1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исповед

Дискусија во 'Религија' започната од Pla4ka, 26 јануари 2010.

  1. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Е тука малце ќе се вмешам за ова, ај прашај ги бабите наши на колку раѓале? Еве јас знам примери од пријателки чии баби, прабаби се мажеле на 15 години, тоа е пред околу две генерации.

    Мене тоа ми е многу понормално ( ајде да речеме 17-18, да не е 15), него ли денешново форисирање на кариера градење, шетање или што ти јас знам, и после раѓање на 35+ години.

    Многу позрели биле луѓево порано. На 19-20 години веќе семејство граделе, а не ние денешниве, на 20 едвај една кајгана знаеме сами да направиме што се вика, ама нејсе, избегавме скроз од темава.
     
    На GirlLove и Orthophill им се допаѓа ова.
  2. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    А дали ти си родила или планираш да раѓаш на 17-18 години?
     
    На Waverly Raven, asdas, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Јас не, ама мајка ми да. И моја најголема желба е да бидам млада мајка, сакав и на 22 да оформам семејство, тогаш прв пат сфатив дека навистина ќе бидам среќна ако сум млада мајка. И така и се молам на Бога, па нека биде по Божја волја, ама желбата кај мене ја имам. А и многу ми е убаво и од секогаш ми било убаво кога сум гледала млади мајки.

    Еве имам и од генерација девојка кое стана млада мајка и братучедка и општо такви примери од секогаш кај мене оставале длабок позитивен впечаток, некако убаво ми е. Значи не сум, ама сакам да бидам :)
     
    На Orthophill и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.556
    Допаѓања:
    38.576
    Пол:
    Женски
    Извинете ама дискусијава ми се чини многу непродуктивна... @Just.do.it ти христијанка си колку што сфатив? 2000+ години постои религијава и тие се правилата, ако сакаш да ги следиш следи ги ако не најди си друго верување. Библијата е напишана во друг милениум, постулатите се одлика на своето време, не знам што очекувате, да пишува дека во црковни објекти треба да има репрезентација на еден свештеник жена, еден транс свештеник и еден нон бајнри? Има многу побитни и покорисни ситуации кај што треба да се дискутираат родовни неправди, а религиите полека изумираат и остануваат само лично спиритуално чувство, така што дискусии за родовите улоги во религијата ми се чинат веќе непотребни.
    :rofl: не биле позрели туку единствена цел им било да се омажат и да родат деца. Стварно е глупо како млад човек да тежнееш за време кај што немале никаков избор.
    Иначе сите мои баби раѓале на 20+, не ми е познато дека пред две генерации се раѓало на 15.
     
    На asdas, Bezimenka90 и Цунами им се допаѓа ова.
  5. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.159
    Допаѓања:
    8.795
    Пол:
    Машки
    Па да де... Оти така е христијански, се раѓа женското, расте некоја година, почнува да менструира и тоа е знак дека треба да почне да раѓа.
    Толку ѝ трае животот.

    Пред две генерации спиеле на патос по 20 души во соба.
    Додека свекорот и свекрвата спиеле на едниот крај од подот, до 12те деца наредени во средина, на другиот крај мажот и жената го правеле 13тото дете. Пред две генерации ова...
     
    На christinnn, Bezimenka90 и Цунами им се допаѓа ова.
  6. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Скроз ве разбирам и вас, ама и денешницава не е најнормална. Семејните вредности се сведени на нула. Се помалку сплотени семејства, повеќе разводи, децата депресивни. Секое на свој начин си искажува потреба за љубов, ама се приметува.

    Резултатот од тоа време кога спиеле по 12 души в соба сега го гледаме. Резултатот од ова наше денешно прогресивно верување ќе го видиме за идните 2,3 генерации. Тогаш ќе може со поголема сигурност да се каже што е поисправно. Градење семејни, трајни вредности или тежнеење кон материјализам и комоција.
     
  7. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.867
    Во ред, значи однапред кажувам дека ова што го пишувам не се однесува лично на твојата желба да си млада мајка, не коментирам дали треба или не, затоа што тоа е лично чувство и не мора да се совпаѓа со моето. Ова што го пишувам се однесува на идеализирањето постари генерации како помудри, позрели итн:

    Надвор од твоето лично искуство со твоите мајка и баби кои можеби ја имале среќата, желбата и изборот да одлучат сами за себе, повеќето жени го немале тој избор, дали од финансиски причини или едноставно растење со таква индоктринација. Никој не ги прашувал дали сакаат или не сакаат, дали се мажат од љубов или не, туку биле научени од мали дека треба да се спремаат да се нечија сопруга и да прават потомство, без разлика дали се заљубени, психички спремни за одгледување дете, дали имаат други желби во животот (прашање е воопшто дали гледале шанса за правење други работи во животот). Секако дека секогаш има исклучоци, но се гледа целосната слика. Значи не е прашање на зрелост, туку едноставно си ставен во таква обврска, слично како што никој не те прашува дали сакаш да работиш за да опстанеш, туку ти е наметнато.

    Со други зборови, замисли го обратниот случај - еве ти сакаш да имаш деца млада, а да ти е на некој начин „забрането“/да си отфрлена од општеството ако го направиш тоа додека не наполниш 35 години. И ти, затоа што си немоќна сама да се спротивставуваш со цело општество, ќе „мора“ да се потчинеш на тоа. И потоа по години помладите генерации да тврдат дека тоа било твој избор, ти си сакала така, а реалноста е друга.
     
    На Waverly Raven, Bezimenka90, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.556
    Допаѓања:
    38.576
    Пол:
    Женски
    Порано седеле во лоши бракови зашто било срамота да се разведат. Плус било потешко зашто многу жени не работеле. И таму биле депресивни децата, ама никој не зборел за тоа. Дека порано имало семејни вредности а сега нема е чиста илузија, ваљда дека луѓето како стареат се сеќаваат само на убавите моменти а ги потиснуваат и не им се збори за грдите работи од нивното време. Да градиш семејство можеш во било кое време, дали ќе ти биде стабилно и трајно зависи од тебе, не од времето во кое живееш.
     
    На Waverly Raven, Munchmallow20, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Па да, тоа не можеме никогаш да го знаеме, голема е веројатноста вие да сте во право. Нека биде така.

    Ама резултатот од ставањето на самите себе на прво место, ставањето на материјалното и комоцијата на прво место, ќе го видиме за неколку генерации. Вака овде можеме 3 месеци муабет да си правиме и фајде пак нема да видиме.
     
  10. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Ти си ја ставаш твојата желба да бидеш млада мајка пред сѐ и тоа е во ред, се ставаш сама на прво место, нечии други желби и комоција се некому на прво место а не твоето гледиште што е исправно а што не. Така да, те молам не романтизирај времиња кога се немало избор наспроти денес.
     
    На Waverly Raven, christinnn, Just.do.it и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Па кога мислењево некој ќе ми го изнесе од ваква гледна точка, може и во право си. Може и навистина се ставам себе си на прво место. Ете ова никогаш не би ми паднало на памет вака да го разгледам, од оваа гледна точка. Фала ти :)
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Што е грешно во градењето на кариера и раѓање после 35 год?
     
    На Waverly Raven, jagotka123 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  13. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    eve, jas sakam da sum pop.
    smeam??
    ili nemam takvo pravo?
    pa kako velish prva vera koj i dava sekavi prava na zhenata, a od druga strana zhenite ne smea da se popovi, zatoa shto nemaat mashki polov organ.

    ova li se tie sekakvi prava na zhenata za koi uporno se obiduvash da dokazhesh??
     
    На Mikha4 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  14. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Не реков дека е погрешно, реков дека може подобро и понормално е млади да раѓаме повеќето, него ли повеќето целта да ни биде друга, ама нејсе, ова е тема за исповед, не ми иде овде за ова да разговараме, веројатно и мислењата ќе бидат преместени.

    Првичниот коментар ми беше за членот што вака прокоментира за Пресвета Богородица, дека Христос е роден од тинејџерка, па го изнесов своето мислење на тема млади мајки.
     
  15. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    spored mene ne e podobro i ponormalno mladi da ragjaat od povekje prichini:
    1. se ushte ne se razvieni psihichki
    2. ne se samostojni od sekakov aspekt
    3. nemaat finansii ( da, za bebe se potrebni i finansii)
    mnogu podobro i pologichno mi e mladite da sakaat da vlozhat vo sebe, da pochnat kariera, pa tek togash da oformat semejstvo.
    koga vlozhuvash vo sebe i imash nekakva kariera, mozhesh povekje raboti da mu ovozmozhish na deteto ( a neli toa site roditeli go sakaat- da mu ovozmozhat se najdobro na nivnotot dete)
     
    На Waverly Raven, Цунами, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.847
    Допаѓања:
    4.547
    Пол:
    Машки
    Замонаши се и игуманија можеби ќе бидеш. И в олтар ќе влегуваш и на поповите ќе им командуваш.
     
  17. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Зошто е подобро и понормално да раѓаме млади? Има некое истражување за ова?
    Како дозволувате вака да зборувате за некој кој се одлучил за кариера и се одлучил да раѓа покасно?!
     
    На Waverly Raven, Цунами и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  18. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Ај сега ова пред огледало. (Само би додала и да се гура во сечие грло со меч присилно илјадници години).
    Нe , па љути се колку сакаш. Ако сакаш да ти се извинат, да се извини прво црквта за дискриминација над eжената, народите и нивните религии. Исти правила важат за сите. Се друго е :

    ce5f0vwkecs51.jpg
     
    Последна измена: 12 ноември 2022
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  19. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Значи еден ќе изнесе подруго мислење и одма не чини. Не реков дека е погрешно некој да брка кариера, таман работа колку само успешни жени има кои направиле толку добри работи, многу жени и да сакаат не можат да имаат деца итн.

    Јас само го цитирав членот кој вака глупо искоментира за Пресвета Богородица и дека не е толку страшно да се биде млада мајка, баш напротив, убава работа е исто толку колку што е убаво и кариера да се брка. И сеуште стојам на тоа дека како општество треба да ги охрабруваме оние кои сакаат да бидат млади мајки/татковци. Подобро е тоа да се популаризира, да човек створи нешто, него ли вака буквално животот да ти пројде, а зад себе ништо да немаш. Материјалното се губи, губи на вредност, оние шетања ќе избледнат со време, ќе остане човек сам. Стојам до тоа дека треба повеќе да се вложува во трајни, семејни вредности и младите да се охрабруваат во тоа од страна на општеството. И тоа е се што сакав да кажам на темата.

    Ама секој ќе си слушне и ќе си прочита како што му чини и пак ќе се повторам, можеме уште три месеци овде да збориме без фајде на темава. Не планирам на никој да се докажувам, јас си стојам до моето мислење, ама кога веќе ме цитирате, морам да ви одговорам. Моето мислење првично беше упатено кон господинот кој вака збореше за Пресвета Богородица. Толку имам на темава да кажам.
     
    На Bratot и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  20. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    popovite ne mora da se monasi za da vleguvaat v oltar.
    ednakvost i sekakvi prava na zhenite vo hristijanstvoto- nula.
    ne postoi takvo neshto, ne postojat sekakvi prava na zhenite vo hristijanstvoto.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.