1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исповед

Дискусија во 'Религија' започната од Pla4ka, 26 јануари 2010.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Машки
    Со вашиот менталитет од времето на комунизмот, кога секој можел да се потсмева со верувањата на другите, особено тие што не поседувале други квалитети, за напредок во животот, се истакнувале со навреда на верските права на другите. Сега тоа веќе не е така. Живееме во демократија и никој нема прво да ги унижува туѓите мислења и верувања, се` додека истите не се закана за општеството. Христијанството не е закана за општеството, туку тоа е дел од издигнувањето сите цивилизациски вредности и пред се` слободата на луѓето.
    Комунистичко-болшевистичките ставови, немаат место во демократското општество.
    Јас овде не сум дискриминирал, ниту сум исмеал некого, ниту сум исмеал нечие право или став, затоа не сакам и моето право на верување да биде исмевано и омаловажувано.
    Тврдењето, дека нечија вера е фолклор, посебно вера со континуитет од 20 векови е чиста дискриминација и омаложавуње. Толку.
     
    На Mic18, kuc и Elenpelen им се допаѓа ова.
  2. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Историјата кажува друго. Освен што било алатка за репресија и угнетување, туку било причина и за невидено крвопролевање. Па нема ни еден век поминато откако кај нас поповите и црквата ги палеле училиштата сосе деца внатре, биле отворено против описменување на населението, какви цивилизациски вредности, жити сѐ?!
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Ne sum zhiveela vo komunizmot prvo.
    Vtoro koj saka veruva koj ne saka neka ne veruva. Ama deka religijata e folklor i nachin na manipulacija na masata lugje, e neosporno.
    Ti kolku sakash navreduvaj se, religijata e nachin na manipulacija i kontroliranje na masite preku vlevanje strav, shto i istoriskite fakti go potvrduvaat.
     
    На Waverly Raven, butterfly6223, fbaby и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Машки
    Ова на состанок во ЦК ви го кажуваа? Ај ќе те молам да ми принесеш еден и единствен историски факт, каде поп запалил училиште! Еден и единствен! Ако немаш и ти да се извиниш!
    За време на Отоманското Царство, кој го описменуваше народот? Комунистите?
    Келијните училишта, а подоцна и организираните училиш ги организираше Црквата! Ама убаво е да си пишувате глупости. Ама таков е народот, кој не си ја знае историјата...
    И темава е за исповед, а не за докажување на атеизмот и црквоомразие.
     
    На Bitter-Sweet, Mic18 и Elenpelen им се допаѓа ова.
  5. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    7.825
    Пол:
    Женски
    Па баш дека темата е за исповед, како може некој кој е грешен, во случајот поп да извршува исповед и зошто да се исповедам некому кој е грешен и во ништо не е подобар од мене?
    Претпоставувам одговорот е тој ќе биде претставник пред Бог и сведок за извршената исповед, но во што тој поп е подобар од мене за тој да може да ги слуша сите мои грешки и притоа да кажува дволични совети кој прво ни тој не ги исполнува?
     
    На Waverly Raven, fbaby, INNERBEAUTY и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Машки
    Затоа што тој е носител на благодатта на свештенството и со тоа има сила дадена од Бога да ги разрешува туѓите гревови. Не и своите. И поповите се исповедаат.
    Ние се исповедаме, за да се очистиме од нашите гревови. Ако попот е грешен, тајните што Бог ги извршува преку него не се.
    Поповите, кои се грешни ќе си одговараат пред Бога. Поповите, кои ги гледате кај што грешат, слободно пријавувајте ги кај владиката. Ама Македонецот за се` само се жали, кука, а никогаш ништо не презема.
     
    На Mic18, kuc и sonuvana им се допаѓа ова.
  7. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.379
    Пол:
    Женски
    Само Бог може да ги разреши гревовите.
     
    На cresa-jagoda и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  8. Телетабиска

    Телетабиска Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    45
    Пушењето цигари исто спаѓа во грев, ако не си знаела. И гревот важи за секого. Грев е грев.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    7.825
    Пол:
    Женски
    Колку пати досега имало секакви скандали со владиците. Така што се сомневам дека тие би презеле нешто против нивен колега.
    Религијата како што ја практикуваат на овој начин поповите и сите повисоки функционери од црквата е само за контрола и заплашување на народот.
    Како може да исконтролираш некој? Смртно исплаши го и нормално, послушен ќе е. За да не ги казни Бог.
     
    На INNERBEAUTY и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.557
    Допаѓања:
    38.601
    Пол:
    Женски
    Ова стварно е точно? Јас друго знам, сум имала попови во фамилија кои биле истовремено и учители во тие села кај живееле. А и општо онака знам дека баш тие лица биле пописмени и отварале училишта. Зборам за период крај на 19ти, почеток на 20ти век, не за среден век. Сега ова првпат го слушам.

    Продолжете си со дискусијата, само овој дел ми фати око. :D
     
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.250
    Допаѓања:
    19.612
    Пол:
    Женски
    А не е малце така глупавко луѓе да одговараат за туѓи грешки?
     
    На INNERBEAUTY, Mikha4 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.265
    Допаѓања:
    23.965
    Чисто информативно, велам дека религиите се фолклор бидејќи прво и основно, ако погледнеме историски наназад може да видиме дека сите народи на разни предели во светот, имале некаков вид на религија која подоцна со тек на времето или скроз згаснала или се модифицирала во друга. Што значи, кога тогаш и со денешните религии истото ќе се деси, и луѓето во иднината кога ќе зборуваат за овие периоди, ќе раскажуваат во што сè верувале сегашните луѓе. Второ, кажувам дека е фолклор затоа што да кажеш дека дешавката со Адам и Ева е вистински случај е исто ко јас да кажам дека сè се има случено тоа за што се раскажува во "Гоподарот на прстените".

    Тоа што според мене религиите се фолклор не е навреда, тоа е мое гледиште на нив. Ако моето гледиште те вреѓа, имаш проблем самиот ти со сопствениот однос кон твоето верување.

    Намерно не цитирав, зошто го кажувам општо за сите.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Телетабиска

    Телетабиска Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    45
    Никој не ги видел во живото Адам и Ева, така да може се приказна а може само една метафора за настанување на мажот и жената.
     
  14. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Еве де се исповедуваме, што е проблемот. Тоа ми тежи на душа и сакам да си кажам.

    А еве што Ѓорче Петров имал да каже на темата и кој го читал Прличев многу убаво знае што зборувам, тебе секако не планирам да ти се докажувам.
     

    Прикачени фајлови:

  15. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Nositel na blagodatta na sveshtenstvoto?!
    What?!?!?!
    Jas kako zhena sakam i jas da ja imam taa blagodet, ama ne smeam samo zatoa shto sum ZHENA.
    Crkvata e perenje mozoci, nishto drugo.
     
    На dayla, Waverly Raven, INNERBEAUTY и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Машки
    Ама ти пиша дека поповите ги палеле училиштата! Егзархијата за разлика од ВМРО, не била терористичка организација и се спротивставувала на сите терористички дејствија што ги вршеле комитите. Во романите од Димитар Талев е опишан еден прекрасен дијалог, кој бил мотивиран од вистинска случка меѓу битолскиот владика и некој војвода од Егејска Македонија.
    Егзархијата се борела за културно издигнување на народот. За разлика од ВМРО, кои сакале автономија и одделување од империјата, преку пролевање на крв.
    И јас те немам видено, па не значи дека не постоиш и дека не си некој четбот кој пишува на форумов.
    И јас сакам да сум внук на покојната кралица Елизабета II, ама не сум.
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Alo, svesen li si ti sho pishuvash?!
    Cel rod se diskriminira so toa shto zhena ne mozhe da e pop.
    Zoshto? Samo zatoa shto e zhena.
    Teshki gluposti.
    Koe perenje mozoci e crkvava znachi nemam komentar.
     
    Последна измена: 11 ноември 2022
    На INNERBEAUTY, Mikha4 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Машки
    Ами има и мажи што сакаат да раѓаат, па ете Господ не ни дал да раѓаме. И што да правиме?
     
  19. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Ама свештенството мажите си го измислиле за нивни агенди, не затоа што господ им го дал ;)
     
    На INNERBEAUTY, Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Машки
    Коментираш, исто ко јас да земам да коментирам за фудбал. Појма немам од фудбалот!
     
    На kuc му/ѝ се допаѓа ова.