1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исповед

Дискусија во 'Религија' започната од Pla4ka, 26 јануари 2010.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Психата ќе те јаде се додека не посетиш психолог. Не е воопшто срамота да се упатиш кај стручно лице, како што не е срамота при секој друг здравствен проблем да се обратиш кај докторот. Исто е.
    Немој да губиш време со такви простачки работи демони, ангели, миси, исповести и др тралалајки, кои само ќе ти ја замајуваат психата но нема и да те излечат. На погрешна врата чукаш.
     
    На Amellie13, Lianna Anna, Alisa22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    @nora mora ако толку ти тежи нешто на душата, еве напиши овде и ќе ти олесни
     
  3. nora mora

    nora mora Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2019
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Kazav blud, nemoral pod toa mislev deka sum i zalapala licnost od mojot pol
     
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Тоа не е неморал и блуд.
     
    На joy1, Alisa22, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  5. nora mora

    nora mora Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2019
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Ami? Da ne se sekiram?
     
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Тоа си е твоја интимна работа и никој нема право да се меша во ничија приватност.
    Да правиш нешто штетно по окружувањето и по општеството, па да ти суди некој.
    Вака....твој живот - твоја работа.
    Зошто да имаш толкава грижа на совест за нешто што веќе е сторено ?!
    Можеш сама да си размислуваш на таа тема и да извлекуваш поуки за понатака, ама дека до толку треба да се обвинуваш , мислам дека не треба.

    Секој од нас, некој повеќе, некој помалку имаат скршнато од вистинската патека.Секој за себе си знае.
    Затоа ти пишав, ако сметаш дека ќе ти олесни, напиши си, анонимна си.
    Може ќе ,,падне,, некој совет од некој напатен, некое обвинување од светица и така...важно, ќе видиш дека не треба да се прогонуваш сама себе.
     
    На 1209, Lianna Anna, Ordinary и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Ете токму ова го прави религијата. Страв парализирачки и вина.
    Девојко, Бог во кој веруваш нели веруваш дека е апсолутна љубов? И да го навредуваш Бог можеш ли да навредиш апсолутна љубов и свесност? Ништо не можеш да направиш за да го повредиш Бог. Ако он така лесно се повредувал. Зошто му даваш толку голема моќ на отецот? Не си кажала се, леле голема работа. Опушти се и биди свесна што ти направила религијата. Од Бог никогаш не доаѓаат чувства на вина и страв. Моли си се и уживај.
     
    На Amellie13, 1209, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    @nora mora, уште кога спомна блуд знаев дека не се работи за ништо објективно лошо и дека те јадат наметнати религиски правила од конзервативен аспект.
    Не си направила апсолутно ништо неморално и никаков грев, не треба ни да се каеш, ни да се менуваш, а најмалку вака да се измачуваш.
    Совршено нормална си дури и да имаш и понатаму привлечност кон жени, не само ова што ти се случило еден момент на страст. Батали ги проповедниците овде, и овој погоре и неговиот протестантски еквивалент, а и поповите, и најди си некое трезвено, прогресивно стручно лице за анксиозноста која ти се развила.

    Ете заради ова религиските стеги немаат и не треба да имаат место во животот на младите. Не се упропастувајте вака, ве молам!
     
    На Amellie13, Tan4ence, Asparagus и 5 други им се допаѓа ова.
  9. nora mora

    nora mora Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2019
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    vejke bev i mu kazav deka sum gresela od toj aspekt, normalno nemozam da kazuvam sitnici so i kako, ama deka se kaam i sum placela i sve!
    Mi rece vo red e mlada si, so si napravila napravila i gotovo, na decata kako tebe im e prosteno rece!
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.044
    Допаѓања:
    6.653
    Пол:
    Женски
    Иди на психолог. Ќе ти помогне. Не е ништо страшно одењето таму.
    Сметам дека погрешно е тоа читај библија, или оди во црква за да ти помине. Не е погрешно одењето во црква или читањето библија, но за да го решиш проблемот треба да идеш на психолог. Вака се вртиш во круг.
     
    На Lostinparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Епа сестричке, штом ти простил свештеникот, веројатно владиката, во името на Господа Иисуса Христа, се` друго што ти се случува е замка на паднатите духови - ѓаволите. Исправи ја главата, тоа што си го направила е простено исто како да не се случило. Немој да мислиш повеќе на тоа. Било, поминало. Се` е простено, ако повеќе не ги повториш тие гревови.
     
  12. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    79.281
    И твојот духовен водач не е ништо поразличен од тебе.И он е обичен смртник како и ти.Сите сме еднакви пред Бога.Твојот духовен водач е само службеник,слично на тетката у пошта,која ако не знаеш да пополниш уплатница,ќе ти каже како.Тука е да те подучи на некои работи,за и околу религијата,не треба без потребно да правиш идол од обичен смртник.
    Крај краева Бог е ЉУБОВ.
     
    На Shalitra му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Држи го умот твој во адот и не очајувај му рече Бог на еден монах.
    Кога ќе ти се појави таква мисла тоес предлог од демонот односно гревовна мисла веднаш задушија со Исусовата Молитва која гласи "Господи Исусе Христе Сине Божји помилуј ме мене Грешниот/грешната".
    Кажи си ја во себе молитвата Богородице Дево Радувај се.
    Бидејки по нејзиното пречисто, пресвето и преблагословено а воедно и преславно име,ние грешните наоѓаме милост пред Бога по Нејзините деноноќно непрекинати молитви.

    Оди на Исповед пак, прочитај Библија и се што те погодува и се чувствуваш виновно забележи го и исповедај го, моли го Бога да ти даде Покајнички солзи од кои не треба да се срамиме туку да благодариме. Бидејки Исповедта без Покајание не е исцелителна.

    Кога ќе ти се појаве било каква лоша мисла сети се на она крцкање со забите и на оганот што го има во Пеколот.

    Остај ги психолозите и психијатрите тие сами на себе неможат да си помогнат а не па на некој друг. И остави ги оние погоре што ти напишале да се прифатеш како таква и да си живееш така, тоа што тие го зборуваат не е исправно (иако гордоста не им дава да го кажат тоа или се крајно заслепени).
    Со самото исповедање гревот односно неговиот корен се суши.
    Бдеј т.е чувај си го умот и срцето од неисправни мисли, бидејки гревот се појавува секогаш како мисла потоа како збор и дело на крај, а доколку го повторуваш истиот тој станува страст.

    Некој спомна Вера кај младите не, епа затоа гледаме колку долго одат браковите, какви трауми трпат децата, како се однесуваат истите, пијанство и наркоманија насекаде, коцкање и тепачки, уште непрозборило а пцуе и да не набројувам повеќе бидејки возрасни сте и се надевам имате очи, иако ни требат и духовни очи на сите нам.

    Ова не е наменето само затебе туку за сите, бидејки бев сведок како еден познаник што го познавав се избори со победа над Депресијата ( а типот имаше и самоубиствени помисли-ете каде води очајот) благодарение на Господ. А сега се обидува да го поправи и неговиот живот на ист начин, со Господова помош. Џабе му беја сите разговори со психолози.

    Било што да помислиш или кажеш или стореш сети се дека Бог гледа, и не плаши се од тој поглед, бидејки Бог е љубов (а љубовта не е Бог да не се бунеме) и Бог е Светлина, како што светлината е добра за телото и Оваа светлина е добра за душата!
    Најмногу да пазеш е да не осудуваш и да судиш, бидејки и ти ќе бидеш осуден/а. Вели со каква мерка мерите со таква и ќе ви се мери. И пред следната исповед простете и ги гревовите (неправдите) што ви ги нанеле вашите пријатели, родители, роднините и секако неправдите на Нашиот БЛИЖЕН! Оти вика прости ни ги гревовите наши како што ние им ги простуваме на нашите должници, и вели простете за и Отецот Небесен да ви ги прости вашите гревови.


    Сега за крај очекувам исмејување, фраерство и "интересни" зборови против тие што веруваат за повеќе лајкови и слава. Но да ви кажам дека и јас самиот беше атеист до пред некое време. Не сум запознат со темата за религија мислам за Православието па затоа нека објасни некој подуховен човек или направи муабет со некој пријател/ка верник ова што го пишав е само дел од случки што му се случија на мојот пријател од таму нешто научив. И тој беше неверник и си го "живееше" животот па фала му на Бога се освести он а покрај него и јас колку толку.
    Да додадам нема ништо срамно и лошо во верувањето Во Господ. Мој познаници кои што се директори, Магистри и други луѓе веруваат во Бог и ми беше многу смешно напочеток.

    До првокаторите: не планирам да дебатирам со провокатори и сосила да убедувам некој во нешто.
    Нема грев кој не може да биде простен, тоа е само самоубиството крајниот резултат на очајот.

    Останете поздравени и простете ако ве навредив вас присутните и читателите.
     
    На kuc, La.loca, Shalitra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. nora mora

    nora mora Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2019
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    so treba da se samoubivaa lujde.
    Neli bog prostuva
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Велам дека имаше пријателот самоубиствени помисли како резултат на очајот - депресијата.

    Бог не простува самоубиство бидејки ти сам себе си си' пресудил и си се ставил на местото на Господ праведниот судија како што велат.

    А и послем самоубиство дали имаш време да се покаеш? Па Бог да ти опрости?

    Затоа Самоубиството е неопростлив грев така јас сум запознат.
     
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Проштева Бог! Ако не проштеваше тешко нам. Да се пазиме од претерани монашки приказни.
    Да се вратиме на евангелието, кое вели: оди и не греши веќе.
     
    На kuc, La.loca и nora mora им се допаѓа ова.
  17. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Да не се залажуваме, подалеку од самоубиствени помисли, тоа е целта на ѓаволот, да те турне во очај да не веруваш во љубовта на Господ и да речеш нема спас за мене и да си пресудиш со смрт.
    Очајот е еднакво кога смрта чука на вратата. Не очајувај.

    Едит: сигурно грешка ме сваќате, гревовите се опростливи, со помош на покајание и исповед, но Самоубиството неможе да се опрости бидејки ти веќе неможеш да се покаеш. Зарем Мачениците Господови требаше да се самоубијат пред да ги палеа живи, ги фрлаа во вода со мраз и ги бесеа? Со "цел да се спасат"?

    Господ ги љуби грешните оти и самиот рече дека дошол да ги повика грешниците на покајание.

    Така да и твојот грев е опростлив. Но важно е на Исповедта вината да не ја прифрлаш на други да речеш тој таа ме убеди вака онака. Едноставно јас сум крив/а
     
    Последна измена: 29 ноември 2019
    На kuc и Orthophill им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Грев и блуд не постојат, тоа се наметнати концепти. Постојат неетички постапки кои вклучуваат повредување други луѓе. Тоа што правиш со сопственото тело, од љубов и страст, може да биде погрешно и неетички само ако изневеруваш партнер во врска или свесно се вклучуваш во афера со изневерувач, што не е случајот.
    Девојката не е никаква „грешница“. Да не бил црвот на религиозниве измишљотини во неа, ништо од ова немало да ја мачи. Религијата е буквално причина за нејзиниот немир, непотребна вина и измачување.
    А ти со сите небулози што ги изнапиша си опасен/на и штетен/на по нејзиното и менталното здравје на сите ранливи луѓе што те читаат, исто како што антиваксери се штетни по физичкото здравје на деца.
    Како може атеист да „еволуира“ во ова е beyond me. Страшно...
     
    На nora mora, Amellie13, lovestoneddd и 3 други им се допаѓа ова.
  19. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Се случија некои работи на моја кожа и од примерот со мојот познаник кој што ми вли страв во коски.
    Напротив јас не кажав ништо лошо што може да и наштети ами самата вели дека се чувствува недобро па и кажувам ако и дојде некоја таква "идеја" да не ја прифаќа ниту како мисла.

    Друго што е овде страшно? Тоа што Бунтовник човек како мене се труди да стане човек, што посакува да има нормално и здраво семејство?
    Ти од тоа се плашиш?

    Мислеш дека Господ Бог те ограничува во животот? Ти забранува семејство? Пари? Накит? Куќи? Пријатели...?

    Не, се ти е допуштено но не ти е се корисно. Имаш слободна волја. Бираш живот наспроти смрт.

    И напротив неа не ја мачи религијата туку нека се радува оти Бог и се открил, си ја сватила грешката и сака да се поправи и да стане нормална личност, што утре ќе биде причина за среќа на нејзините блиски и на нејзините деца. А за грешни сите сме не само таа. Бог ги сака повеќе покајниците оние што се каат отколку гордите "праведници".

    И не ја враќајте од патот, бидејки јас верувам дека таа ќе стане сопруга, ќерка, мајка за пример.

    Баш поради големиот круг на познаници што го имам од авион се гледа дека оние луѓе што го почитуваат законот на Господ се исполнети со мир и разбирање и љубов кон сите луѓе не само во семејниот круг. А доста од нив беа верници уште во тешкиот живот кога трпеја за леб и пак не се откажаа и покрај искушението наречено сиромаштија. Еве сега се радувам оти се едни од повлијателните луѓе овде и добитници на разни награди и признанија. Но велат прво тражи го Царството небесно а се потоа ќе си дојде и ќе се умножи. Пази немаа леб а пак веруваа во Бога.
    А за страсти те молам не ми зборувај, ти здобиј се со некоја страст па тогаш ќе видеме. Во љубовта нема страст. Каде што е љубовта дозволено е да се љуби жената и мажот а не да се биде со неа /него поради страст. Љубовта не е само секс и правење деца туку и пожртвуваност. Гледаме поради убавина што се земаат колку одат долго тие бракови. Не е само да се има добри нозе, гради, задници за да ми биде жена или обратно.

    Така да девојката ја има поддршката и верувам дека ќе и биде подобро. И не ја учете да биде рамнодушна кон гревот, туку потикнувајте се на борба кон нашите недостатоци, ако сме мрзливи да се трудевме на работа, ако сме пијаници да се трудевме на воздражание, воздражание од се што може да наштети на нас и на нашите сакани. Бидејќи Бог вели дека оној што нема да го земе крстот свој и не тргне по Неего не е достоен за Него. Да ги земеме нашите недостатоци и црното да го направиме Бело. И самиот Господ вели дојди и ќе те направам по бел и од снегот. Не ја знаете среќата и чувство послем исповедта, тоес покајанието.

    До Администраторот ако мисли дека ова што го пишувам е опасно нека избрише се и нека ме банира засекогаш. Нема да се лутам.

    Ќе почнеме да бегаме од темата за Исповед во сосем трето.

    Него охрабрете ја неа и сите други. А не демек било ете страшно, глупости. Иако и јас истото го велев додека бев атеист.
    Девојко ти со Божја помош ќе бидеш добра и среќна остави ги тие што ти велат да се прифатиш како таква. Немој, бори се и ќе бидеш среќна!

    Како што вели првиот псалм патот Безбожнички води кон Погибел/ќе пропадне видов и чув.
    Атеизам=пропаст

    Едит: лошо е да се чита Библија? Ма немој.
    Лошо е да се чита и да се толкува како што ќе ни текне по наша волја. Таа е доста метафорично кажана каде што и е потврдено кога апостолите го прашаа Исуса Зошто зборува во парабола.
    Од тоа лошо толкување на Библијата испаднаа и сектите.
     
    На Ana.brojka, afrodita94, kuc и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Да еве гледам, откако станав атеист не можам ракијава и цигариве да ги оставам никако, и јетра и све ми откажа од тој пуст атеизам...;( Дури ни глисер од 150 000 евра не можам да возам, плаќам даноци знаеш, хехе:)

    А да знаеш какви све верници познавам што во домот и колата повеќе икони имаат отколку атоми на кислород, а на социјални мрежи се ситат на смрт и насилство.

    Уште кога ти го прочитав никот сфатив зашто си дошол. И знам дека нема да те убедам во моето зашто толку ти се границите. Али едно ќе ти речам - пази какви совети даваш и какви зборови употребуваш на осетливи теми како депресија, абортус или пак секс пред брак. Усвари воопшто не треба ни да те засегаат темиве.
     
    На Alisa22 и Asparagus им се допаѓа ова.