Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Испитувања после спонтан абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од danichap, 19 октомври 2017.

  1. Bluefish99

    Bluefish99 Активен член

    Се зачлени на:
    14 април 2023
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,
    Ве молам дали може некој да ми каже кои се испитување се добри да се направат после спонтан абортус. Имав спонтан абортус во 6та недела сама го исфрлив плодот ова ми е прва бременост.
     
  2. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    1.211
    Пол:
    Женски
    Јас имав 2 исти такви.. некој ги води како спонтан поради високо бета хцг кое нагло падна и прокрварев и исчистив сама други како биохемиска бременост бидејќи не беше стигнато да се види на ехо. Исто во 5-6 недела беа. Јас правев хормони (на клиника), имунолошки (трансфузиологија), торч, витамин Д, генетски мутации тромбофилија (овие сите ги правев во авицена) и на крај за да бидам со сите резултати односно да се назначи дека имам мутации поради кој беа тие два спонтани направив и кариотип (во систина бидејќи државна имаше термин за мене за 2 месеца а за сопругот тек за 5 месеца и резултати беа готови за од 1 до 3 месеца па искрено не ми се чекаше и за двајцата се опрчивме во систина 12.000 денари). Кај мене се установи дека имам 3 мутации за кој треба од позитивен тест да примам клексани. Пиев метил фолат 1000, метил б12 и аспирин секој втор ден додека пробувавме повторно (тоа беше 1месец) наредниот месец кога требаше да добијам јас бев трудна продолжив да пијам се освен аспиринот кој го заменив со клексан секој ден и еве веќе до нас лежи едно бебуле од скоро 7 месеца :inlove: мој совет направи тромбофилија прво од мое друштво бевме сите 3 другарки со тромбофилија јас со спонтани другите две со крварења дури едната со серклаж заврши. Со среќа и само позитивно ќе биде се :hug:
     
    На Ladyme, Bebence29, Ani93 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Portokalce_1998

    Portokalce_1998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2018
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво, прва бременост ми е 13 недела и испадна дека плодот мора да се извади.
    Упатена сум за генетска анализа на абортивен материјал во МАНУ.
    Ако може да ми кажете точно каде се влегува за да се однесе материјалот и дали некоја знае колку време има рок одкако ќе се извади за да се однесе