Девојката која го опиша својот проблем се соочува со анксиозност. И ти велиш батали психолози психијатри. Тогаш ме интересира кои се потенцијални корисници за овие услуги од психолог и психијатар? Треба да сфатиме дека во 21 век Не е ништо страшно да се иде таму!
И се повеќе попови и врховни црковни лица кои се упатуваат кон најфините клиники. Како да потфрлила вербата и исцелителната молитва, така малце
"Земните" доктори и лековите не се од никого дадени, туку тие луѓе самите со свој труд го постигнале она што се. Со учење, со пракса и со се' што е потребно. Исто така и лековите се измислени од луѓето на земјава, да не ги смислел некој тогаш досега можеби немаше ни да постоиме. Ќе не' збришеше некоја болест најверојатно. Нема никаков бог удел тука. Затоа и најмногу ме фрустрира тоа што велите "фала му на бога" кога лекарите ќе успеат да спасат некој пациент, а ако не успеат е лекарска грешка.
Како што има болести кои што доктор неможе да ги излечи а за Бог е можно така и со ова. Психолог неможе да те излечи од страст.
Не е проблем тоа што го има направено девојчето. Проблем е зашто чувствува анксиозност. Значи треба да се реши од анксиозноста, а не од минатото во кое таа смета дека направила грешки. И НЕ знам што мислиш под страст, но има бројни случаи кадешто има корист од психијатар и психолог.
Не мешај Католицизам и Православие. Што заедничко има Ерусалим и Содом? Ѓаволот и Христос? Не се сите свештеници со иста цел мислам здрава цел, на нив казната ќе биде дупла.
Окови од кои тешко се ослободуваме. Нешто што ни станало навика. Нешто што ни ја окупира душата, сакаме да се ослободеме а неможеме без Божја помош.
Тогаш, штетното си го прифаќаш како корисно, на пример кај среброљубието повеќе ги сакаш парите и златото и среброто и повеќе и даваш ним внимание отколку на мажот и децата и на самата себе. Едноставно атеистот е во сон. И живее "забавувајќи" се а без среќа и радост.
Оф сироти ние и дечковците/девојките наши. Воопшто не ги сакаме, само на пари мислиме. И секој момент на среќа без разлика дали е успех во образование/работа, поминато време со партнер и све останато ни е илузија зашо сме атеисти и само пари нѐ интересираат. Оф мајко мори.
Пишано е да се љуби жената на својата младост, реките и потоците да не се разливаат на плоштадите што би значело да не дозволи да си ја открива голотијата пред другите. А брак не е спомнато таму. Можеби во друг дел да е. Додека пак има свештени лица кои што велат дека секој полов однос пред бракот било сметано за блуд. А сум слушал верници каде што велат дека ако вистинската љубов постои а страста ја нема дека не било блуд.