се меѓу најстручните, ама ете....