Ако може сите што имаат информации на темата да пишат. Значи кај се полага колку чини... Гледам на страната на Институт за овластени ревизори пишува 9200 за секој дел. Гледам има две нивоа со неколку дела, дали се мисли по ниво таа цена или за секој дел посебно затоа што се многу така. И од каде може да добиеме материјали. А да, и кои услови треба да ги имаш за да полагаш испит за ревизор. Благодарам многу. И ако има некој што полагал може да каже свое искуство.
Лицата треба да ги поседуваат следните квалификации: Завршено високо образование во областа на економските и/или правните науки. Претходно релевантно академско или професионално искуство од областа. Во досегашното практично искуство да ги исполнуваат етичките и професионалните стандарди (доверливост, објективност и професионално однесување). 1. Материјалите кои треба да се ажурираат се однесуваат на делот Законска регулатива на испитот за стекнување звање ревизор, согласно Програмата за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор (http://www.iorrm.org.mk/ispit.html). 2. Материјалите кои треба да се преведат од англиски јазик се однесуваат на деловите Ревизија 1, Ревизија 2, Финансиско сметководство и Финансиско известување, на испитот за стекнување звање ревизор, согласно Програмата за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор (http://www.iorrm.org.mk/ispit.html).
Ова е за луѓе кои треба да ги ревидираат материјалите за полагање, а не за тие што сакаат да го полагаат испитот. Зарем нема некој ревизор на форумот да ни каже кои услови се бараат за полагање на испитот?
Здраво, Јас имам 2 годишно искуство во ревизорска фирма. Дали исполнувам услови за полагање на испитот или треба повеќе години да поминат. Бидејќи како што јас знам дека овластен ревизор можам да бидам после 5 години работно искуство. Ви благодарам
Да, можеш да полагаш. Со самото тоа што имаш завршено Економски факултет/Правен, можеш да полагаш. Стекнуваш звање ревизор, но за овластен ревизор ти требаат 2 год. работно искуство во ревизорска куќа, но тоа откако ќе ги положиш испитите.