1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исповед

Дискусија во 'Религија' започната од Pla4ka, 26 јануари 2010.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266

    Мислам дека нема потреба од истакнување на квантитет во верата ;) . Секој си е верник, првенствено за Господ, а потоа за себе. Секој според своите сили.

    А колку за информација, исповедта не само римокатоличка, туку ПРАВОСЛАВНА.
    Исповедта датира уште од првиот век :) .
     
    На kuc, Таа Сум, MilaP и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    сигурна си дека е православен??? не би рекла ...прво осигурај се....мој прв братучед е апсолвент на Теологија и верувај многу добро знам што зборувам.
    Не е православен и толку. :)
     
  3. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Значи нашиве попови што повикуваат на исповед не знаат ништо, чекаат ти да им кажеш? :D Се гледа колку е и братучед ти образован ова ако ти го рекол. Исповедта ја има и во православието и кај католиците само што кај нас луѓето немаат навика да се исповедаат. Зошто како тоа е друго прашање. Информирај се прво убаво па после коментирај.
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  4. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    Убаво сум информирана фала на грижата.Они може ќе ти речат ти да се исповедаш....да, стоејќи во црква пред икона и тоа е убаво.и нормално го правиме сите.Но.....исповед пред свештеник драга моја во православието нема никаде тоа не е православно.
     
  5. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Свештеникот во православието се смета за божји посредник и пред него се врши исповедтта, а тоа ти што го спомна се вика преиспитување или подготовка пред исповед. ;)
    И слушај јас не се грижам за твојата информираност, туку ме засмејуваат глупостите што ги трескаш на темите. Се инаетиш напразно, а општо е познато ова и сите што коментирале пред мене на темата го знаат, глупаво ми е дури и да се докажувам со тебе. Не знам јас каде завршил тој твој братучед и како, ама во иднина собери точни информации па после изнесувај ги овде а не да се обидуваш со невистини да се правиш паметна и уште на здрав памет будали да ги правиш луѓето тука.
     
    На Таа Сум, HoneyAxl и stylishh им се допаѓа ова.
  6. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    Во никој случај нема да ти возвраќам на бурниот муабет и расправии а уште помалку на навреди.Тоа е испод мое ниво ок?! Ме прашуваш кај завршил братучед ми? Па колку факултети за Теологија има во Македонија.????...само еден!
    Не се инаетам.....напротив многу ми е интересно кога гледам како се праите големи верници а не знаете толку многу нешта.Тоа не е ок.Треба да се промени.Поздрав
     
  7. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    :D А бе што ме интересира мене каде завршил братучед ти, и тоа не го разбра. Битно ако прибрал вистинско знаење тебе не ти го пренесол.
    А ти кога ќе научиш нешто повеќе дури тогаш ќе можеш да им солиш памет на останатите и да се поставуваш на некое ниво кое си го замислила :D . Тоа кој колкав верник е и од која религија тебе да не те интересира ти гледај повеќе да не се глупираш со дезинформации ;)
    Ако не веруваш на поинформираните од тебе на форумот тогаш оди прашувај свештеници, тие најубаво си ја познаваат религијата што ја проповедаат, не да измислуваш роднини тука за да се правдаш :D
    Од ова што го напиша само покажа дека неуките верници се твоја категорија :)
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  8. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Што се расправете. Се знае дека исповедот го имам и кај православните и кај католиците само што ние тоа не го практикуваме многу.
     
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Paulina2 душо, мислам дека твојот братучед со сигурност се шалел со тебе (ако навистина студира Теологија), со над 100% сигурност ти тврдам. Зашто ако не ја поддржува и признава исповедта, немало ни да се запише на факултет.
    Бидејќи за да се запишеш на Теолошки факултет, првенствено ти е потребна исповед, а потоа и благослов од владиката од која и да си епархија.
    Верувај ми ова го знам како Оче наш, зашто сакав да се запишам на Теолошки факултет :) .
     
    На Таа Сум, Bulgarian, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  10. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Баш кога бев во црква пред два дена самиот поп рече дека ако имаме некоја грешка во животот подобро ќе биде да се исповедаме. Не знам зошто мислиш дека ние православните не треба да се причестуваме...
     
  11. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    PRED DA SE PRICESTI SEKOJ VERNIK TREBA PRVO DA SE ISPOVEDA,ZA PRICESNATA DA GO IMA ONA VISTINSKO DEJSTVO :) MNOGU MI E KRIVO STO NE STIGNAV DA SE ISPOVEDAM KAJ MOJOT DUHOVNIK DODEKA BEV KAJ NAS :( ZNAM DEKA KE MI OLESNESE MNOGU ,NO ETE SE NADEVAM SLEDNIOT PAT KE GO NAPRAVAM TOA.

    [mod-kirilica:3cquzbvp][/mod-kirilica:3cquzbvp]
     
  12. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    ДУХОВЕН ТАТКО (ОТЕЦ) - КОЈ Е ТОЈ?

    Многумина од оние кои сакаат активно да живеат во Православната црква се прашуваат како да најдат свој духовник и што претставува тоа. Денес, во овој прилог, ќе зборуваме токму за ова прашање.

    Секој човек што сака да напредува во побожноста и во духовниот живот, ќе треба за некои нејасни прашања, кои честопати го среќаваат на неговиот духовен пат, да се консултира со некој поискусен човек, кој веќе ги познава сите искушенија и неволји кои се среќаваат во развојот и духовниот подвиг. Таков човек е духовникот, кој, како што се вели во Светото Писмо, во мака ги раѓа своите духовни чеда, тој ги негува и воспитува, ги води и раководи, сè додека во нив не го вообличи ликот на Исуса Христа.

    Во православната духовна литература зборот „духовник“ честопати се среќава под разни синоними како што се: Геронда, старец, авва итн. Сите тие изрази ја искажуваат суштината на зборот „духовник“. Духовник е личност што духовно е многу силна, што е втемелена врз Господа Исуса Христа, врз светите отци и врз православната духовна традиција. Неговата личност е способна другите луѓе, другите личности духовно да ги преродува, па токму заради тоа тој е „духовен отец“, а сите оние кои тој ги раководи на патот кон спасението се негови духовни деца. Значи, духовникот, не само што ги раѓа своите духовни деца, туку непрестајно ги раководи на патот на духовниот живот и растење.

    Духовникот е како светило на врв планина, тој и да сака не може да се сокрие, тој не ги бира своите духовни деца, туку него го наоѓаат сите оние кои сакаат напредок во духовниот живот и кои тежнеат да ја постигнат и остварат целта на своето постоење. Според тоа духовникот никому не му се наметнува, тој е отворен за сите кои сакаат да му пристапат и да ја задоволат својата духовна жед.

    Духовникот, пред сè, е човек на молитвата и е полн со расудување. Затоа тој никогаш не настојува насилно да продре во нашата душа. Тој стрпливо чека душата на неговото духовно чедо да му се отвори со целосна искреност и со доверба, бидејќи само така тој може да дејствува и да помогне.

    Тајната на спасението е надумна тајна. Затоа ако сакаме да најдеме свој духовник на кого целосно и искрено ќе му се предадеме, ќе треба да ја засилиме својата молитва и Бог нема да нè остави без Својата утеха. Бог, како единствен Кој ни го познава срцето ќе нè упати кај оној духовник кој одговара на нашите духовни потреби и на склоностите на нашите души.

    Помеѓу духовникот и духовното чедо се формира заедница базирана врз меѓусебна љубов, послушание и слобода. Тие заедно на еден чудесен начин растат и напредуваат во духовноста. Духовникот не е тутор или диктатор во нашиот живот, тој многу повеќе е наш постар и поискусен брат, кој целосно и безрезервно ни ги открива духовните тајни и доблести. Стекнувајќи ги овие доблести, ние сигурно го трасираме патот кон Царството Божјо и кон вечноста. Духовниот отец од духовното чедо не се разделува ниту по смртта. Дај Боже, на овој начин да се грижиме за спасението на нашата душа и така усрдно да ги слушаме и исполнуваме советите од духовниот татко, за да би можел тој на Страшниот Суд, стоејќи покрај нас, храбро и со радост да рече: „Ете ме мене и децата кои ми ги даде Господ.“
     
    На stylishh му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Еве една убава книгичка за исповедта, што претставуваа таа и совети околу неа. Не е голема, туку малечка брошура, која се чита многу брзо. Идеална за секој почетник во духовниот живот, кој прв пат се запознава со оваа Света Тајна.
    Изобилува со прекрасни објаснувања, како треба правилно и достојно да се доближиме до исповедта.

    Ви ја препорачувам од срце :) .
    Заборавеното лекарство - архимандрит Серафим
     
    На kuc, Таа Сум, ♡BuBaLe♡ и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Има безброј сведоштва за луѓе кои преку исповедта и светата Причест се излечиле од неизлечиви или тешки болести. Еве еден чудесен настан, кој Бог го извршил преку светиот Јован Кронштатски:

    Исцелување на туберкулоза на грлото:

    „Свештеникот Василиј Шустин од Петроград раскажува: ,Кога уште бев млад, мојот татко тешко се разболе. Професорот Симоновски, специјалист за болести на грло, утврди влошена туберкулоза на грлото. Грлото му беше полно со чиреви и гласот целосно изгубен. Во куќата владееше потиштеност. Нас децата не нè пуштаа кај татко ни. Само на Божиќ нè доведуваа кај него. Тој молчешкум ни подари подароци. Симоновски објасни дека неговите денови се изброени.

    Отец Јован Кронштатски беше известен телефонски. Дојде пет дена подоцна, влезе во спалната соба, го виде мојот татко и забележа: ,Зошто не ме известивте за неговата вистинска состојба? Веднаш ќе му донесев Причест‘. Мојот татко погледна кон него молитвено и пелтечејќи. Отец Јован долго молчеше и се молеше, а тогаш се сврте кон татко ми: ,Веруваш ли дека со Божја помош можам да ти помогнам?‘ Мојот татко потврдно климна со главата. ,Дојди утре кај мене во Кронштад. Ќе те причестам‘. Отецот отпатува. Вечерта дојде Симоновски со еден колега. Им беше раскажано што се случило. Симоновски одговори дека тоа е бесмислица и дека мојот татко тој пат нема да го преживее. Од Ориниенбаум требаше да се патува со санки преку мразот, а времето беше студено и ветровито. Но, мојот татко му веруваше на отец Јован. Следниот ден, топло облечен, отиде за Кронштад. Отецот дојде во гостилницата каде што беше отседнал татко ми и го причести. Тој и следните денови го посетуваше и долго му зборуваше.

    Кога по нецела недела татко ми дојде дома, професорот Симоновски беше потресен; чиревите исчезнале, а гласот му беше нормален, иако уште зарипнат. Професорот јавно изјави дека се работи за чудо. Потоа татко ми живееше уште дваесет и пет години. Неговата туберкулоза на грлото беше сосема исцелена“.
     
    На Таа Сум и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  15. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    ИСПОВЕДАЊЕТО
    а) Пред Господ

    “Смилувај ми се, Боже, според Твојата верна љубов; според Твојата сочувствителност, избриши ги моите престапи. Од сета моја вина темелно измиј ме и од мојот грев исчисти ме. Зашто, јас си ги знам своите престапи, мојот грев ми е постојано пред очи. Против Тебе, лично против Тебе згрешив, пред Твои очи злосторство извршив; затоа, со право ќе проговориш и со полно право ќе судиш…

    Исчисти ме… и ќе бидам чист; измиј ме и ќе бидам побел од снег…”(Псалм 51:1-4, 7)

    “Нема среќа за тој што гревовите си ги прикрива, а оној што ги исповеда и ги напушта, ќе биде помилуван” (Поговорки 28:13)

    “Додека настојував да премолчам, коските ми се сушеа од секојдневните воздишки. Дење и ноќе, Твојата тешка рака ме притискаше, како на летна жега, снагата ми премалуваше.

    Тогаш, гревот мој пред Тебе го признав и својата вина повеќе не ја криев. Реков: ‘Ќе го признаам пред Господа својот престап’ – и ти ми ја прости вината за гревот” (Псалм 32 (31):3-5)

    б) Еден пред друг

    “Признавајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да бидете исцелени.” (Јаков 5:16)

    “Ако некој христијанин ти згреши, појди кај него и укажи му ја грешката насамо. Ако те послуша – повторно си го придобил како свој ближен…” (Ев. Матеј 18:15)
     
    На monibejbi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Се имам исповедано само еднаш и тоа на 15 год, имав некои работи кои ми тежеа на душа... после тоа ми беше полесно, но не секогаш мора да се исповедаме пред свештено лице , најдобро е со мир и покајание во душата да му се исповедаме на Господ кој и онака знае и гледа што правиме ние секојдневно.
     
    На monibejbi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.530
    Пол:
    Женски
    Досега не сум била на исповед и не верувам дека некогаш ќе појдам.
     
  18. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Ako nekoj sega se ispoveda pred veligden i ne napravi nikakov grev do petrovdenskiot post,dali mora da odi na ispoved pred petrovdenskiot post ili nemora?Zborot mi e dali moze so edna ispoved dvata golemi posta da se pominat dokolku nekoj se sochuva od grev?
     
  19. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    I drugo prashanje chisto od radoznalost.Kaj kogo se ispovedaat sveshtenicite,a kaj kogo vladicite?
     
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Теоретски (дека нема да направиш ниеден грев) да, практично не.
    Освен ако по причеста се повлечеш во некоја пештера само со Свето Писмо, молитвеник и бројаница... Ама пак ќе згрешиш нешто, ако не со збор и дело со помисла. :)
     
    На kuc му/ѝ се допаѓа ова.