Здраво дали некоја правела испитувања во приватна клиника и во која? И кој доктор според ваши искуства е најдобар? Моментално делам иста судбина со вас.Не сум во Мк па сакам да направам испитувања кога ке се вратам. Ве гушкам сите
Испитајте вродена тромбофилија на клиниката за имунологија и стекната на трансфузиологија само да знаеш оти на приватно тие се скапи испитувања и се прават само на тие две клиники а и на МАНУ се испитува вродена тромбофилија јас ако сакаш ќе ти дадам бр да си прашаш на имунологија да се јавеш и да си прашаш колку ќе те коштаат тие испитувања на приватно и огтт тест со инсулинемија и витамин д да испиташ на клиниката за ендокринологија
Zdravo devojki na 28 Noemvri pravevme Kareotip denes mu se javile od bolnica na soprugot da go odnese negoviot tatko da mu zemat krv da napravele sporedba dali ima nekoja vakvo iskustvo i poradi koja pricina zemaat krv i od tatkomu na masmi
Имам закажано на интернист за проверка на тироидната. Правев лани се беше ок ама сега сакам пак со се сите хормони за тироидна. 1 прашање, ако жи даде упат за хормони (за тироида само, гинеколошки не( дали има врска гладна, сита? Дали интернист дава упат за испитување витамин Д на државно?
Нема врска дали си јадена или не. И јас лани правев, после вториот пак.Се мислам дали и другите хормони да ги испитам пак, ти испитуваше пак пролактин, естроген...? За Д витамин не знам кој дава упат, јас на приватно испитував.
Здраво дечки, ќе ве молам за одговор, кои испитувања дополнително ги направивте после спонтан абортус. Две години не можев да останам бремена, а се’ што испитав се’ беше во ред. На крај останав со 4 инсеминација, пиев кломифен и ставав гел кринон. Во 10 недела заврши со спонтан, без крварење, немаше срцева реакција. Од позитивен тест до последниот ден ставав фраксипарин дека имам генетски мутации. Што дополнително да испитам? Имам уреден пап и микробиолошки брисеви. Од хормони испитани FSH, LH, LH/FSH, ESTRADIOL, PROGESTERON, TESTOSTERON, и тиоридни хормони TSH и FT4, сите во ред. ХСГ направено, проодни туби. Имав септум, правев хистероскопија сега е отстранет, матка во супер форма. Кариотип во ред. ДНА фрагментација исто во ред. МАР тест во ред. Спермограми и спермокултура секогаш во ред. Да не пропуштам нешто во испитувањата? Докториве немаат конкретен одговор зошто бременоста завршила со спонтан, се случувало во прво тромесечие и било многу често. И се позитивни дека штом еднаш сум останала бремена ќе останам скоро пак. Ама ете мене ми е страв не сакам да одам на случајност, сакам ако има уште нешто што пропуштам и тоа да го испитам. Ви благодарам.
Имаш пишано дека останало без срцева акција што ова е мисед абортус. А ти кажуваш дека си имала спонтан абортус ова значи дека од кога се случил мисед сама се имаш исчистено?
Не ни знаев дека има разлика најискрено, мене се’ ми е спонтан абортус… отидов онака кај матичен у 10 недела и немаше срцева реакција, престанало да се развива во 8 недела, според димензиите. Крварење ниту болки немав, наредниот ден ме направија киретажа.
Тоа е веќе друго. Ти имаш проблем со мисед, ама ти веќе викаш дека ти дале клексани, од кој ден почна да ги примаш и кои мутации ги имаш. Дали направи и ддимери и хемостаза и кога?
4 + недела бев кога отидов на преглед, тоа беше од прилика 3-4 дена после позитивен тест. Од денот на прегледот почнав со фраксипарин, ддимери испитав истиот ден, беа покачени. Од мутации имам Хетерозиготност во F5, FGB, MTHFR 1298, MTRR, PAI-1, и хомозиготност во F13.
Мислам дека можеби подобро ќе ти делува клексанот, ама сепак консултација со трансфузиолог. Можеби сега ќе ти дадат пред позитивен тест иако го избегаваат ова ама можеби кај тебе вака ќе делува. Аспирин пред бременост не ти дадоа?
Консултирај го Јани. Дали пиеше аспирин, метилиран б12 и метил фолат? Фраксипаринот мислам дека е послаб од Клексанот и е друга генерика. Можеби треба да се проба со Клексан. @Bebetoo има искуство за успешна бременост со 2 клексани на ден само не знам кои мутации ги имала, ако сака може да сподели.
Пиев аспирин, ми го прекинаа, почна да ми тече крв од носот. Аспиринот ми го прекинаа ми течеше крв од носот, метил фолат и метилиран б12 пиев…