Исповед

Дискусија во 'Религија' започната од Pla4ka, 26 јануари 2010.

  1. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Ama zhenite ne im go odzele pravoto na mazhote da ragjaat, tuku toa e bioloshka karakteristika.
    A pop e bioloshka karakteristika?
    Ili im odgovara samo mazhite da mozhat da se popovi?!
     
    На Waverly Raven, INNERBEAUTY, MilaSs12 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Машки
    Господ, кога му се открил на Мојсеја му дал наредба свештениците да се мажи, зашто гревот во светот дојде преку жената. Ева го убеди Адама да згреши, а не Адам Ева. Господ Иисус Христос, во светот дојде преку Жена, но не Ја издигна во свештенички чин и Таа воопшто не се бунеше.
    Оформете си друга религија, која нормално нема да биде Боготкриена, па поставете си за свештеници и жени, и мажи, и трансродови, па ако сакате и животни, растенија, па дури и шпагети. Имате право.
     
    На cresa-jagoda и kuc им се допаѓа ова.
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    7.825
    Пол:
    Женски
    Ама Бог го створил Адам со мозок, значи можел да размисли дали ќе згреши или не. Значи вината не е само на жената.
    Доста со вакви глупости.
     
    На fbaby, Lady D ❤️, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Машки
    Не можел да размисли, зашто се` уште не знаел што е добро, а што е лошо. Кога го изел забранетиот плод сфатил што направил, ама не се покајал. Не рекол: Прости Боже, згрешив! Вината ја пренел на Ева, а и таа не признала, дека згрешила туку вината ја пренела на вистинскиот виновник - змијата. Сепак, новата Ева - Пресвета Богородица е Таа преку, Која дојде нашиот Спасител и сите, па со Крстната жртва ни даде можност и ние да се очистуваме од гревот на Адама и Ева, и пак да го задобиваме рајот.
    Сепак, ќе повторам, Пресвета Богородица и света Марија Магдалина не побараа да бидат свештенички.
     
    На cresa-jagoda и kuc им се допаѓа ова.
  5. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Aham, da.
    A Adam ne mozhel da razmili i da reche ne.
    Prikazni za deca kazuvash.
    Ova deka zhena ne mozhe da bide pop e samo plus dokaz kako crkvata koristejki ja religijata kako alatka gi kontrolira shirokite narodni masi.
    neli pred Isus site sme ednakvi?!
    vaka sme ednakvi, mazhi mozhe ako sakaat da se popovi, a zheni iako sakaat, ne mozhat samo zatoa sho imaat zhenski polov organ?!
     
    На Mikha4 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Машки
    Како да размисли кога се' уште не можел да разликува што е добро, а што е зло?
     
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    А Ева можела да разликува значи, затоа е крива? (facepalm)
     
    На INNERBEAUTY, Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Машки
    1 Но змијата беше полукава од сите ѕверови полски, што ги создаде Господ Бог; па ѝ рече на жената: »Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниедно дрво во рајот?«
    2 А жената ѝ рече на змијата: »Ние јадеме род од секое дрво во рајот;
    3 – само од родот на она дрво среде рајот, – рече Бог, – не јадете и не се допирајте до него, за да не умрете!«
    4 Тогаш змијата ѝ рече на жената: »Не, вие нема да умрете!
    5 Бог знае оти оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло.«
    6 И жената, гледајќи дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав за гледање, и дека дрвото е пожелно поради знаењето, набра род од него и јаде, па му даде и на мажот свој, та и тој вкуси.
     
  9. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    7.825
    Пол:
    Женски
    Значи според ова Бог ги создал жените попаметни од мажите и секоја грешка на мажот мора да му се прости, па дури и неверство, силување итн. Значи ако некоја е силувана, она е виновна зашто провоцирала. Тоа ли го пропагира религијата?
     
    На Lady D ❤️, fbaby и Mikha4 им се допаѓа ова.
  10. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    1.336
    Пол:
    Женски
    Ева не го послушала едиственото правило кажано од бог и змијата успеал да ја заведе затоа е крива
    Адам не ја прифатил одговорноста дека своеволно го земал понуденото овошје, се сокрил зад Ева и ја набедил за злото - затоа е он крив.

    Од претходните коментари стварно мислам дека не е океј што вака се зборува толку праведно за себе и толку осудувачки за другите. И не ми е јасно зошто да се караме околу сето ова? За тие што не веруваат и не прифаќаат не треба да бидат убедувани и премислувани од страна на другите кои практикуваат, но би било мнг пристојно исто така *другите* да не го исмеваат христијанството и да покажат почит кон верата.

    Како и да е исповедот е пред се корисна, неопходна и стварно убава работа од која само добро може да произлезе. Се сеќавам колку понизност и храброст ми требаше за мојата прва, и колку мнг работи се сменија откако се случи тоа.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Машки
    Ај прво запознајте се со темата, па после коментирајте и пред се` молам да не трескате глупости! Ова што го пишуваш е чиста глупост! Христијанството е првата и единствена религија, која е против се` ова што го наброја и прва вера која и` дава секакви права на жената! Ова сето што го напиша е гнасотилак во очите Божји, гнасотилак и за секој Христијанин! Ама битно да се напиши нешто, да се тресне и да се остане жив.
    Адам пред да вкуси од дрвото на познавањето на доброто и злото не знаеше што е добро, што е зло. Змијата ја излага Ева, како што пишува во погорниот цитат, а потоа Ева му даде на Адама да јади.
     
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    7.825
    Пол:
    Женски
    Ова е форум и колку сакам ќе коментирам на темата! Не му доликува на еден христијанин вакви коментари, зарем не?
    Значи прво зошто само Ева е виновна за грешката, а не и Адам? Ти одговори Адам не знаел што е добро, што лошо. Значи Ева знаела и според ова жените се создадени попаметни од мажите, па дури и се виновни поради тоа. Значи колку поглуп, толку подобро.
    И зошто тој грев на Ева иде на секое новородено бебе?
    За правата на жената не сакам да коментирам зошто во многу работи жената е дискриминирана според религијата.
     
    На Lady D ❤️, fbaby, pdb123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Во круг се врти дискусијата.
    Значи како што сфаќам, на почетокот двајцата не знаеле да разликуваат добро од лошо, само знаеле дека не треба да јадат од тоа дрво.
    По таа логика, ако Ева ја сноси вината што не го испочитувала тоа, а не змијата што ја „наговорила“, зошто за тоа што Адам исто така не го испочитувал тоа не е тој виновен, туку Ева што го „наговорила“?
    Во најлош случај, двајцата треба да се еднакво виновни затоа што „гревот“ им е ист, а не Ева е виновна и за своето и за Адамовото прекршување и за тоа што не признала (односно ја сносува 90% од вината), а Адам е виновен само за тоа што не признал...

    За тоа дека еднакво се третираат жените, можеби од правен аспект до некаде, а од социјален тешко... Секој ден слушам од мажи како жените се змии, жените се превртливи, не можеш на крај да излезеш со нив, секако ги лажат мажите, „што жена може да смисли, на маж не може ни да му текне“. На форум кога се дискутира неверство, сѐ уште барем 50% прво ќе ја обвинат жената дека го завела мажот, а не дека тој е виновен што се впуштил во тоа. Колега на работа самоуверено изјави како жената е секогаш виновна, без разлика кој изневерува.

    Ја гледаш релацијата, односно поистоветеноста меѓу осудата кон Ева во Библијата и третманот кон жената и во реалноста? Или не баш...

    Едит:
    Ако веќе велиме дека и змијата е виновна за измамувањето на Ева, тогаш нели целата вина треба да ја сноси змијата, затоа што од неа почнало сѐ, таа ја добила „идејата“, а не Ева. Ева ете немала сенс за тоа што е добро, а што лошо, значи била изманипулирана од змијата и не сакајќи, односно несвесна за последиците (затоа што не разликувала добро од лошо) го изманипулирала Адам. Така што, повторно, ако Адам се смета изманипулиран од Ева, тогаш и Ева е изманипулирана од змијата, односно реалната лоша намера потекнува само од змијата, Адам и Ева се нејзини жртви. Зошто тогаш жртвите да патат за грешката на некој друг, кога во реалниот живот ги осудуваме злобните луѓе, а сочувствуваме со нивните жртви?
     
    Последна измена: 12 ноември 2022
    На Waverly Raven, Lady D ❤️, fbaby и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Критика и дискутирање не е исмевање.
    Не знам кој мислиш дека лажеш, ден денес попови не пуштаат жени во олтари, не смеат да влегуваат во црква ако имаат менструација во моментот (не дека ќе проверат), користат епитети за жените како нечисти....
    Да не набројувам, но тешка глупост е ширење на приказни како оваа за Адам и Ева, измислена од мажи какви во денешно време ги нарекуваме фашисти и мизогинисти, мразачи на жени.
     
    На Waverly Raven, Lady D ❤️, fbaby и 3 други им се допаѓа ова.
  15. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    1.336
    Пол:
    Женски
    Фала за пишаново но ова се подрзабира, исто колку што мислам дека се подразбира на кои коментари мислам кога го пишав ова.

    Иначе да, дискусијава се врти во круг. Ако може модераторо да ја исконтролира темава за да не се повторуваат некои работи и да се вратиме на оригиналната тема, или да се префрлиме во се за религија
     
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Машки
    Па бидејќи е форум треба да се коментира на темата, а не да се коментира надвор од темата. Темата овде е светата тајна исповед. Не е тема за лечење на лични фрустрации. Да беше на општата тема ќе си разговаравме.
    Како што кажува Светото Писмо, Ева била измамена од змијата, вкусила од плодот и со тоа почнала да го распознава доброто и злото. Потоа му дала на Адама и тој каснал и вкусил.
    Гревот го носиме како наследство, затоа што ги носиме и придобивките од тој грев. Дали секој човек може да разликува што е добро изло? Може.
    И Адам е виновен затоа што не се покаја.

    Значи ако не може жената да биде свештеник, не значи, дека не може да биде мајка. И пак ќе повторам, ЖЕНА Го роди Христа.

    Критика може да дава, некој што е запознат со темата, а лечење на фрустрации не е конструктивна критика.

    В олтар не смее да влезе непосветен. И ти да сакаш да влезеш в олтар не смееш, што ако си маж.
    Кој вика, дека не смее да оди жена ако има менструација в црква? Може да оди, ако е добро заштитена.
    Ако не беше Христијанството, ќе живеевме во робовладетелско општество и сега ќе бевме повеќето робови со мотиките в раце! А жените ќе беа забулени и сметани за робови и во семејството и во општеството.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    7.825
    Пол:
    Женски
    Значи според ова секој грев е добар зошто добиваме нешто од него. Како ги поврза двете работи свештеник и мајка воошто не ми е јасно. Прво жените не можат да бидат свештеници поради тоа што луѓето така одлучиле, никаде не рекол Бог, жена не може да биде свештеник, за тоа што може да биде мајка, таква е природата, така Бог ја створил.
    Во олтар влегуваат мажи кои што сакаат да влезат, дури и неповикани, имам видено ова, затоа и кажувам. Жена не може да иде во олтар, зашто мажот така одлучил, Бог никаде не рекол жена да не влегува во олтар.
    Жената може да оди во црква, само ако е добро заштитена? Како мислиш заштитена? Бог ја создал така и тоа е сосема нормално. Луѓето ги измислиле сите овие глупи правила.
    Мала исправка, христијанството се појавило во робовладетелство и долго после него е робовладетелство.
     
    На INNERBEAUTY, Lady D ❤️ и Mikha4 им се допаѓа ова.
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    19.528
    Пол:
    Женски
    Нема што да му се исповедаш на поп што завршил школо за поп, на бог можеш дирекно преку молитва да му се обратиш
    Многу ги имате преценето поповите
     
    На Lady D ❤️, Mikha4 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  19. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    8.795
    Пол:
    Машки
    Прејако е како ова ти е на исто рамниште :clap: .

    И исто така, не го родила жена Христа, туку тинејџерка. Бидејќи имала околу 14-16 години.
    Шо отвара многу прашања само по себе :?:.
     
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Машки
    Гревот е лош и секогаш не' одделува од Бога, но не значи дека не носи привремени придобивки. Пример: ако ограбиш некого ќе имаш материјални придобивки, ако блудствуваш може и да се роди бебе, кое има потенцијал и да стане светец. Но, не значи дека гревот не и' штети на душата.
    Непосветен и неповикан поради работа не смее да влегува в олтар. Ни маж, ни дете, ни ништо.
    Заштитена за време на циклус значи да не и' капи крв по земја. Мислиш отсекогаш имало хигиенски средства?
    Христијанството го укинува робовладетелството. Христијанството силата ја добива во 4. век. Во исто време се укинува и топството. Од првиот до 4. век Христијаните се гонети и убивани. Како сега што се гонети и убивани и во исламските и во комунистичките и во паганските земји.
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.