1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исповед

Дискусија во 'Религија' започната од Pla4ka, 26 јануари 2010.

  1. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Навистина и јас би сакала да се исповедам бидејќи мислам дека на тој начин би се чувствувала полесно затоа што поинаку е кога ќе го кажеш она што ти лежи на срце а не можеш да го кажеш било кому.Но сепак се сложувам со тоа дека кај нас баш и нема кому да се исповедаш а баш би сакала
     
  2. sweetybaby

    sweetybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    Би сакала да ви кажам, исповед не е само да кажеш што ти лежи на душа, исповед е да ги кажеш сите свои гревови, а после тоа духовникот ти чита молитва за простување на гревовите. Ве сваќам, во мојов град нема кај кого да се исповедам бидејќи сепак поповите ми се недоверливи, мојот духовник е околу 80 км подалеку од мене, немора да значи да е од вашето место. Има премногу добри монаси во нашите манастири кај кои што можете да се исповедате :)
     
  3. davidguettabestfan

    davidguettabestfan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    6
    Друго е кога се исповедаш на пријателите и родителите,а друго кога се исповедаш кај свештено лице.Доколку би убила човек би се исповедала ли на пријател?Сепак би те пријавиле во полиција,би те кажале на родителите кои сигурно би се презеле нешто.Не си запознаена доволно со Божјите работи.Не сум некој поп ама го кажувам ова бидејќи сум ќерка на поп. Секое свештено лице без разлика дали е поп ,владика ,монах има должност да ја чува тајната бидејќи тој е духовен татко.Доколку тој ја предаде тајната на други ќе биде разрешен и ќе одговара пред Божјиот суд.
    Сакате верувајте ама така е! ;)
    Поздрав имајте убав ден :D
     
    На Ana.brojka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Вистина е ова во потполност. :) Ако каже, следува расчинување.
     
  5. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    47
    Во мојот крај не би се исповедала на попот,бидејќи секој втор ден е пијан,кај другиве не знам,ама добро е да си ја малку исчистиш душата...
     
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум се исповедала, а искрено немам ни план.
    Тоа што ми лежи на душата имам на кого да го кажам, и последно лице на кое би кажала е некој искорумпиран поп. Да признаеме кај нас не секој поп има чесна намера...но, не дека се сите такви, нормално.
    А за миоте гревови, јас сум крива, ниту свештеник ниту никој може да ми ги опрости. Можам само јас преку верба и молитва.
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Не сум се исповедала до сега, но би се исповедала на монах, на поповите многу не им верувам.
    Интересна традиција постоела во Русија (мислам дека речиси е искоренета), со монасите наречени старци. Старецот е еден вид на духовен водич, и секој верник можел да има свој старец, пред кого ги кажувал сите свои гревови и проблеми. Старецот го советувал, но и го водел низ животот, низ искушенијата и тешкотиите.
     
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Здраво на сите на овој форум.
    Не знам како би ме разбрале, но исповедта не според мене туку според Црквата е една од 7те Свети Тајни. Оној човек што сака да живее според Божјите заповеди, ја извршува и исповедтта. Помеѓу нас луѓето многу е грешно разбрана оваа Света Тајна. Ние мислиме дека се исповедаме пред свештеникот, но не е така, се она што го кажуваме го кажуваме на Господ, додека свештеникот е само посредник помеѓу нас и Бог. Исто ќе речат многу: па кај кој да се исповедаме, сите се исти, но сепак постојат и многу свештеници кои верувајте ми не се ни малку слични на другите. Она што сакав да ви го кажам е дека и колку да се обидуваме не можеме да најдеме идеален и безгрешен свештеник за исповед. Сите сме грешни, па дури и свештениците зашто и тие се луѓе како нас.
    Ќе ви кажам само еден пример од еден свет отец.Тој отец го рекол ова: ако би побарале безгрешен човек за да одиме на исповед(а таков нема), тогаш како решение и Господ да ни испрати Ангели, кога би слушнале тие што сме направиле сигурно би се онесвестиле. Би ни дале совети за тоа повеќе да не го правиме, па и тогаш како ние би ги послушале. Дали и ние би можеле да се одвикнеме и откажеме од многу работи? Да неправиме лоши работи, да не зборуваме многу, да НЕ МИСЛИМЕ лошо за другите, да ја оставиме нашата работа и да му помогнеме на оној што има повеќе работа..... И на крај како ние ќе излеземе од таа исповед или поточно кажано дали се тоа ќе ни рече Ангелот ќе го испочитуваме?
    Заклучок: Сепак Господ добро промислил и затоа избрал луѓе што живеат како и сите други, и се бори за живот како сите други.
    Совет: Господ на секој што сака да се исповеда ќе му ја слушне молитвата и ќе му најде добар духовник кој верувајте ми (од искуство) повеќе ќе има смелост да разговара со него отколку и со оној што ни најблизок. Се е во верата и довербата, ако се исповедаш чисто и од срце, Господ нема да дозволи и еден збор од твојата исповед да излезе од устата на духовникот.
    Поздрав и извинете што бев многу долга со своето размислување. Се надевам дека некој ќе извлече поука.
     
    На kuc, Таа Сум, A-j-a и 11 други им се допаѓа ова.
  9. twisterworp

    twisterworp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    19
    а јас на ГОСПОД само му се исповедувам се што имам е мегу мене и НЕГО и никој друг
    знам не сум вреден да се исповедувам на БОГА
    ама дали ми требаат посредници?
    нели БОГ слуша се знае се?
    ЈАС сум ГОСПОД БОГ кој го открива крајот на почетокот така?

    исаиа 46 9 спомнете си за она што било порано, од крајот на векот; земете го тоа при срце, зашто Јас сум Бог и нема друг Бог и нема подобен на Мене.

    10 Јас го навестувам во почетокот она што ќе биде на крајот, од старо време она што уште не станало, па велам: "Мојата одлука ќе се изврши, и се што Ми е угодно - ќе го направам."

    затоа јас иако невреден му се молам и исповедувам само НЕМУ
     
  10. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Да, се исповедувам.Суштината не е само да си кажеш што ти лежи на душа,туку да се покаеш,вистински, за тоа што си згрешил и истото да го исповедаш на духовниот татко,кој раководи со твојот духовен живот.Духовникот ти чита разрешителна молитва и дава благослов за причест.
    Инаку многу полесно да си седнеш сам и се обратиш кон Бога,згрешив ова,она,меѓутоа кога тоа го правиш пред свештено лице,се преплетува чувство на срам,грозење од самиот себе си дека си згрешил,ја надминуваш најлошата човечка особина-горедливоста,виновна за многу гревови и ќе размислиш следниот пат дали ќе ги правиш истите грешки,па да се срамиш и исповедаш за истите.
     
    На Таа Сум, tessie и snegulka21 им се допаѓа ова.
  11. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    До сега не сум била исповед , но колку што имам слушано треба да се исповедаш кај монах....
     
  12. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    85
    Човек неможе ни да смисли грев што неможе да биде опростен од Бога.
    Но вистинското исповедање е пред Исус Христос кој умре за гревовите на лугето и само преку Исус може да се добие опростување, гревот ке биде опростен ако вистински се кае некој, со што се заветува пред Бога дека нема да греши веке, ако повторно згреши тогаш состојбата на тој човек ке биде 7 пати полоша.
     
  13. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Дали во Македонија постојат такви "соби"(катчиња) за исповедување како што постојат во странство? Затоа што сепак некако е непријатно да му се доверуваш на свештеник а тој да стои пред тебе и да не знаеш како ќе изреагира. И незнам кој рече горе за убиство... Ама сепак мислам,дека свештеникот би певзел нешто во врска со тоа затоа што сигурно не ќе дозволи убиец да шета меѓу луѓето. Ама од друга страна, кој убиец бил на исповедување во црква? :D
     
  14. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    Јас се исповедав лани пред поп во црква и стоеше пред мене ,а не во посебна соба , и мислам дека згрешив многу .А за такви соби мислам дека нема во православните цркви (поправете ме ако грешам) барем јас кај што бев немаше. Инаку јас не сакав да се исповедам , но нели по ново за да се причестиш треба и ајде си реков да биде се како што треба . Многу неубаво чувство некој очи в очи да те суди , а нормално пред толку икони нема ни да се осмелиш да излажеш нешто и буквално се прашува (според заповедите). Е сега јас имав лошо искуство , не добив благослов за причест и многу негативно влијаеше тоа на мене, со плачење излегов од таму и еве оваа година не постам. И добив совет дури не се мажам да не се причестувам , па претпоставете поради што не добив благослов :$
     
  15. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.314
    ^^ што е тоа што еден поп неможе да прости за да ти даде благослов ??

    Пред се мислам дека не би се исповедала па за ништо на светов. Она што сум решила да не го кажувам нема да го кажам на никој, а за нешто ако ми треба совет или во лоша ситуација покрај мене си имам вистински луѓе кој до сега не ме изневериле. Пред се не би се исповедала од проста причина што сметам дека кај нас нема искрен поп или лице кое би те ислушало, би ти дало совет или би ти помогнало. Ма ни поп ни монах ништо не признавам
     
  16. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    Предбрачните односи со дечко ми :D
     
    На korisnichka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.314
    а неговите швалерки кој ќе му ги прости. ццц не ми се верува ете тоа ме иритира ти одиш за да ги исчистиш гревовите. ех злато мое тој немозе изгледа да го прими тој грев и чува за себе :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  18. kuklica

    kuklica Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    oooh e toogas ziv coek na svetov ne treba da se pricesti ama bas nikoj osven baba(mozevi i taa ne bila cesna pred brakot) :lol:
     
  19. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Верувам во Бога ама слугите негови се заникаде, барем во мојот град. Одиме на литургија со сопругот, едниот свештеник пее во олтарот а другиот, заедно со две момчиња пеат надвор од книгата. И ги гледам едно време на попот досадно му стана и почна на детето заушки да му удара ?????? Ееееееееееј, пеат од светата книга, луѓе дошле да се помолат на Бога, на што личи такво однесување? Се дерат низ црквениот двор, аааааа, кај си бееееееееее, муабети хорор.
    И групните сечења на славски колач, групно крштевање на деца, трчањето по гробишта за задушница, и ред други ситници ме иритираат. Поповите гледаат само да протераат низ раце маса на луѓе при тоа не обрнувајки внимание колку самиот чин му значи на некој. Уште па слушнав дека попот кој оди кај мајка ми да крсти вода и да сече колач имал швалерка. Поп? И тој треба да мене да ме исповеда и да ми дава благослов...
     
  20. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.301
    Допаѓања:
    37.951
    Пол:
    Женски
    ^ не е за смеење ама се изнасмеав со заушките :D И во мојот град таков глас ги бие поповите, секоја чест на исклучоците. Ама јас на исповед повеќе НЕ :!: