Здраво женски сакам да прашам околу трисомијата на 22 хромозом? Имав една бременост и 8+4 престана срцева акција, и од Ману резултатот беше трисомија на 22 хромозом. Матичниот ми рече дека е природна селекција и некако не обрна ме внимание, само ми рече дека е добро што забременува(природно-тогаш имав 37 год). После тоа скоро година дена се обидуваме и на полни 38 год направивме инсеминација, успешна со близнаци, срцева акција на двете. Но на полна 9+4 немаше повеќе срцева акција ни на двете. Само што ги земавме резултатите од Ману, истата мутација беше на резултатот, трисомија на 22 хромозом. Чекаме термин на ГАК за кариотип, а во меѓувреме чекам резултати за Тромбофилија и Хомоцистеин. Ама од докторката во Ману рече клучни ќе бидат од кариотипот. Прашањето ми е каква терапија ти препишаа за трисомија на 22 хромозом.Благодарна на секој одговор
За жал терапија за хромозоми не постои. Како што ви рекла докторката, сега е важно да испитате кароотип. Тој резултат ќе ви покаже дали има причина, односно хромозомаки проблем во вашите кариотипови со сопругот па се случуваат повторувачки абортуси од оваа причина. Доколку има проблем, не дај боже, терапија нема, но сепак, иако шансите за плодови со хромозомска грешка се поголеми, големи се и шансите за генетски нормален плод. Имавме таква членка на форумот, каде резултатот од кариотипот беше лош, но по два спонтани, си роди здрава права ќеркичка. Обично во овие случаеви советот на докторите е да се продолжи со обиди или има опција ин витро со ПДГ метода испитување на хромозомите на ембрионите, која тука кај нас се уште ја нема, па се праќа материјалот надвор. Сепак кај вас може да се работи за стварно лоша среќа и лош квалитет на јајце клетки и не значи дека ќе се повтори. Јас имав две биохемиски и еден спонтан поради трисомија 21. Кариотип испадна добар, направив и мноогу други испитувања, прочитај ме наназад имам пишувано. Четвртата бременост ми беше успешна. Знам колку е тешко, колку изгледа све невозможно, но мој совет е, направи испитувања, најди доктор на кој му веруваш и кој ќе те води низ исшитувањата и верувај во себе. Ќе дојде и твоето. Жалам многу, знам како ти е , сочувствувам, но сигурно ќе успеете. Само верба.
@Zuza28 Ти благодарам за исрцпниот одговор, ќе го споделам секако моето искуство, со сите собрани испитувања, благодарам за охрабрувањето
Zdravo, dali ima nekoja iskustvo so missed posle invitro postapka. Dali napravivte nov transfer? Sto pravevte porazlicnl vo noviot transfer? Kakvi ispituvanja? I dali uspeavte?
Направив мила генетски за тромбофилија, имунилошките на имунологија, Б витамин, Д витамин, појачан клексан, скречинг пред трансфер… и испадна негативно бета. Едноставно нема правила
Можеби досега си направила ама во случај да не си да знаеш дека има пуштено термини за кариотип Закажи си со време
Пап,брисеви,торч,кариотип,тромбофилија,генетски мутации,хсг,хормони и по вториот спонтан хистероскопија.
Направив торч и испадна позитивно на рубеола игм. Некој да не имал слично искуство? Читам на интернет дека игм покажува дека во моментот е присутен вирусот. Вакцина за рубеола знам дека имам примено.
Ако имаш можност направи со вредности и за игГ. Чим си вакцинирана би требало да имаш игГ макар и во мали количини, а тоа доведува до големи шанси игМ да се лажно позитивни. Со испитување на авидитет на игГ ќе знаеш кога отприлика си се заразила, само не знам дали тоа важи за рубеола.
Има некоја со вакви мутации да сподели што користи? За сега пред бременост ми препорачаа Аспирин 100 преку еден ден и метилирана фолна, бидејќи не ми рекоа од колку зедов од 400. Д-димери и хемостаза се во границите на референтните вредности.
Не. Торч е испитување за токсоплазна, рубеола, цмв и херпес (сите овие вируси можат да доведат до спонтан ако се закачат во почетокот на бременоста и ретко даваат симптоми). Токсоплазмата од сите животни може да ја пренесат само мачките, а се фаќа и од неизмиено овошје, зеленчук, загадена земја, неубаво обработено месо и сувомеснати производи. Другите вируси во торчот немаат врска со мачки. По правило треба да се направи пред планирана бременост ама кај нас после спонтан. Искрено, јас прв пат слушнав за торч после спонтаниот, а убаво е да се направи и онака, чисто да си информиран за себе. Јас освен херпес сите сум ги прележала, за рубеола сум вакцинирана како и повеќето. Со овој торч дознав дека пред 6 месеци сум ја фатила токсоплазмата, ама според докторите спонтаниот не го предизвикала она, затоа што сум ја фатила пред да останам трудна и сметаат дека кога сум останала сум имала веќе антитела за одбрана од вирусот.
И јас ја имав прележано токсоплазма, ама ете втората бременост никаков проблем немав, а првата заврши во 9та недела, миссед абортус, имам пишено 2018та во темава.