1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исповед

Дискусија во 'Религија' започната од Pla4ka, 26 јануари 2010.

  1. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Покрај тоа што се исповедам секојдневно на мајка ми, се исповедам и кај поп, во католичката црква доколку сакаш да примиш причест мораш и да се исповедаш, јас порано почесто се исповедав, сега одвреме навреме, но се зависи до попот како исповеда.

    Еднаш се сеќавам влегов во исповедалницата и почнав да му ги кажувам моите гревови и така тој мене ме ислуша и на крај ми даде таква поука и совет мислам попот како да прогледа низ мене (а меѓу нас стои решетка низ која тој не може да ме види :) ), како да ми влезе у психа и прочита се што носам, кога излегов се почувствував толку олеснато мислам лебдеев :^) Со месеци се чувствував спокојно и прочистено.
     
  2. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Еве нешто што најдов каде може да се исповедуваме


    Каде за исповед
    За исповед секогаш можете да се обратите кај свештеникот во вашата парохија или во храмот во кој одите на Литургија.

    Во живите манастири во Македонија, за исповед и духовен совет можете да дојдете и да се обратите кај јеромонасите во следните манастири:

    Водочки манастир Св. Леонтиј
    Велјушки манастир Пресвета Богородица Елеуса
    Манастир Св. Климент и Наум Охридски, Хамзали
    Манастир Св. 40 Севастиски маченици, Банско
    Манастир Св. Антониј Велики, Ново Село
    Манастир Успение на Пресвета Богородица, Берово
    Манастир Св. Проебражение, Зрзе
    Mанастир Св. Архангел Михаил, Прилеп
    Манастир Успение на Пресвета Богородица, Трескавец
    Сливнички манастир Рождество на Пресвета Богородица, Преспа
    Бигорски манастир Св. Јован Крстител
    Манастир Св. Георгиј, с. Рајчице, Дебар
    Манастир Св. Наум
    Лесновски манастир Св. Архангел Михаил
    Марков манастир Св. Димитриј
    Манастир Св. Спас, Скопје
    Манастир Св. Јован Крстител, с. Слепче
    Исповедта е најдлабока потреба на секој човек.

    Затоа и во секојдневниот живот луѓето често ги кажуваат своите „тежини“ на своите блиски, но тоа не е исто. Човек не може да биде спасен од обичен човек.

    Раната треба да се отвори од искусен лекар, да се очисти од гнојот, да се лекува и да се исцели. Така и исповедта. Исповедта направена преку духовниот отец е Света Тајна и како таква е наше отворање кон Бога. Наше барање помош и прифаќање на Божјата интервенција во нашиот живот преку словото (советите), молитвите и благословот на духовниот отец. Гревовите не смееме свесно да ги прикриваме, да се самооправдуваме, или да ги прикажуваме поблаго. Од таква исповед нема никаква полза.

    Првото доаѓање на исповед повеќе има карактер на присоединување на човекот кон Црквата. Тогаш најчесто се исповедаат и простуваат најтешките гревови што нивните сторители ги одделуваат од Црквата. Гревот е егзистенцијално промашување, раскинување на нашата заедница со Бога, а не просто некој законски престап. Понатамошното одење на исповед има повеќе карактер на духовно раководство, што на сите ни е неопходно потребно.

    За сите проблеми во духовниот живот, пак, треба да се советуваме со нашиот свештеник, а не да посетуваме бајачи и гледачи, бидејќи тоа е голем грев, со кој си нанесуваме огромна духовна штета, а создаваме и можност за душевно заболување. Нема никаква заедница помеѓу светлината и темнината.


    Ова е превземено од страната на Македонска Православна Црква
    Лично јас,не знам дали би можела да соберам храброст,некако не им верувам многу на нашите свештени лица. :^) А сакам,има многу работи кои ме мачат,не сум направила некој којзнае колку страшен грев,ама ете,така,сакам да си ја олеснам душата,да се посоветувам за некои работи...
     
    На korisnichka и AdoLf им се допаѓа ова.
  3. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Дали за исповед се „плаќа„ мислам дали треба да се остават пари , како кога ќе пее попот вода пред празници и каде верникот може да се иповеда во правоиславна црква? И дали православен верник има право да се исповеда во католичка црква?
     
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266

    За исповед не се плаќа.
    Православниот христијанин не смее да се исповеда во римокатоличка црква. Ако тоа го направи тој веќе отстапил од православието.
    Доколку сакаш да се исповедаш, треба најпрво да си отидеш во црква. Најдобро ти е наутро кога завршува Утрената (службата), секако има свештеници. Ќе им кажеш на тие што продаваат свеќи во храмот дека сакаш да се исповедаш и да им кажат на некој од свештениците (или ако сакаш некој свештеник посебно можеш да ги замолиш како полесно да исконтактираш со него). Кога ќе се сретнеш со него, тој најдобро ќе ти објасни и ќе ти закаже време. Исповедта најчесто се извршува во храмот, односно во некоја пооделна просторија.

    Ако сеуште нешто не е јасно, слободно прашај.

    Поздрав :) !
     
  5. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Никогаш до сега не сум била на исповед кај свештено лице, кога веќе зборуваме на оваа тема. Искрено, никогаш и не би посакала да одам, ниту пак имам во план да го направам некогаш тоа. За мене е тоа нешто неверојатно и незамисливо, да одам и сите оние работи кои сметам дека сум ги направила погрешно и се' она што ме мачи да го кажам на лице кое дури не го ни познавам.

    Немам толкава доверба во никого, не земајќи ги во обзир најблиските личности (кои се различни и индивидуални за секого), но дури и кај нив длабоко во себе пристапувам со резерва. Како и да е, секојдневно се трудам тоа да го поправам, бидејќи знам дека во животот треба да му се даде шанса на оној кој сметаш дека тоа го заслужува - за да успееш треба да бидеш способен да ризикуваш.

    Сепак се' уште го немам достигнато тоа ниво за да одам дотаму, на исповед во црква. Од друга страна, мислам дека колку бесмислено и апсурдно да изгледа, целата таа ситуација би ти дала некој внатрешен мир и би те ослободила од некоја негативна енергија која ја чувствуваш во себе. Но, сигурно дека постојат и многу други начини на кои тоа може да се направи, како што спомнале во еден коментар погоре, со причест и ред други работи (пак ќе кажам за секого индивидуални).
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум се исповедала, немам ни потреба од тоа, а и сметам дека и да би имала потреба, сигурно не би се исповедала на свештено лице.Затоа што нема никаква врска исповедта кај свештено лице, кое е сосема обичен човек, само што единствена покрај многуте должности е да сослуша нечиј проблем, нешто што истото го може и најблиската личност во која што човек има доверба.Затоа што, разликата е во вербата и довербата во некого, ако човек нема доверба во некого, тогаш џабе е се, без разлика дали станува збор за свештеник или не.Меѓутоа со самото тоа кога човек на некому ќе се довери во кого верува, всушност се ослободува од потиснатата негативна енергија, тага, болка итн, па потоа му е подобро и полесно на некој начин.Целата работа е да човек знае справи и соочи со проблемот кој го има, а откако ќе се соочи, тогаш проблемот повеќе не постои ;)
     
  7. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Јас си се исповедувам во мојот дневник..т.е. сите мои тажни случувања стојат таму :)
     
  8. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    3.214
    Пол:
    Женски
    Не сум се исповедала никогаш во мојот живот на свештено лице.. можеби понатаму ќе го направам тоа од не знам какви причини но мислам дека тоа што сум згрешила треба да остане за мене...
     
  9. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Јас редовно се исповедам кај мојот духовен отец. Тој е оној кој те ислушува, се моли за прошка на твоите гревови и ти одредува како да постиш. Пред да се направи причест, мора претходно да се направи исповед.

    Секако кај нас ова не е толку популарно како кај католиците, меѓутоа постои. Неговата ограниченост се состои од тоа што не се наплаќа, поради што а свештените лица не пројавуваат многу интерес.

    Имав некои животни случувања, поради кои се ориентирав кон црквата. Самата исповед е дел од тоа. Секако не дека сум поголем верник од сите други, меѓутоа олеснува во секој случај кога ќе се искажеш. Помага. Смирува. Неможам да го опишам чувството.
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Не сум се исповедала досега во црква пред овластено свештено лице. Не е толку недовербата во прашање, бидејќи и да ја немам да речеме во локалните свештеници, не се тие единствените има низ државава безброј свештени лица. Повеќе е до ставот дека ако официјално сум се исповедала треба да сум сигурна дека нема да го сторам истиот грев во иднина. А не да кажам 10-тина „Оче наш„ и во првата прилика пак се препуштам на истото и репликации до недоглед на настанов, ова ми е лицемерно до срж.
    Целта на исповедањето е вистински да се кае верникот за стореното и да го искупи тоа.

    Друго, сите секојдневно повеќе или помалку (не)свесно кршиме некој од 10-те заповеди, ама не се само тие суштината на религијата, бидејќи заповедите се само мал дел и мене ми е нелогично некој да смета дека нема што да исповеда :?: , не знам ама мене ова уверување ми е ту мач неосновано и духовните лица се и биле изложени на искушенија и грешеле, камо ли било кој од нас обично световно лице. Добро сега, секој има право и на сопствени илузии и заблуди, :wasntme: ...

    Јас преку молитва се исповедам лично на Бог, Исус или Богородица или на некој светец по моја потреба и желба и ова е мојот начин на исповед. Ни го сугерирам некому, ни го потенцирам како најподобен или најправилен за сите, мене лично ми е најприкладен :) .
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Не сум се исповедала до сега но не знам за понатаму живото на што ќе ме наведи :) Но сега за сега се немам исповедано и не ни планирам бидеќи некако не можам да се отворам на некој непознат но некогаш ако имам потреба можеби би се исповедала
     
  12. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Хахахахаха ме изнасмеа да не пукнеш.... веќе на исповед ти НИКАКО :D ами штом така, никој не треба благослов да добие, 99,9% од истата причина...затоа на исповед веќе НЕ :D шала на страна, мислам дека е убаво да се исповедаш пред свештено лице,ама целата таа недоверба кон истите не спречува да го направиме тоа, а и самите тие се виновни за таквото мислење што го имаме кон нив!
     
  13. Adonai

    Adonai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Ве разбирам оние кои не можете да застанете да се исповедате пред некој. Јас не сум се исповедала на поп, ниту на монах и никогаш нема да го направам тоа. Се рачунаат за свештени лица ама сепак се луѓе и многу често грешат. За монасите не знам и не навлегувам дали грешат или не ама знам дека се луѓе, па од тука постои можност да грешат.
    Се исповедам пред Бог, во молитва. Прочитав дека свештените лица се сметаат за застапници помеѓу луѓето и Бог, јас не сакам некој кој и самиот има шанса да згреши да биде мој застапник и одлучувам единствен мој застапник за мене да биде Исус. Така пишува во библијата дека Тој е наш првосвештеник во Евреите 4:14-16,Евреите 5:5-10,Евреите 7:26-27,Евреите 8:1-6... и затоа Нему му се исповедам. А и полесно е! Тој не е човек за да не осудува, да прекажува.... Тој никогаш нема да не изневери.
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  14. aquamoja

    aquamoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2012
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    4
    Пост

    Јас сакам да прашам за Исповед, кога да го направам тоа? Дали дента кога ке одам да се причестувам треба да се исповедам или пред тоа. Може ли да ми каже некој?
     
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Можеш да се исповедаш кога што сакаш. Или да си се исповедаш порано пред Литургијата и пред причестувањето (истиот ден кога сакаш да се причестиш).
    Или да се исповедаш претходниот ден.
    Ни тоа не е грешно.
    Како што сакаш :) .
     
    На aquamoja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Исповедана сум и имам духовник...Прв пат слушнав за исповедта кога сакав да се причестам и почнав да постам среда и петок .... Сакав да го видам Бигорскиот Манастир, да ја почуствувам таа Благодат што ја има таму и сосем случајно Отец Партениј (инаку Игумен на Бигорскиот Манастир и Манастирот Рајчица во Дебар ) стана мој духовник. Кај него се исповедав и добив благослов за Причест. Му благодарам на Бог за сето тоа .... Инаку исповедањето не е ништо како што сите го замислуваат. Тоа е едноставен и Богоугоден разговор со Отецот.
    -------------------------------------------

    Еве што велат светите отци за ИСПОВЕДТА И ПОКАЈАНИЕТО

    - Поуки од пустинските отци

    Еден пријател ми рече: „Кога отидов на мојата прва исповед солзите го зазедоа местото на гревовите што сакав да ги кажам. Свештеникот едноставно ми рече дека не е неопходно да се набројат сите гревови од почеток и дека суетно е да се мисли дека нашите лични гревови се пострашни од сечии други. Патем, ова беше нешто како олеснување за мене, затоа што невозможно беше да се сетам на сите гревови од мојот досегашен триесет годишен живот. Ме натера да се замислам за начинот на кој таткото го прифатил неговиот блуден син – тој не му дозволил на својот син ни да го заврши својот внимателно извежбан говор. Тоа е навистина зачудувачки“.
    Еден друг пријател ми рече дека бил толку загрижен за сите работи што требало да ги исповеда, што дури решил да ги запише. „Па така, направив список на моите гревови и го зедов со себе. Свештеникот го виде парчето хартија во мојата рака, го зеде, го погледна, го завитка и ми го врати назад. Потоа ми рече: „Клекни долу“, и ме разреши. Тоа беше мојата исповед, и покрај тоа што не кажав ниту збор! Но навистина почувствував дека моите гревови беа простени и дека бев ослободен од нив“.
    Самиот збор Исповед нè прави нервозни, допирајќи го она што е сокриено во нас: кажани лаги, предизвикани повреди, украдени работи, измамени пријатели, изневерени луѓе, скршени ветувања, отфрлена вера – сето ова заедно со сите помали дела ги откриват почетоците на нашите гревови.
    Христијанскиот живот без исповед е невозможен, иако исповедта може да биде навистина болна.
    Исповедта е главна тема на Евангелијата. Уште пред Исус Христос да ја започне Неговата јавна проповед, во Евангелието според Матеј се вели дека Јован барал исповед од оние кои доаѓале кај него за да бидат крстени во водите на реката Јордан како симболичен чин на миење на нивните гревови: „И (тие) беа крстени (од Јован) во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови“ (Мат. 3, 6).
    Тука се и оние чудесни зборови на Исус Христос, упатени кон Петар: „Ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство, и што ќе сврзеш на земјата, ќе биде сврзано на небесата, а што ќе разврзеш на земјата, ќе биде разврзано и на небесата“ (Мат. 16, 19). Клучевите на сврзување и разврзување од гревовите не биле дадени само на еден апостол, туку на сите Христови ученици, и – во светотаинствена смисла – на секој свештеник кој има благослов од епископот да исповеда луѓе.
    Евангелистот Јован во неговото Евангелие нè предупредува да не се лажеме себеси: „Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во нас. Ако ги исповедаме гревовите свои, Он е верен и праведен за да ни ги прости гревовите“ (1. Јов. 1, 8-9).

    Како што кажа св. Јован Златоуст пред шеснаесет векови во Антохија: Покајанието ги отвара небесата, нè води во рајот, го победува ѓаволот. Грешен ли си? Не очајувај! Ако грешиш секој ден, тогаш принесувај покајание секој ден! Кога има скапани делови во старите куќи, ги заменуваме со нови, и нема да престанеме да се грижиме за нашите куќи. На истиот начин, треба да размислуваш за себе: Ако денес си се извалкал себеси со грев, веднаш очисти се со покајание.
     
    На kuc, Таа Сум, A-j-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Не сум се исповедела никогаш кај свештеник. Не сум ни размислувала некогаш за такво нешто но би сакала да знам што е тоа. Што би му рекла. Сигурно не е право: Еј јас грешев тоа и тоа. Велат дека исповед не се кажувало но еве ако некоја од вас знае како треба да се постави прв пат кога ќе одаш кај свештеник нека ми рече. поздрав.
     
  18. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    Прочитав повеќе постови во кои многу души не сакаат да се исповедаат.Мое мислење секој треба да се исповеда, јас се имам еднаш исповедано пред монах и сакам повторно дс се исповедам, да ми ослесни на душата и да кажам некои работи кои ми тежат на совеста.Оној кој ве исповеда не треба да ве суди и критикува,туку да ве поучи.
     
    На Таа Сум и Page им се допаѓа ова.
  19. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    Ги читам мислењата и не можам да поверувам.Ете колку верници сте и колку се разбирате во нашата вера...кога не знаете основни работи.
    Исповедот е католички а не православен.
     
  20. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Точно е дека католиците се исповедуват а ние православните не. Ама еве за мене зборувам конкретно доколку сакам да се исповедам можам да го направам тоа кај некој си монах иаку сум православна.
    Зарем може некој да ме спрече во тоа или пак ако еднаш се исповедам тоа ќе значи дека не сум повеќе православна :^)