Љубов е само со црковен брак со христијанка невина жена која ќе покаже крвав чаршаф на прва браќна ноќ А да, и која не се тетовира.
Љубовта во која има пожртвуваност за другиот. Љубов со збор дело и мисла кои што се пропратени со добронамерност.
Сте отвориле тема Тетоважи и религија, го добивате одговорот а се гневните и не ви одговара. Зошто такви теми и учества во истите? Атеистите како што знам не се бават со Бог...
Ако ти е тешко да зборуваш со духовникот, тогаш не зборувај додека да собереш храброст, бидејќи во исповедта има правило кога се исповедаме да ја кажеме секоја наша помисла, дело и слично, се откако се сеќаваме за нас, а не така половично, кажано-недокажано. Нема потреба да се срамиш што и да си направила, запомни дека Господ ионака претходно ја знае секоја наша најмала мисла каква и да е, само чека да се покаеме за да ни прости. Не се измачувај себеси, моли се и ќе ти биде простено, сепак можеш и дома да се исповедаш кога ќе имаш потреба, не мора да е пред духовник само...ама штом ти рекол духовникот дека не е грев, опушти се, а и да е грев, никој не сме безгрешни, доколку се каеш од срце секој грев ќе ти биде простен. На сите ни е тешко во одреден период од животот, се чувстуваме психички и физички како да сме на дното, не си сама, гледај да се дружиш со луѓе, не се затворај во себеси, читај книги, слушај музика, моли се и покај се за тоа што те мачи, и ќе ти биде простено, а со тоа и полесно ќе се осетиш.
Duhovniko ne me ni prasuvase so kako, jas sama rekov bluden grev, a i ne kazav sve so sum napravila, deka sum odela na bajacka sve, ednostavno rece si zgresila, prostrno ti e sve i mi procita molitva
Повторно јас! Јас имам анксиозност, и ПОЧНАВ и се трудам да си е решам анксиозноста преку религијата, пост молитва причест. Кога ќе помислам дека така си ја смирувам анксиозноста, и ми текнува на монахинки кои живеат во манастири, и на моменти уште толку ми се засилува, леле си викам да не станам дел од нив! И за момент се плашам... Премногу. А свесна сум дека не треба така да размислувам, дека тоа се сето дел од негативни мисли во нашиот мозок кој сами си ги активираме, допираме до некој центри во мозокот што сите работи ги гледаме од негативната страна, никако да ја извлечеме таа позитивна работа. Друго неможам луѓе дечко да си фатам, едноставно се почнав да гледам како грев... Помош дали се работи за анксиозност, или за монахински приказни? Се допира до мене
Ти го поматила умот целосно религијата, анксиозноста си ја имаш ама тие конзервативни стеги и вредности директно ти ја влошуваат. Многу ми е жал кога читам вакви работи. Оддалечи се од тој пат и барај си световна, разумна помош што побрзо, не си фрлај години од младоста во илузии. А на тие што ќе ти пишат поддршка да продолжиш во деструктивниве синџири, однапред срам да им е!
Мила јас те разбирам во целост. На прав пат си! Јас бев како тебе, со помош на молитвите од монахињите сега сум среќна личност. За дечко не се мисли, се ќе си дојде во вистинско време. Грев е се што е претерано, не лажи и не кради. Ако треба да излажиш подобро молчи и не одговарај. Мило ми е што постиш, се исповедуваш и се причестуваш. Бог има милост за сите. Те поздравувам
Ах, пак ли ти Кажи ми дали посети психолог или залудно те советувавме така минатиот пат? Ќе ти кажам директно: Суеверната религиозност е полоша дури и од атеизам. Монахињи, бајачки, духовни "отци" чии совети немаат благе везе со Исусовото учење се исто така полоши од атеизам. Секоја религиозност или духовност, која не произлегува од учењето на Исус Христос, не е христијанство, не може да биде христијанство и е поштетно дури и од атеизам. А како ќе знаеш кое е Исусовото учење ако не земеш да отвориш Новиот завет и сама со свои очи да прочиташ и видиш? И пак ќе ти кажам, суеверната и традиоцинална (површна, несуштинска) религиозност е поштетна дури и од атеизам. И наместо да те ослободи од стравовите и анксиозноста, таквата религиозност уште повеќе ќе те зароби.
Секуларна, овоземна, неповрзана со цркви и попови/монахињи. Т.е. мислам на психолог/психијатар, како што те посоветував(ме) и претходниот пат.
Девојко, како и минатиот пат што те советувавме, оддалечи се од овие работи за кратко време. Преокупирана си со ова. Иди на психолог, не е ништо страшно. Ќе ти помогне. Вака сама се измачуваш без да дојдеш до решението на проблемот.
Јас прв пат те читам и само едно ќе ти напишам анксиозност не се решава преку религија напротив религијата не е опција повикај пријател кога ни е лошо, за да стигнеш до повисок степен на духовен мир и спокој ти треба да си свесна за состојбата во која се наоѓаш и да си свесна за начините како рационално да ја олесниш или потполно подобриш таквата состојба. Значи заклучок обрати се кај матичен лекар да ти помогне дали се работи за анксиозност или нешто друго и да те насочи таму каде што треба.
А дали ти ја користиш секоја прилика на форумот за да го пропагираш протестантизмот? Сфати дека за православните тоа христијанство е вистинско и биди по open-minded за други религии. Девојката праша за помош а не за кое христијанство е точно!
Сега блуд е или не е? Ова на нас некако многу делува, мислам! Сега со интернет, и ширење на многу вакви вести, самите зацапуваме како јас на пример! Порано дали знаеле, например генерациите на нашите родители некаде 90тите, немај секс - то е блуд! Незнаев ни јас до пред 7месеци, додека сама не си е разработив психата!
Блуд е, ама немој толку трагично да гледаш на работите. Религијата на многумина помогнала, вклучувајќи ме мене, но и на многумина им направила лошо, ако погрешно ги разбрале и толкувале религиските учења. Ти си отишла во крајност, премногу размислуваш за гревовите што си ги направила. Но тоа со покајанието се брише. Значи, посети и психијатар или психолог, но кога сме во тема религија и си решила во неа да бараш спас, можам да ти кажам дека секогаш треба да имаш на ум дека Бог е милостив и ние треба да бидеме мирни знаејќи го тоа. Дали воопшто беше на исповед? Дали поразговара со духовник? Оти се уште си вознемирена.
Види вака, убаво е што сакаш да се причестуваш, да се молиш и исповедаш, ама не сфаќам каква врска имаат монахињите со тебе и зошто се плашиш да не станеш како нив? И јас сум верник, ама не се плашам, бидејќи ретки се луѓето кои стануваат монаси и монахињи, тоа се луѓе кои чувствуваат внатрешен повик и потреба од истото, а ние со нашите секојдневни практикувања на верата сме далеку од нив. Гледај да остануваш разумна и смирена, труди се да грешиш што е можно помалку, за да после не се измачуваш што се е блуд и дека си грешна, иако сите сме грешни, ако тоа е некоја утеха. Не се форсирај за дечко по секоја цена, и јас сум без дечко и многу други, ќе дојде и тоа на ред, прво малку поработи лично на себеси.