Исповед

Дискусија во 'Религија' започната од Pla4ka, 26 јануари 2010.

  1. Pla4ka

    Pla4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    124
    Дали некогаш сте се исповедале кај свештено лице и доколку почуствувате дека треба да го сторите тоа каде би се исповедале кај поп или кај монах?
     
    На Таа Сум и melnicanecot им се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.711
    Никогаш не сум се исповедала и можеби малку е глупаво, но никогаш не би отишла на исповед. Поарно би и се „исповедала„ на некоја моја ептен блиска и доверлива личност, на мајка ми на пример.
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pla4ka

    Pla4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    124
    И јас не сум се исповедала досега а најголем проблем ми е тоа како да отидам и да речам јас сакам да се исповедам ама едно знам тоа нема да биде кај поп сметам дека тоа им е професија за разлика од монасите кои се преодредиле на таков живот од која причина да не навлегуваме .
     
  4. magic

    magic Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    И јас не би се исповедала, затоа што не верувам дека кај нас можеш да се исповедаш така слободно како на филмовите (или можеби така е во странство). Не им верувам многу на поповите од лични причини. Кај монах можеби, не знам. Кај нас мислам дека луѓето не одат на исповед, затоа што сите имаме или пријатели на кои секојдневно им се исповедуваме или родители. Во другите земји луѓето се малку поладни и со пријателите и со родителите, затоа што се посамостојни и најчесто живеат настрана од нивните родители, па кога им е тешко мораат да кажат на некого и одат на исповед.
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LaFille

    LaFille Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    51
    Се исповедам само на Господ, а на блиските пријатели и на мајка ми и брат ми им се доверувам. Да признаеме дека сепак постојат работи кои никому не би му ги кажале. Барем јас имам работи за коишто само Господ знае. Колку и да имаме доверба во пријателите или пак родителите, сепак се случува понекогаш таа доверба да ја злоупотребат. Можеби не родителите, но пријателите...А знам дека на Господ можам да Му верувам.
     
    На meckicka и aerodrom им се допаѓа ова.
  6. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    jas dosega ne sum bila na ispoved,a i neznam mislam deka bi mi bilo sram,na nekoe nepoznato lice da mu gi otkrivam svoite najdlaboki tajni..,a bi trebalo,ubavo e da se otide na ispoved,i koga se posti neli,pred da se pricestis treba da se ispovedas prvo.a i na popovite toe im e rabota neli da te soslusaat,da te ispovedaat,ama stoznam nekako mi e sram..
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.365
    Допаѓања:
    36.962
    Јас еве две години си го постам цел велигденски пост, ама никогаш не сум била на исповед пред причест. Не знам ни колку е изводливо да најдеш поп што ќе те ислуша. Можеш само да се изначекаш. И поповите не се веќе тоа што биле. Се е тоа сега само бизнис. Се е за пари. Сите што во денешно време одат да се образуваат за попови го прават тоа зашто во тој бизнис има најмногу пари.
     
  8. kristin4e

    kristin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    111
    Убаво го кажа ова дека поповите не се тоа што биле,ама изгледа времето си го прави своето па така и ние христијаните не сме она што сме биле.Еве на пример одењето во црква стана некако протоколарно и го изгуби своето вистинско значење.Дојде Божик или Велигден и сите ќе појдат ќе запалат по една свеќа и ај пријатно..Ретко кој слуша миса(освен некои баби и по некој дедо залутан),а за исповед да не зборам...
    Е сега и мене не ми е познато како може да се изведе чинот на исповедта,ама како што спомна ти погоре убаво би било пред причест сите со списоците со грвови во раце(и со покајание во срцето) право кај дедо попе на исповед... :lol: :lol: :lol:
     
    На PetraPanka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    69
    Вистина е дека се е за пари. Имам 2 попа во фамилија и поради нив не ми се верува ни во црквата. Пустош направија. Единствено верувам во Господ и се молам. Кога ми е тешко си велам Господе помогни ми :)
     
  10. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.463
    Исповедта е многу важна за духовното здравје на човекот. Сите сме грешни, кој помалце кој повеќе.
    Духовникот (свештеник или монах) всушност претставува посредник меѓу вас и Бог (преку молитви, свети тајни..).
    Наше е да ги сфатиме нашите гревови, да бидеме свесни за тоа и да се покаеме вистински, да ја победеме внатрешната гордост и тоа да го искажеме. Духовникот не смее да ги (пре)кажува вашите исповеди (бидете сигурни).
     
    На Таа Сум, presiosaP, ribce27 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.334
    Пол:
    Женски
    Јас сум хистијанка , знам дека кај католиците се практикува исповед ама кај христијаните незнам :?: Освен тоа убаво си го имаме форумов, на кој што му лежи на душичката нека си каже, ке му олесни, ќе добие совет. :D
    Мене не ми треба посредник за да си се помолам на Господ, што демек свештениците со врски се кај Господ, денес се е политика па и свештениците исто така. Ги почитувам ама не им верувам ,па тие се најголеми грешници, се за пари прават.
     
  12. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.463
    ^ значит да знаеш дека освен кај католиците и ние православните се исповедаме...

    За довербата во свештениците тоа е индивидуална работа... како сакате.. ете постојат и монаси..
     
  13. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    221
    Јас па мислев дека тоа е само кај католиците :oops: Некогаш имам преголема желба на некој да се исповедам,баш на свештено лице,ама некако кај нас ми е некако чудно,како што спомена некој,не е како што гледаме на филмовите :roll:
    Ама си одм на црква,еве пред нова година си постев,и кога одам на црква искрено се каам за грешките што ги имам направено,а тоа мислам и дека најважно,зашто џабе е ако се само велиме дека се каеме а не го мислиме тоа,и пак продолжуваме да ги правиме истите грешки...
     
  14. Braveheart

    Braveheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    88
    Не сум почуваствувала потреба да се исповедам пред свештено лице, едноставно навикната сум некои работи да ги зачувувам само за себе.Не постои некој што знае се за мене, освен Господ.
     
  15. LoOnyD

    LoOnyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    379
    Пол:
    Женски
    Во последнава година слушам дека некои попови (прави верници) на оние, на кои им се духовници, им наложуваат да се исповедаат пред да ја примат Светата Причест и тоа ми се допаѓа ама сепак мислам дека во нашево поднебје народот не е сеуште спремен за исповед ни пред своите ближни а камоли пред некој друг! Почнувам од себе :|.
     
  16. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    60
    da se ispovedam...hm :?: :?: definitivno vo kafana so litar vino bidejki neli vo vinoto e vistinata :rofl: ;) :D
     
  17. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    68
    Не сум се исповедала до сега, но незнам, можеби и би го направила тоа. До сега не сум почуствувала дека имам потреба од такво нешто, редовно си одам во црква и таму си кажувам се што ми лежи на душичката :) А и незнам како оди тоа со исповедите, каде се случува тоа, кај кого треба да се обратиме? Незнам ништо за тоа како оди со исповедите, но би отишла некогаш, зашто да не?! Позз :*
     
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.675
    До сега се немам исповедано,меѓутоа сум во план да го направам тоа колку можам побрзо.Мислам дека секој човек има нешто што му тежи на душата и треба да го искаже некаде за да му биде полесно.
    Не е ништо страшно и секој грев што ќе му го кажете на Свештеното лице ќе остане помеѓу вас и да му кажете дека сте убиле човек не смее да каже бидејќи ќе го расчинат.
     
  19. sweetybaby

    sweetybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Се исповедам, мојот духовник е монах. Секој човек би требало да се исповеда, лично се чувствував многу поубаво откако се исповедав. Мој совет за оние кои не се исповедале, а планираат е да не се плашат и да не се срамат од својот духовник(свештеното лице кое ве исповеда) бидејќи оној пред кого би требало да се срамите е Бог, а тој се гледа. Со исповеста само ја добивате прошката од Бог. Не е работата појди во црква, помоли се и гревовите ти се простени, Бог ги простува гревовите при исповед и причест(личност смее да се причести доколку е исповедана). Најдобро пред прва исповед е да ги запишете своите гревови на лист ;)
     
    На kuc, Таа Сум и Olenka им се допаѓа ова.
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.287
    pa kaj nas nema bas neli prostor za ispoved,ama sega skoro ednas si bevme so drugarka vo soborna,kaj eden pop vo kancelarija,i se kazvme sto ne maci,ne islusa ubavo i duri bev iznenadena od nacinot na koj ni zborese i ne islusa,kako da ne e pop,tuku obicen covek sto mnogu mi se dopadna