Здраво После колку време од киретажа може да се прават испитувања за тромбофилија и генетски мутации, дали да чекам прва менструација да ми помине или може и пред тоа? Инаку киретажа ми правеа на 6ти април, бидејќи плодот немаше срцева реакција, а менструација сеуште немам добиено.
Ние правевме на гак, за тебе матичен гинеколог дава упат а за партнерот матичен општ лекар. Се сеќавам само дека беше малце потешко да се најде термин, и резултати многу чекавме нас може се на се да не фати скоро 4 месеци. Некаде по форумов сум прочитала дека може и по приватниве клиники ама е доста поскапо ама побрзо тука беше околу 700-800 ден.
Имав два спонтани абортуси, еден по друг, срценцето и во двата случаеви престанува да чука во 7ма недела никаква индикација за абортус болки или крварење но сепак два пати истото се случува, пред втората бременост испитав antinuklearni antitela, anti fosfolipidni i lupus antitela( ANA, AFA, LA) исто така, ПАП тест и микробиолошки се уредно. Што би требало да се испита според ваше искуство и каде би било најдобро?
Здраво, дали може да ми кажете која метилирана фолна ја пиевте и б12? И јас имам два спонтани , прва бременост супер,.. испитав после спонтаните тромбофилија, имам некои мутации хетерозиготни, меѓу кои и мтфхр. Благодарам
Здраво , за хистерескопија дали има некој информација на Гак дали се чека долго време за термин, колку цената и дали истиот ден се оди дома? Исто ме интересира дали имате информација по приватните која е цената? Благодарам
Здарво Второ инвитро прво со позитивна бета но немаше срцева реакција остана со димензии за 6 недела а јас 8 недела бев по правило. Примав циклогест x2 и клексан 0.4 еднаш во денот. Со медакаментозен абортус од денес пијам капки, што и кога да почнам со испитувања. Имаме направено кариотип за двајцата во ред, јас имам генетски панел за тромбофилија само гинеколог го има видено и ништо ми нема кажано.
Благодарам. А колку време ја пиевте пред да забремените? Дали со мутациите треба да се пие одредено време пред забременување?
Да, ја пиев неколку месеци пред да забременам, не се сеќавам добро, но околу 3 месеци. Најубаво е да се посоветуваш со докторот кој те води. Секое добро