1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исповедта на една акушерка (Дајен Чемберлен)

Дискусија во 'Книги' започната од meredith, 20 јануари 2012.

  1. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Книгава ја зедов ко на шала. Во библиотека немаше ниедна од тие јас што ги барав, и се изнервирав ја видов оваа, и ја зедов. Насловот ми изгледаше примамвило. Другарките мислеа дека се шегувам кога видоја која книга сум ја зела. Но, книгава е полна со изненадувања, јас не ни очекував дека ќе биде толку интересна. Додека ја читате книгата ќе се запрашате дали некогаш би сакале да откриете тајна која никогаш не требала да биде откриена, дали би сакале да прочитате писмо кое никогаш не требало да биде прочитано и дали би знаеле да се соочите со последиците од тоа?
    Ноел, Тара и Емерсон веќе долги години се најдобри пријателки и ги делат сите свои тајни, барем веруваа дека е така.
    Тара е прекрасна жена која го изгубила својот сопруг Сем и останала да живее со својата ќерка Грејс, која за неа е целосен странец со кој само го дели својот дом. Емерсон има совршен живот - го има својот сопруг Тед и својата ќерка Џени.
    Ноел нема свое семејство, освен мајка ѝ, која е сместена во старечки дом и која всушност и не е нејзината биолошка мајка. Таа е акушерка, но веќе неколку години не се занимава со својата професија.
    Тајните од минатото започнуваат да се откриваат со ненадејното самоубиство на Ноел. Помеѓу нејзините работи Емерсон пронаоѓа едно недовршено писмо адресирано до Ана, во кое Ноел признава дека при едно пораѓање во несреќен случај убила бебе и од болницата во која била Ана го земала нејзиното штотуку родено бебе, но притоа ја известува дека нејзината ќерка е во добро семејство и добро се грижат за неа. Тара и Емерсон се згрозени од суровата вистина за нивната пријателка која мислеле дека добро ја познаваат. Тука во приказната се појавува и Ана која долги години тагува по своето исчезнато бебе, а нејзината втора ќерка Хејли се бори за својот живот. Кое е всушност исчезнатото бебе на Ана?
    Тајните од минатото се откриваат, но за да ги дознаете ќе морате да го прочитате ова преубаво дело кое мене многу ми се допадна и верувам дека нема да ве остави рамнодушни.
     
    На praski4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.881
    Одлична книга, мене ми остави преубав впечаток. Не пропуштајте да ја прочитате.
     
  3. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.147
    Интересна е, само што од средината натаму знаев како ќе заврши.
     
  4. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Кога беше попустот од матица ептен се запнав како пијана да ја купам и наеднаш се премислив... сакав повеќе впечатоци да прочитам и ништо од тоа...ја баталив некако :(
     
  5. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав ова лето. Ми ја препорачаа. Не очекував дека би ме заинтересирала на почетокот, но ова е нешто феноменално. Ме воодушеви. :)
     
  6. Butterfly14

    Butterfly14 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    456
    Прво ја прочитав Загубената ќерка од истата авторка и потоа барав друга од неа.. летото на одмор ја најдов на попуст, ја купив веднаш почнав да ја читам.. Предобра книга! Мистерии, неизвесност.. повеќе ми се допадна оваа од првата.. штета што само овие две се преведени
     
  7. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.028
    Допаѓања:
    4.761
    Пол:
    Женски
    Дали ја има некој оваа книга во електронска форма на македонски или српски?
    Ако ја имате ве молам пратете ми ја во лп.
    Поздрав!
     
  8. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Баба ми ја читаше и памтам ми рече кога ќе потпорасниш да ја прочитав.Влевам во библиотека и онака викам дајде ми нешто интересно и ми ја дадоа...Тие 400тини страници во еден здив отидоа.Колку пресврти,навистина интересна книга :)
     
  9. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    На листата на читање ми е подолго време ама никако да ја начекам во библиотека.
     
  10. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Преубава книга и приказна :)
     
    На Legadema му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Legadema

    Legadema Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    интересна приказна лани летото ја читав , топло ја препорачувам