1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исповед

Дискусија во 'Религија' започната од Pla4ka, 26 јануари 2010.

  1. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Читам дека на повеќето од вас им е срам да се исповедаат на некој свештеник или монах,од причина што не го познаваат.Кај мене беше тоа тотално небитно,јас само сакав да излезам од агонијата што ја проживував преку Божјата милост.Сакав да сум поблиска до Бог,да се исповедам постам и да се Причестувам.Имам духовник,и воопшто не ми е срам кога му кажувам за моите гревови.И свесни и несвесни.Господ се видел што сум направила и помислила,зошто би ми било срам од некого и да признаам пред него и да се покајам искрено?Повеќе се срамам пред Бога него од некој си човек кој му служи нему :)
     
    На Ana.brojka, IRBBB, Tory и 8 други им се допаѓа ова.
  2. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.060
    Допаѓања:
    81.648
    Пол:
    Женски
    Многу убаво кажано ,само ретко денешниве луѓе сваќаат дека свештеникот е само посредник измеѓу нас и Господ и дека само тој може да ја прочита таа разрешителна молитва.
     
    На Rama, sonuvana, Shalitra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Колку долго треба да се задржиме на прва исповед? Дали се навлегува во некој ситници или да раскажуваме поопширно? Прочитав дека може и гревовите да се запишат на лист, за време на исповед ги читаш , некако ова со листот не ми е јасно. Што и како треба?
    Кој може нека пише искуство или важни работи што треба да се знат и на што да внимаваме, за да не згрешиме.
    Јас лично многу брзам за да кажам се и на крај ќе заборавам се :doh:.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.835
    Допаѓања:
    2.073
    За тие штт биле дали, ако идам прв пат можам одма кај свештеникот ако е слободен и колку време трае тоа?
     
  5. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    На kuc, Rama и La.loca им се допаѓа ова.
  6. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    531
    Ќе прашаш кој свештеник е слободен, нема определено време, зборуваш онолку колку што ти е потребно да го исповедаш она за кое што си дошол.
    Јас ги имав запишано на лист кратко и јасно сите работи кои сакав да ги кажам.Во меѓувреме попот може да те посоветува и да разговара со тебе за оние работи кои ги исповедаш.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски

    Пред да се исповедаш треба добро да размислиш за оние нешта кои ти лично сама си свесна дека си погрешила некаде односно си сторила грев.Втора работа и грешните помисли ги исповедаме не само делата.Кога се исповеда гревот што го сторил човекот,не треба да се навлегува во ситници и детаљи,а особено е важно да не го осудуваме оној што не соблазнил или да се оправдуваме себеси бранејќи се на пример " другарка ми е себична,и јас поради тоа не и помогнав кога имаше математика тест" глуп пример ама сакам да ја разбереш поентата.Треба вистински да доживееме во срцето покајание,пред Бога да ни биде скрушено срцето за да испросиме од него милост и разрешување на гревот,а не само чисто провизорно да се исповедаме.Треба да се покаеме и да чувствуваме вина за тој грев,за да преку исповед Бог ни прости и помилува
     
    На IRBBB, Rama и La.loca им се допаѓа ова.
  8. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам :)
     
    На Rama и Shalitra им се допаѓа ова.
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    За да се исповедаш треба да си имаш личен Духовник, не може денес кај еден поп, а утре кај друг, значи размисли добро каде сакаш, одиш во Црква и ќе разговараш со тој што ќе го избереш, и можеш да се задржиш онолку колку што имаш да кажеш, односно да исповедаш :)
    Натаму за се што ќе те мачи можеш да си разговараш со духовникот, односно тоа ти доаѓа една врста како психолог, да си ја олесниш психата, и да бидеш "на чисто" пред Господ кој ионака ја знае секоја наша мисла и секое наше дело....

    @La.loca Се согласувам со @Shalitra , за време на исповед треба да зборуваш само во твое лично име, без да спомнеш некој друг, односно без да обвиниш друг за нешто кое те повредило....
    Пожелно е да се сетиш на се што си направила погрешно, секоја мисла и дело да ги исповедаш, за да покајанието и прошката бидат целосни.
    Ти посакувам да поминеш со лесно, не се срами и не се плаши од попот кај кој ќе се исповедаш, тој е само наш "посредник" за време на исповедта, чувствувај се најнормално, исто како дома да се молиш или исповедаш пред Господ, бидејќи ионака Тој ги знае сите наши сторени мисли и дела.
     
    На IRBBB, kuc, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  10. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    @Rama фала ти многу :)
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.835
    Допаѓања:
    2.073
    Фала на информација.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Брошурата од католици е преземена? Оти нејадење месо во петок се споменува, а католиците не јадат месо во петок.
     
  13. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    И православните не јадат месо во среда и во петок.Брошурата е од мпц.
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Па не јадат ни млеко ни јајца. А католиците не јадат само месо, и тоа само во петок. ;)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Мислев дека си запознаена со православниот живот,и знаеш дека ни православните не јадат нити месо,ниту млечни производи и јајца односно постат. Конкретно брошурата е од митрополитот Методиј амерички.
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Па тоа реков де, православните не јадат месо, млеко и јајца, што се вика пост кај нас. Во среда и петок. Брошурата вика нејадење месо во петок. Католиците не јадат месо во петок, ама јадат млеко и јајца (се вика немрс). Затоа прашав, дали некој ја презел од католички, па не ја прилагодил?
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Shalitra

    Shalitra Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Мислам дека се работи за грешка,сметале дека се подразбира :)
     
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.760
    Допаѓања:
    37.869
    Пол:
    Женски
    Тебе ти треба психијатар, а не поп, вака ми личи дека имаш депресија па нема да е лошо да разговараш со стручно лице.
     
    На Tan4ence, ЕденЧлен, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Не си ја замарај душата со исповеди.
    Универзумот разбира и без да му кажеш.
    Запознај се, прифати се себеси и живеј слободно.
     
    На Mantub и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Ете тоа се делата на демоните. Прво ни прават да се срамиме од своите гревови, а после не` тераат да очајуваме за тоа што не сме се исповедале темелно. Доколку чувствуваш грижа на совеста, појди и исповедај се повторно, нема потреба да очајуваш. Бог е милостив и на сите ни проштева. Он и` прости на света Марија Египетска, која беше голема блудница. Му прости на разбојникот кој до Христа беше распнат на крст. И` прости и на евангелската блудница, откако и` заповеда да не греши повеќе. Му прости и на цариникот, кој слично како денешните извршители ги поткопуваше домовите на сиромасите откако самиот цариник вети, дека се` што неправедно зел четворно ќе го врати. На сите ни проштева Бог, ако искрено се покаеме и гревот го исповедаме пред свештеникот. Само имај в предвид, дека не само блудот е смртен грев и одењето по гатачи и бајачи исто така е смртен грев. Ако си одела, престани да одиш.
    Господ не ги кренал рацете од тебе, туку сама се предаваш. Читај ги светите евангелија кога си во вакви состојби. Не заборавај и да се молиш на утро и на вечер. Силни се молитвите кои ги има во молитвеникот. Од молитвите и од читањето на светото Евангелие најмногу се плашат паднатите ангели - ѓаволите.
    Најбитно од се`: Радувај се! Христос се раѓа, да славиме, Христос Кој ни доаѓа од Небесата, да го пречекаме!
     
    На Касија, christinnn, marija305 и 5 други им се допаѓа ова.