1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исповед

Дискусија во 'Религија' започната од Pla4ka, 26 јануари 2010.

  1. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Што толку те иритира мојот ник?

    Не се надеваш? Не веруваш? Не љубиш? Која е суштината на тоа постоење без тие три работи?

    Што лошо кажав? Затебе е лошо тоа што ја убедувам неа (а и самиот себе) да ги отфрламе лошите мисли и чувства?

    Верник не те прават иконите и крстот во колата и во собата дома, него мислата, зборот и делото.

    Аке е така и бајачите и вражулците имат икони и окупираат манастири и селски цркви а пак прават нешто спротивно на заповеданото. И што? Тие се Божји луѓе "исцелители"?

    А за критики да и јас не ги оправдувам поповите (секоја чест на исклучоци). Поради џипови и глисери.
     
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Tие три работи ги можам и без да сум верник.
    А за примерите што ти ги кажав, ете тие луѓе веруваат во бог, одат во црква и све тоа ама џабе коа се полни ама полни со омраза.
    Човек може да биде добар, да сака и без да биде верник.
    Она што ми бодеше очи е кога и рече да не одела на психолог зашто они појма си немале...А и те како имаат појма, барем оние што се навистина добри во работата.
     
  3. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Зошто одат во црква?
     
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Omg, остај психолози и психијатри тие не можат сами да си помогнат. До кога ќе живееме во среден век?
    За психолози и психијатри што ти велиш дека не можат да си помогнат, стои едукација и континуирано учење и вложување во себе.
    Негирај колку сакаш, потребата од нив е неизбежна.
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.642
    Допаѓања:
    52.590
    Пол:
    Женски
    Арно вели еден пријател - лажи, изневерувај, мрази, фрлај ѓубре, повредувај, убивај, се' ќе ти е простено и нема да важи ако си верник, појдиш в црква и се „покаеш“. Ќе си одиш во рајот. А колку сакаш биди добар и прави добри дела во корист на човештвото, ако си атеист ништо тоа не ти важи ќе гориш во пеколот.
    Ах бе. (facepalm)

    Инаку, девојката од погоре нема ништо згрешено па да се кае! Најнормална работа е да сакаш некого и да чувствуваш страст. Тоа не е грешка! Не ми се верува што читам. (facepalm)
     
    На Alisa22, Tan4ence и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  6. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Значи реков дека не планирам никому да му "перам" мозок.
    Видов, гледав и на моја кожа осетив и депресии и све. Се спасив на тој начин (верскиот).

    Не ви пишувам со гнев.
    А и кажаното се исполни уште на почетокот. "Блажени се оние кои се исмејувани и прогонувани поради Мене"
    Се се исполнува едно по едно.

    И верувањето не е за слава на овој свет, него за во другиот, бидејки пишано е да се собира за онаму каде што крадецот не краде и молецот не јаде. Ниту вода ниту леб бара да веруваш во Бог кој е љубов и спасение.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    И атеист може да се подобри психички и физички без да стане теист.:)
    Ама океј, забегани сме ние.
     
    На Alisa22, Amellie13 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  8. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    но краткотрајно.
    Заповедано ни е и слабите во верата да ги прифатеме, но без расправии затоа и јас не се расправам.
    А за верниците... Кој прави тајно ќе биде награден јавно.
    Прашањето што не ми го одговори, е токму така. Видното одење во црква, видното молење и крстење неможе да не направи верници. Туку напротив не полни со гордост која не прави да се чувствуваме како поголеми од другите.
    Важно е кога сме во и надвор од Храмот да се трудеме да бидеме добри, за да нашите молитви бидат слушнати. Џабе одење во црква и молење ако сме злопамтилаа оти нели молитвите на злопамтливите не се слушаат горе.
     
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Ама и верата по дифолт не те прави добар човек нели?:)
     
  10. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Ако си ја толкуваш како сакаш нормално нема да бидеш добар човек. Туку само еден вид на секташ. Тие си ја толкуваат Библијата како сакат и ете ти вакви онакви секти. Следи го само живото Божјо слово Нашиот Господ Исус Христос. Иииии... Нема што друго да се "филозофира".
     
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Ни прозелитирање на јавен форум не е баш нешто тајно и скромно. Следи го правилото и повлечи си се во тајност, фанатичкиве верувања дели ги со свештеници по исповеди, а не тука да проповедаш, посебно со опасна порака да се батали стручна психолошка помош. Не се грижи за нас, ќе си го чуваме умот уште повеќе, да не се претвориме никогаш во ваква тотално заблудена верзија од себеси без допир со реалноста како тебе.
     
    На Amellie13 и Tan4ence им се допаѓа ова.
  12. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Кога реков тајно и јавно.
    Тајно да се молиме за нашите сакани и тајно да се помага на бедните а не со гордост да не гледат по телевизија.

    Велат добро е да се зборува за вистината. Па и самиот Бог Христос рече да одат апостолите и да го научат народот. Јас не се правам Апостол туку само тоа што сум го научил сакам да го споделам. А ти зошто се гневиш немам поим.

    А слушам во последно време доста од психолозите користеле и материјали на Лествичник? Така чув од едни луѓе што посетиле психолог (Скопјани, не ги познавам туку само муабет додека патувавме со автобусот). А и незнаев што е и кој е Тој Лествичник. Мислам не ни бев чул.
    Убаво рече една другарка, тврдата храна не е за бебиња. И јас бев бебе и замене ова беше тврдо но веќе не е.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Зависи кај кој си била. Досега ниеден немам сретнато што користи такви материјали(не сметам дека користењето на тие материјали е лошо).
    Но во 21 век многу глупо е да се негира потребата од психолози и психијатри, и да се проповеда со религија да им се помогне. И религијата може да помогне, но не смее да се негира потребата од овие стручни лица.
     
  14. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Во ред но јас од моите познаници тоа го сознав и се уверив, ја прифатија верата и ги слушаа и ги исполнуваа советите на духовниците нивни со голема вера и упорност, и сето ова го гледаа како последна шанса за спас, што е нормално во очајот да прибегнеш кај Бог, кога веќе цел ќе се исцрпиш. И еве сега станаа нови личности и една од главните причини за моето преумување од Екстремен Атеист во човек што ја прифаќа верата и Христос како Спасител и Љубов.
    Остани поздравена.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Како за илустрација ќе земам еден екстремен случај за да сфатам како може религијата да помогне тука. Што доколку некое лице се соочува со аудитивни халуцинации и смета дека е следено од друг и сл? Како ќе помогне религијата тука?
    Или пак голема анксиозност, ако читам библија ќе помине?
    И уште нешто, некои психози има екстремна религиозност (верување дека разговараат со бог и слушаат гласови и сл) од каква помош е тука религијата?
     
  16. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Нема ништо чудно во тоа дека разговараме со Бог. Бидејки ние самите додека се молиме разговараме со Бога.

    А она слушањето на звуци и гледањето на некои работи несватливо за нас е познато како најголемото одтуѓување од Бога, или најголемото паѓање во духовноста или демоноопседнатост. Велат имало такви случаи и овде во Македонија по нашите живи Манастири, искуства со такви луѓе опседнати. Друг вид на опседнатост е и баење и гатање и видовитост. Ете баш кај тие луѓе гледаме како демек зборуваат со "светци" како ги гледат и слично некои работи. За ова не сум гледал и слушал и немам многу познавање.
    Инаку за такви персони се читаат василиеви молитви чинам се викаа а овде за покајание е разрешителна молитва. Незнам да не те лажам не сум се запознал со такви примери. Моите примери беа сосема други. Не многу различни во опасноста.
     
  17. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Сакав да потенцирам што тогаш кога личноста мисли дека видел некој светец, му се јавил како што се вели?
    Вака, пред да пишуваш нешто едуцирај се. Не е се опседнато од демони и не знам што. Овие се дијагнози, кои многу добро реагираат на медикаментозна терапија и психотерапија. Значи важноста на овие лица е неоспорлива. А дали некој ќе верува во бог или не, негово право и избор е тоа!
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Не сум те разбрал добро. Инаку само да спомнам дека во нашата религија се спомнува и виденија и на јаве и на сон.

    Во одредени случаеви психичките болести и слично не се поврзани со опседнатост и затоа е благословено од Бог да се лекуваме и кај земните доктори (ме разбираш најверојатно) и тоа е спомнато во 38 глава мислам беше само незнам која книга во Стариот Завет и кој стих беше, дека тие се дадени од Бога и лековите исто.
    А стручни лица што ќе те излечат од страсти и веднаш што препишуваат апои не. Не се нашол таков што ќе те излечи од ептен тешка страст.
    Во последно време гледам доста и доктори одат по Манастири и Цркви и тоа не само за свеќа да палат.
     
  19. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Браво!
    Се согласувам со секој збор. И јас сум една од тие што порано не бев многу по верата, осудував и судев затоа на крајот и мене ме осудуваа, а и ми пресудија. Со Божја помош се кревам од дното.
    Слава на Бога!
     
    На Ana.brojka, kuc и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  20. ВераНадежЉУБОВ

    ВераНадежЉУБОВ Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2019
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    26
    Алилуја! Слава му и фала му за се!
    Ти посакувам уште многу среќа и успеси и посакувам Божјата Благодат да се всели во тебе и во сите други и никогаш да не ве напушти. Христос меѓу нас!
     
    На kuc и La.loca им се допаѓа ова.