1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исповед

Дискусија во 'Религија' започната од Pla4ka, 26 јануари 2010.

  1. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Да, ти велам пошто гледам дека немаш појма, ставај самјлиња и сарказазм колку сакаш. Ајде да најдам и ќе поставам.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    2.719
    Пол:
    Женски
    Вака како си напишал делува како вистина со која би се согласила во делот каде пронаоѓаш духовна позадина за сите овие војни.
    Само нема тоа врска со учењето на Христос, бидејќи нивните креатори свесно на најголемиот Христов противник се поклонувале.
    На страна што православието не е ни вмешано.:)
     
    Последна измена: 13 ноември 2022
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  3. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    1. Тогаш Исус му проповедаше на народот и на учениците Свои,
    2. говорејќи: „На Мојсеевото седиште седнаа книжниците и фарисеите.
    3. Затоа, сè што ќе ви кажат да пазите, пазете и извршувајте; а според делата нивни не постапувајте, оти тие говорат, а не извршуваат;
    4. врзуваат бремиња тешки и мачни за носење и ги клаваат врз плеќите на луѓето, а сами не сакаат ни со прст да ги помрднат;
    5. и сите свои дела ги прават, за да ги видат луѓето; ги истакнуваат своите записи од законот и прават големи поли на својата облека;
    6. сакаат прво место на гозбите и предни места во синагогите,
    7. и поздрави по улиците, и да им велат луѓето »учителе, учителе!«
    8. А вие, немојте да се наречувате учители, зашто еден е вашиот Учител – Христос, а вие сте сите браќа;
    9. и никого на земјата не викајте го свој татко, оти еден е вашиот Отец, Кој е на небесата;
    10. и наставници немојте да се именувате зашто, еден е вашиот Наставник – Христос.
    11. Но поголемиот меѓу вас да ви биде слуга;
    12. зашто, кој се воздига, ќе биде понизен; а кој се понизува, ќе биде воздигнат.
    13. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, затоа што го затворате царството небесно пред луѓето; оти, нити вие влегувате, ниту ги пуштате да влезат оние, што сакаат да влезат.
    14. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти ги подјадувате домовите на вдовиците и лицемерно долго се молите; заради тоа ќе добиете поголема осуда.
    14. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти ги подјадувате домовите на вдовиците и лицемерно долго се молите; заради тоа ќе добиете поголема осуда.
    15. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто обиколувате по море и по копно за да добиете еден последовател, и кога ќе успеете во тоа, тогаш го правите син на пеколот, двапати полош од вас.
    16. Тешко вам, водачи слепи, кои велите: »Ако се заколне некој во храмот, не е ништо; но ако се заколне некој во црковното злато, виновен е.«
    17. Безумни и слепи! Што е поголемо, навистина: златото или црквата, која го осветува златото?
    18. Исто така велите: »Ако некој се заколне во жртвеникот, ништо не е; но, ако некој се заколне во дарот што е на него, виновен е«
    19. Безумни и слепи! Што е, навистина, посвето: дарот или жртвеникот, што го осветува дарот?
    20. А кој се заколне во жртвеникот, се колне во него и во сè што е врз него;
    21. и кој се заколне во црквата, се колне во неа и во Оној, Кој живее во неа;
    22. и кој се заколне во небото, се колне во престолот Божји и во Оној, што седи на него.
    23. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти давате десеток од нане, копра и кимин, а сте го оставиле најважното во Законот: праведноста, милоста и верата; ова требаше да го правите, а и она да не го оставате.
    24. Водачи слепи, вие комарецот го цедите, а камилата ја проголтувате.
    25. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто ја чистите чашата и чинијата однадвор, додека внатре тие се полни со
    грабеж и неправда.
    26. Слепи фарисеју, очисти ја чашата и чинијата најнапред внатре, за да бидат чисти и однадвор.
    27. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти многу личите на варосани гробови, што однадвор изгледаат убаво, а внатре се полни со мртовечки коски и секаква нечистотија;
    28. така и вие, однадвор им се покажувате на луѓето како праведни, а внатре сте полни со лицемерност и беззаконие.
    29. Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, оти ѕидате гробници за пророците и ги украсувате спомениците на праведните,
    30. па велите: »Ако живеевме во дните на нашите татковци, немаше да станеме нивни соучесници во крвта на пророците«.
    31. А со тоа сведочите сами против себе, дека сте синови на оние, што ги убиле пророците.
    32. Дополнете ја и вие мерата на татковците ваши.
    33. Змии и породи аспидини, како ќе побегнете од пресудата за во пеколот?
    34. Затоа, ете, Јас праќам при вас пророци и мудреци и книжници; едните ќе ги убиете и распнете, а другите ќе ги биете по синагогите и ќе ги прогонувате од град во град;
    35. за да падне врз вас сета праведна крв што е пролеана на земјата, од крвта на праведниот Авел па до крвта на Захарија, синот Варахиин, кого го убивте меѓу храмот и жртвеникот.
    36. Вистина, ви велам: сето тоа ќе падне врз овој род.
    37. Ерусалиме, Ерусалиме, што ги убиваш пророците и со камења ги засипуваш испратените при тебе! Колкупати сакав да ги соберам чедата твои, како кокошка што ги собира пилињата свои под крилја, а вие нејќевте.
    38. Ете, ви се остава вашиот дом пуст.
    39. Оти, ви велам: нема да Ме видите отсега дури не кажете: »Благословен е Оној, Кој иде во името Господово!«“

    https://www.sveto-pismo.mk/nov-zavet/sveto-evangelie-matej/
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    2.719
    Пол:
    Женски
    Тој што краде,лаже,тепа и сл....а притоа и оди во цркква е човек кој е во борба.
    Можеби ќе успее да го пронајде еден ден Бога и ќе се покае.
    Верата помага да се исправаш и безброј пати ако паднеш.
    Никој никогаш не рекол дека е најдобар бидејќи оди во црква.
     
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Жено, Библијата ми е прочитана неколку пати, не ми требаат цитати да поставиш. Читам Библија и духовна литература, одам во црква и сум православен христијанин, не ми требаат од тебе лекции. Јас моето го кажав, ти горделиво тврдиш дека моето нема смисла, твоето има. Во ред е, уживај, те оставам да мислиш така. Не ти е прв пат, поштеди ме...
     
    На Цунами и Mic18 им се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.947
    Пол:
    Женски
    Имаме слободна волја, така? Е, па никој не ве тера присилно да одите кај поп да се исповедате, дека нели попот пушел цигари, грешник бил и не знам ти што. Да, и тој е грешник, колку и да влегува во олтар, колку и да носи света облека, ама на крај на денот, истиот тој поп, како и сите ние, го носи својот крст, и одговара пред Бог, и него му е, и ќе му биде судено со иста мера како нас.
     
    На kuc, Цунами и Mic18 им се допаѓа ова.
  7. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Вака гледано и има некаква смисла. :?:
    Со разлика само што психолозите не инсистираат да ти водат рачуна за секој аспект од животот неповикани и започнуваат војни ширум светот ако некој не се согласува со нивните начини и методи.

    Нека прави кој што му носи мир ваљда.
    ( ова од прееска сум заборавила да пратам)
    Во постот @Rama имаше спомнато и направено паралелеа со психолози и психо-терапија, сега е избришано.
     
    На Angie1432 и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.462
    Допаѓања:
    54.947
    Пол:
    Женски
    Јас не избришав ништо... Реин ми го едитираше постот за да не замине дискусијата офтопик. Кажав тоа што имав да кажам, не наметнувам ништо, сите имаме право што сакаме да правиме и кај што сакаме да ги исповедаме нашите гревови, тешкотии и проблеми :)
     
  9. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.707
    Допаѓања:
    14.442
    Пол:
    Женски
    Since when верник се поистоветува со почитување на поп? Какви примери ни даваат поповите....ретко за кого имам добро мислење.
    За исповед и покајание,можете да се покаите било каде и во било кое време и да го смените начинот на живот,да се извините на тие спрема кои сте биле неправедни,да ги поправите грешките доколку е возможно,со дела,зошто исповед? Јас пре би отишла на психолог или психијатар.
    Верувам во Бог,одам во црква,ама за попови малку морген,уште помалку да се исповедам пред нив.
     
    На Mikha4 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.152
    Допаѓања:
    11.660
    Пол:
    Машки
    Џабе барате логика во религијата, а особено во црквата.

    Смешно ми е шо овде многумина се прават на тошо и повикуваат на индивидуалистички пристап кон религијата, а всушност црквата е една од најголемите и најмоќните организации со огромен број на приврзаници.

    Оттука, ќе кажам дека црквата, а воопшто и “христијани кои не се дел од црквата” ја користат религијата како оправдување за еден куп дискриминаторни, стереотипични мислења и демагогии шо нив им одговараат, т.е. шо за нив се “морални”.

    Се надевам, ќе дојде ден кога сето ова ќе се гледа ИСКЛУЧИВО од историски и никаков друг аспект.
     
    На Mikha4 и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  11. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    532
    Пол:
    Машки
    Можеш ти да не ги почитуваш поповите, ама во православниот свет се знае на исповед се иде кај поп/монах
     
    На kuc му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Туку кога сме кај исповед, денес за прв пат во живот се имам исповедано. После години лево-десно лутање, и после месец и кусур обид за исповед, конечно се исповедав, фала му на Бога.

    За оние упатените во вера, верувам знаат какво е тоа олеснување и што тоа значи, а за оние кои се по „тумачење“ на работите, ако смеам така да се изразам без да ми скокнете пола форум :rofl:, да ви кажам нема поарен reality check. Колку и да си мислите дека знаете што е и како е и си тумачиме тука од страна, кога ќе си застане човек, ќе си осети.

    Ова ви го кажувам како некој кој уште каде ли ти не лутал и на крај вистината и мирот си ги најдов дома, во православието.
     
    На Касија, Rama, Bitter-Sweet и 3 други им се допаѓа ова.
  13. gazoza

    gazoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2020
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Никој не е должен јас да му се исповедам. И тој човек што ќе му се исповедам е грешник како јас.
     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.791
    Допаѓања:
    48.298
    Пол:
    Женски
    Јас на поп не би му кажала се`. Ќе падне во несвест.
    Ама пред спиење на Господ знам да му се исповедам, додуша што ќе исповедам кога гледа и знае се`. Само си кажувам зошто сум напраила итн
     
    На GirlLove, tel-ef, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Ама ако господ сакал да биде така, нема и зошто да се објаснуваш... just saying :?:
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Окситоцин ❤️

    Окситоцин ❤️ Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2022
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    Исто не би кажала се, има полиција да ми викни :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На tel-ef и Feminka22 им се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.791
    Допаѓања:
    48.298
    Пол:
    Женски
    ма и полиција и жуто комбе :D
     
    На tel-ef, cresa-jagoda и Окситоцин ❤️ им се допаѓа ова.
  18. Окситоцин ❤️

    Окситоцин ❤️ Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2022
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Не треба пред Бога да ,,се објаснуваш'' зошто си згрешила. Треба само искрено покајание, тоа објаснување значи дека се оправдуваш за сторениот грев. Да, знае Бог што си направила, само чека покајание, сите сме грешни, само покајанието е разликата меѓу грешниците.
    За делот со попот, тој е само посредник меѓу тебе и Бога. Ти не му се исповедаш на попот, туку на Бог, попот само те слуша и нема ниту па смее да те осуди. И мене ми беше срам да кажам се' што сум згрешила првиот пат ама после тоа какво чувство на олеснување имав... :) Само се кажуваат грешките, без никакво објаснување зошто се сторени. Попот ги слуша и не' советува, спрема тоа што ќе го слушне. Во мојот случај, кога отидов прв пат, ме успокојуваше велејќи ,,Сум слушнал секакви работи, не се срами, не се плаши, што е кажано останува тука''.
    Исповедувањето пред поп плус ни помага да го скршиме тоа его, суета, тој штит што го имаме пред сиот свет па не сакаме да си ги признаеме грешките пред друг човек.
     
    На Wideperpetual, Rama, Elenpelen и 4 други им се допаѓа ова.
  20. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.336
    Пол:
    Женски
    Да ова е мнг точно, колкава храброст и сила треба да имаш за да си ги признаеш сите гревови пред поп, баш да ги кажеш работите какви што се, не да се правдаш не да ги смалуваш твоите грешки туку да си ја признаеш вистината на глас пред непознат сведок беше една од најважните работи што ги направив и мене лично многу ми помогна. Голема почит кон секој што се има исповедано
     
    На Rama, Окситоцин ❤️ и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.