1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исповед

Дискусија во 'Религија' започната од Pla4ka, 26 јануари 2010.

  1. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    796
    Допаѓања:
    1.197
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден бев на мојата прва исповед...

    Значи годинава го почнав мојот прв Велигденски пост и не знам зошто/како ама мнг работи ме упатуваа дека треба да идам да се исповедам... И рандом луѓе, книги, видеа, и мои другарки... најсуптилно све се вртеше околу важноста за исповед и ми натежна на срце... Мнг ми е поудобно кога се исповедувам приватно и со мојата најблиска другарка... но пак ви викам срцево ќе пукне и ете се решив...
    Си го преиспитав животот, си ги набројав сите гревови на лист, не сакав ништо да заборавам и сакав да биде црно на бело... Морам да признам малку чудно беше да си ги видите гревовите толку јасно пишани, набројани (па сега дури и ќе ги кажете на глас пред некој непознат)...

    И во умот сакав се да биде наједноставно...Земав пари за секој случај бидејќи не знаев дали треба да се плати за *услугава*, запалив свеќа во црква и и кажав на женичката (која продава свеќи) дека сакам да се исповедам што треба да направам...Ме упати кај свештеникот..

    Дури откако завршив, сфатив колку е тоа еден интимен момент меѓу тебе и Бога..Свештеникот е само сведок за вашето каење и ја има власта да ги опрости вашите гревови... Тој исто така е едноставно човек како што си ти, дури и да има осуда од негова страна(што не би требало да има) не треба тоа ништо да ви значи/смета (вашиот товар сепак само вие си го носите така да не се оптоварувајте што ли тој мисли бидејќи не е битно) ... После тоа го скинав листот каде ги имав набројано моите гревови и го фрлив..Не значи дека ми беше автоматски полесно и искрено не сакав со никој да споделам ова искуство (не чуствував потреба се беше премнг лично)... Ете и кажав на мојата најблиска другарка и пишав тука на форумов бидејќи и јас бев таа која бараше одговори како да го направи ова па читав по форуми итн итн..

    Не ми беше мнг полесно после и не доживеав *аха* момент, и тоа не ми ни треба (да требало ќе сум почуствувала)...Знам дека ова може само добро да донесе и е само почеток кон оздравување на мојата душа. Фала ти Господи!
     
    Последна измена: 19 март 2021
    На Mic18, Veta, kuc и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Ana.brojka

    Ana.brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2012
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    219
    Нова феминка во темава.

    Јас доживувам духовно раѓање годинава. Не бев лош човек во смисла намерно да повредувам луѓе или да правам неморални работи, дури се сметав и за добар човек, но годинава како преку ноќ наеднаш ми станаа многу работи јасни и сфатив колку лош човек сум била изминатите години и колку луѓе сум повредила несакајки. Главно поради тоа што бев крајно незрела, тврдоглава, нетрпелива, себична и со его до небо.
    Потекнувам од многу добро, продуховено и религиозно семејство со вистински вредности, со родители кои со години ме учеа на што е важно во животот и каква треба да бидам, а јас ништо од тоа не примив и едноставно не ми е јасно од каде доаѓаше тоа мое однесување и голема суровост. Никаков обзир за другите луѓе, се гледав само себе си и своите емоции и желби и не бев во можност да видам ниедна друга перспектива. Никаква емпатија или сомилост, крајно сурова и косев се пред себе без да бидам свесна.
    Се уште ми е многу тешко поради тоа како се однесував со некои личности изминатите години, ги повредив премногу, а тие личности најмалку заслужија да бидат повредени, а уште помалце од мене.
    Но за жал не можам да го сменам минатото, можам само да се потрудам да не ги повторам истите грешки и да бидам повеќе мудра во иднина.
    Годинава прв пат посакав и да ја читам Библијата како и други духовни книги.

    Иако дома сама со себе најискрено се покајав за стореното и со голема болка во срцето, сепак сакам да одам и на исповед кај свештеник да ми ги опрости гревовите.
    Се надевам ќе можам во скоро време и јас самата целосно да си опростам, бидејќи се уште не можам да го сторам тоа во целост. Попрво мислам дека и тие личности и Бога би ми опростиле, но се молам на Бога да ми помогне да си опростам и самата.
    Ова е почеток на моето запознавање со Исус и останатите со него и како што рече и KittyAgnes над мене, оздравување на мојата душа.
     
    На Mic18, Rama, kuc и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Откако на овој начин длабоко ќе се покаеме, ќе ги исповедаме сторените гревови пред свештеникот и тој ќе ни ги разреши (т.е. ќе не' ослободи од нив), нема што повеќе да се замараме и да мислиме на нив. Замарањето и мислењето на покајаните и исповедани гревови е замка на ѓаволот, чија цел е да не' турне во друг грев - очајанието. Исто да се пазиме и од гордоста, која се раѓа од помислата, јас сум исповедан и сега сум безгрешен. Да, очистени ни се гревовите, но уште ги правиме, ако не исти, тогаш малку различни, но сепак гревови.
    Да се сеќаваме само на болката, која ни ја причиниле покајаните гревови, за никогаш повеќе да не ги повториме.
     
    На Mic18, Rama, KittyAgnes и 2 други им се допаѓа ова.
  4. chokova93

    chokova93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки!
    Незнаев во која тема да влезам па затоа ја избрав оваа ,имам една молба до вас,може ли некоја од вас да ми објасни ако има искусено нешто слично или исто како моево ,да сподели зошто се случува.. инаку не памтам кога почна прв пат стварно не памтам ама е од поодамна кога и да влезам во црква уште на самите скали пред влезот мене ме обзема таква силна емоција така се осеќам лесно а воедно солзите сами ми идат на очи, ми се полнат очите и неможам никако да се воздржам ....јас кога и да влезам во црква јас плачам..пред да се омажам мн се мислев како што ќе биде ќе издржам ли додека трае обредот во црквата да не заплачам,кога дојде и тој ден и тој момент јас воопшто не заплакав дали мислам малце ми се насолзија очите ама можев да се воздржам,и секако како и секој пат се чуствував убаво опуштено лесно..спокојно...еве завчера беше празникот на Пресвета Богородица бевме со сопругот во црквата на Св.Богородица и таму ми се случи повторно и тоа ептен убаво да заплачам само без глас ми беше полесно некако пошто маски носиме па можев убаво да пуштам солзи ...не ме сфаќајте погрешно не дека ми е срам или сл. Едноставно како да барав спокој незнам како да ви опишам ,само што излеговме и запаливме свеќи внатре секако претходно се помолиме кога се заврши кога испаднавме од надворешната капија запраа и моите солзи ,како во црквата да сум немоќна да ги запрам емоциите. Извинете на долгиот пост али од поодамна сакав да поразговарам на оваа тема со некој ,имајте убав ден !
     
    На kuc, Цунами, Need for Speed и 2 други им се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Ете си ја знаеш причината...чувство на спокој добиваш.
    Многумина посакуваат да заплачат, но не можат.
    Некои не можат да влезат во црква, лошо им е.

    Не се опседнувај зошто плачеш , дали е тоа добро или лошо за тебе , дали си благословена или грешна.
    Штом е поврзано со спокој , Бог те гали.:)
     
    На st-el, chokova93, Need for Speed и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. chokova93

    chokova93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам ☺
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Машки
    Се ближат Богородичните пости па викендов ќе одам ба исповед а воедно за благослов да земам за постење на Богородичните пости
     
    На KittyAgnes и sonuvana им се допаѓа ова.
  8. Телетабиска

    Телетабиска Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    45
    Тоа нема ни да се случи а има и причина за истото. Отидов во црква наводно да ми чита поп, зошто имав така даун период. И влегувам кај поповите кај што се и ги гледам чурат со цигари. Така да нема што да се исповедам и да бидам помалку вредна од поп и да му кажувам на него што како. Кога и тој самиот е грешен.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Машки
    Тој ако е грешен за него е грешен, тие се задолжени за исповед дали ние сакале или не, ,,Не судете, за да не бидете судени! Зашто со каков суд судите, со таков ќе ви се суди; и со каква мерка мерите, со таква ќе ви се мери" Матеј 7:1-5
     
    На simoncelicius, GirlLove, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Телетабиска

    Телетабиска Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    45
    Грешник на грешник да му се исповеда, не благодарам.
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    375
    Пол:
    Машки
    По што заклучи дека се грешни?
     
  12. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.974
    Допаѓања:
    8.256
    Пол:
    Машки
    А не се?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Секој човек кој живее е грешник. Кој со мисли, кој со зборови, кој со дела. Постојат гревови, кои според светите канони, кога ќе ги направи попот, повеќе не може да биде поп. Пушењето не е еден од нив. Но, ако ја издаде исповедта, тоа е грев за расчинување.
     
    На GirlLove, Mic18 и kuc им се допаѓа ова.
  14. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.974
    Допаѓања:
    8.256
    Пол:
    Машки
    Поентата ми беше повеќе од аспект на тоа дека библиски гледано сите сме грешни.
     
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Нормално. Сите сме грешни. Само Еден е безгрешен - Богочовекот Иисус Христос - нашиот Спасител и Бог. Друг човек, безгрешен ниту живеел, ниту ќе живее, ниту пак сега живее. Има само помалку или повеќе грешни.
     
    На Mic18 и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Како бебе кое е родено е грешно?
    Ова ме нервира во религијата многу, претставувањето дека луѓето се грешни, дека мора да се плашат од Бог за да не ги казни. Многу не знаат да го толкуваат христијанството правилно. Ако ова е алатка само за заплашување и контрола, нормално дека луѓето нема да веруваат.
     
    На Stark, Waverly Raven, fbaby и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Бебето го носи Адамовиот и Евиниот наследен грев. Дури и Пресвета Бгоородица го носела тој грев, но кога прифатила во Нејзината пречиста утроба да се зачне Христос, се очистила и од првородниот грев. Крштевањето од друга страна е очистување од сите гревови.
    Ова не е заплашување на луѓето, кои иако се грешници имаат потенцијал да станат светци. Светец не значи човек кој е/бил безгрешен, туку човек кој успеал да ги победи гревовите. Зашто Христос во светото Евангелие, кое не го читаме, ама сакаме се` да толкуваме, укажува, дека ги сака грешниците и тоа многу повеќе од лажните праведници!
     
    На KittyAgnes, kuc и sonuvana им се допаѓа ова.
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    21.512
    Бараш логика во фолклор, затоа се нервираш.
     
    На Waverly Raven, INNERBEAUTY, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Ова е навреда и дискриминација на верниците!!! Барам да се извиниш.
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.411
    Пол:
    Женски
    Toa voopshto ne e navreda.
    Ne gledam nishto navredlivo vo mislenjeto na chlenkata.
    I da, ova ti sho go napisha e osuduvanje, sho ne e dozvoleno po religija.
     
    На Waverly Raven, Mikha4 и Just.do.it им се допаѓа ова.