1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исповед

Дискусија во 'Религија' започната од Pla4ka, 26 јануари 2010.

  1. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    857
    Допаѓања:
    1.301
    Пол:
    Женски
    posebna soba, privatno
     
  2. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Би се исповедала, но страв ми е после да не ме избрка од Црквата. :D
     
    На sj *O*, Anah и Окситоцин ❤️ им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.481
    Допаѓања:
    78.300
    Пол:
    Женски
    Вакви коментари многу сум видела/слушнала, сигурно на шала кажани а не сериозно. Во секој случај, црквата е за да ги собере грешниците кои ќе се покаат, не за да ги избрка.
     
    На eliesaab, sj *O*, Nela678 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    10.744
    Пол:
    Женски
    По исповедта, ми рече да одам здравје Боже во недела на причесна. Во среда и петок без месо.
    Дали само без месо или не треба никаква храна од животинско потекло, јогурт, јајца...?
     
  5. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Машки
    Зошто поконкретно не си го прашала? Обично треба да се посте во среда и петок али најубаво да си го прашаш
     
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    Извини ако грешам, ама како да те читав дека си бремена, можеби затоа ти рекол без месо. На бремени жени, на стари и болни лица или лица кои работат тешка физичка работа, свештеник им благословува пост каде што смеат да јадат јајца и млечни производи (кои не се дозволени во нормален пост) но без јадење на месо.
    Не знам што да ти кажам, ако не си во можност да одиш лично за да прашаш, побарај број од црквата и јави се таму за да прашаш за сигурно.

    @tel-ef Никој свештеник нема да те избрка од црквата, напротив ќе ти ги прости сите гревови, секако ако ги исповедаш од срце и се покаеш за истите.
    Никој од нас не сме безгрешни, сите сме исповедале срамни и грешни постапки и дела, никој не не избркал од црква.
    Доколку не сакаш исповед во црква, тогаш дома исповедај му се на Бог, кој ионака го знае секој наш грев, секое дело и мисла, само чека од нас да се покаеме и да побараме прошка.
     
    На sj *O*, elenaklasik, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  7. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    696
    Пол:
    Женски
    Dali moze da se napravi ispoved pred monah,ili monahinja, ili mora strikno pred pop?
     
  8. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Машки
    Може кај монах ако е игумен на манастирот
     
  9. strumfeta01

    strumfeta01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2016
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Здраво утре ќе одам на исповед прва година може ли да ми кажете отприлика кои работи ги сметаат за гревови и други прашања дали прашува попот
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    @Orthophill Мене ми имаше испратено една многу убава книга, ама може ќе немаш време да се спремиш.

    Исповедај она што ти тежи и што сметаш дека треба, а понатака како духовно ќе се развиваш и ќе ти текнува нешто што си сметала дека е океј да се прави, мисли и сл. а не било, ќе си го исповедаш тогаш. Не мора а и не може се да се исповеда се од еднаш, кога се работи за прва исповед после долги години. Барем кај мене беше така со духовникот, двапати бев да се исповедам.
     
    На eliesaab, IRBBB и Orthophill им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.481
    Допаѓања:
    78.300
    Пол:
    Женски
    Прво води се според 10те заповеди. Она што ми текнува моментално: завист, гордост, озборување, одмазда, непријателство, клевета, осуда, алчност, измама, мрзливост, среброљубие, блуд, поттикнување некој друг на грев, богохулие, недоверба во божјата волја, самоповредување, роптање (жалење за проблемите, за животот), пороци, интерес и занимавање со гатање, баење, хороскоп...
     
    На IRBBB, Orthophill и Mic18 им се допаѓа ова.
  12. Фино Дете

    Фино Дете Активен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2023
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Да,се имам исповедано и тоа многу ми помогнало,ме променило,сите грешиме и сите што одат по Манастири,Црвки или се исповедат се ко тебе ко мене,ако им било се ко што требат ако немале проблеми или не правеле гревови немало да ода да бараат спас,сите грешиме дури и Монасите се исповедуваат и тие имаат искушенија,сите што имаате грди помисли,проблеми,депресии или општо за сите спасот е само во тоа .!
     
    На RM1203, eliesaab, Гладиоли и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Гладиоли

    Гладиоли Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    587
    @Orthophill би сакала ако може мене книгата ?

    На темата ,ова со исповедите некако ново ми е.
    Знам дека треба да е тајна ама во близина немам свештено лице на кое би му верувала...
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.839
    Допаѓања:
    4.523
    Пол:
    Машки
    https://www.dropbox.com/s/c75qevb8mszlnwe/ZaboravenotoLekarstvo.pdf?dl=0
    https://www.dropbox.com/s/bnt5jaebmcb0k6t/KatihizisElektronskaKOE.pdf?dl=0

    Овие две книги ги препорачувам пред исповед и причесна.
     
    На simoncelicius, eliesaab, KittyAgnes и 2 други им се допаѓа ова.
  15. RM1203

    RM1203 Нов член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Се најдов себе си во проблематичен период во кој се чувствував безнадежно, збунето и без идеја за следен чекор. Подолг период не можам да излезам од врска во која се загубив себе си. Толку се измачував што не можев нормално да функционирам, немав добар сон, немав апетит, се самосожалував и самоокривував за се.

    Верник сум, често се молам и постам, но никогаш не сум се информирала доволно за христијанската религија. Не знаев за исповед и причесна, а камо ли за нешто повеќе.

    Цел овој период барав нешто цврсто за да се потпрам и да дојдам до внатрешен мир.

    Во цела таа магливост, на овој форум случајно прочитав за исповед. Ги прочитав книгите кои ги имавте прикачено – Заборавеното лекарство и Православен катихизис.

    Решив да се исповедам, да се соочам со сите мои досегашни гревови (кои не се воопшто занемарувачки, а сум ги криела длабоко во себе и ми тежеле сите овие години). Го запишав на лист секој грев што ми падна на памет и ги замолив родителите да ме придружуваат на Бигорскиот Манастир.

    Од неукост и неинформираност, не знаев дека најдобро е претходно да се најавиш за исповед, затоашто јас бев во среда, а преку недела свештениците си имаат свои обврски. Но, испадна ситуација да се ослободи едно свештено лице, и ме прифати.

    Ме внесе во една празна просторија, кадешто бевме присутни само ние двајца. Бев целосно збунета, но се потрудив да се сконцентрирам на целта за којашто сум тука. Почнав да зборувам тресејќи се, насолзена, а свештеникот ме смири, внимателно ме ислуша, поставувајќи по некое прашање. И покрај тежината на моите гревови, покажа неверојатно прифаќање и разбирање за сето тоа. Ми помогна да го сменам начинот на гледање на тие животни грешки за кои се јадев.

    На крајот ми даде благослов, ме насочи секојдневно да се молам на Господ за простување на гревовите, да постам во среда и петок, во неделите да присуствувам на литургија во моето место на живеење и да се причестувам, а после одреден период повторно да го побарам. Не конкретизиравме за колкав период се работи, па планирам кога ќе се почувствувам спремна да го известам со порака, зошто разменивме телефонски броеви.

    Дали сега тој е мојот духовен Отец? Дали би можела така да го контактирам кога ќе почувствувам потреба? Како би ме водел понатаму?

    Би сакала да направам позитивен пресврт на мојот живот и сметам дека направив вистински чекор. Најбитно од се е што го добив мирот кој ми беше потребен.
     
    На Elenpelen, Mic18, Orthophill и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.481
    Допаѓања:
    78.300
    Пол:
    Женски
    Да, кај него ќе продолжиш понатаму да се исповедаш и советуваш.
     
    На Orthophill, RM1203, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.