1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исповед

Дискусија во 'Религија' започната од Pla4ka, 26 јануари 2010.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    :$:tmi:
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    @baba Rada така и треба, да се срамиш од своите гревови. Не се тие за гордост :) Има да се срамиш и да кажуваш се :D
     
    На meckicka, korisnichka, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    00020461.gif
     
    На rose60 и Petar80 им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Ајде, верувам јас во тебе, можеш ти тоа. :) После има да ти олесни... не си свесна колку :)
     
    На HUNK му/ѝ се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    0002053E.gif
     
    На rose60, Petar80 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  6. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    И јас си мислев т.е се надевав дека сепак нема исповед, што ќе одам јас кај дедо поп да си ја олеснам душата кога секако јас се каам дома пред Бог и чуствувам за тоа олеснување, иако ме копкаше она кога Исус ни кажува што ќе разрешите и врзете на земјата ќе биде разрешено и врзано на небото. Но ни се допаѓало тоа нас или не, сепак исповедување има. Еве еден стих од Светото писмо кое ја потврдува исповедта, а се се мислам ко да се спомна и во стар завет само ете тогаш не обрнав толку внимание на тоа за жал.

    И многумина од верниците доаѓаа, та се исповедуваа и ги откриваа своите дела. (Дела на апостолите)

    Значи кога станува збор за врзувањето ко на пр. венчавките тогаш ни одговара, а разрешувањето со кое можеме да се спасиме не ни одговара. На крај краева не за џабе ги ставил тие свештеници Бог.
     
    На Petra777 и Rama им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    @A-j-a , најпрво да те поздравам и да ти кажам дека ми се допаѓа што на форумов има уште една христијанка како тебе која ја зема Библијата како Божји авторитет и гледа својата вера да ја усогласи со Божјиот збор, а не човечките традиции и преданија. Ми се допаѓа што приоритет ти е Божја слава и обожавањето на Бог, а не славење и обожавање на човечките созданија.
    Не ме мрзи и ми претставува радост на искрените трагачи на Божјата воља да им помогнам во подобро разбирање на Библијата и затоа ќе ти напишам збор-два за работите кои ги наведе.

    Исповед или признавање (споделување) на гревовите кај христијаните се разбира дека има и тоа се прави првенствено пред Бог, а потоа и пред блиските браќа и сестри во кои имаме доверба дека нема да не озборуваат наоколу, туку ќе се молат за нас, а и ние за нивните грешни навики и искушенија. Сепак верувањето дека свештеници имаат авторитет да бидат посредници меѓу Бог и луѓето и, како што велат, да ги разрешат или задржат нашите гревови не е библиска. Ако ние искрено ги исповедаме нашите гревови и искрено се каеме за нив, Бог ветува дека ќе ни ги прости макар и 1000 свештеници да ни ги „задржуваат“.
    Ајде да го разгледаме контекстот каде што Исус зборува за врзувањето (разрешување не е збор од Библијата).

    „Ако згреши братот твој против тебе, оди и укори го насамо, меѓу тебе и него. Ако те послуша, си го придобил брата си. Но ако не послуша, земи со себе уште еден или двајца, и од устата на двајца или тројца сведоци да се потврди секој збор. А ако не ги послуша нив, кажи и на црквата; па ако не ја послуша и црквата, нека ти биде како народите и како цариникот. Вистина ви велам, што и да сврзете на земјата, ќе се појави веќе сврзано во небото; и што и да разврзете на земјата, ќе биде веќе разврзано во небото.” ”Пак, ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата околу било која работа каква и да посакат, ќе им биде дадено од Мојот Татко, Кој е во небесата. Зашто каде се двајца или тројца собрани во Мое Име, таму Сум и Јас посреде нив.” (Исус, ев. Матеј 18:15-20, Библијата)

    1. Ако твојот брат згреши против тебе т.е. направи грев кој те повредува тебе, Исус не вели да оди кај свештеникот да го исповеда, па овој да му го разреши гревот, туку вели да оди кај тебе (која не си свештеник) и од тебе да побара прошка и откако ти ќе му простиш, приказната е завршена. Од цитатот јасно се гледа дека братот не мора да оди кај некој свештеник да му го разврзе гревот што братот го сторил против тебе.

    2. Некоку стиха пред Исус да го каже овој цитат, се вели дека Исус довел некое дете таму. „2 И повика дете при Себе, го постави среде нив“ (ев. Матеј 18:2). Од ова се гледа дека апостолите не биле единствените таму, туку имало и други христијани и Исус им ги упатува овие водилки за опростувањето на сите христијани таму.

    3. Дека на станува збор за свештеничко врзување и разврзување на гревови, се гледа и од следниот стих каде што Исус вели дека „ако двајца од вас се согласат за било која работа каква и да посакаат, ќе им биде дадено од Мојот Татко“. Бог сака и се радува кога сме сложни и единствени и ако ние си простиме што сме згрешиле еден кон друг, Бог автоматски ни простува нам. Ако пак не простуваме, ни Бог нема да ни ги прости нашите гревови (ев. Матеј 6:14-15, Библијата). Во контекст на непокајаниот грешник и црквата, ова би значело екскомуникација, но не затоа што некакви свештеници не му ги разрешиле гревовите, туку затоа што грешникот инаетливо одлучил да не се покае и застанал дури и против целата заедница.

    4. Библија учи дека треба да си ги исповедаме гревовите еден на друг и да се молиме еден за друг.
    „И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите.“ (Јаков 5:16, Библијата) Овде повторно не се спомнуваат свештеници. Еден за друг значи: ти ги исповедаш твоите гревови на братот/сестрата, па потоа тој/таа тебе. Или обратно. И потоа се молите еден за друг да Бог ви даде сила да не ги повторувате.

    5. И за крај, можеби ова ќе те изненади, но свештеници не постојат во Христовата библиска Црква. Во стариот завет постоеле свештеници кои посредувале меѓу луѓето и Бог, но во Новиот завет Исус е единствениот свештеник и првосвештеник кој има свештенство кое не може да премина на друг. До сега десетици пати сум ги предизвикувал православните членови на форумов да ми најдат во Новиот завет свештеник како титула во црквата и секогаш следело молк или менување на темата. За ова подетално можеш да прочиташ тука.

    Еве го стихот, а стихот после него појаснува:
    „А мнозина од оние, кои беа поверувале, доаѓаа и исповедувајќи се ги кажуваа своите дела. А од оние, кои се занимаваа со магии, мнозина ги донесуваа своите книги на куп и ги гореа пред сите. И кога ја пресметаа нивната цена, најдоа дека вредат педесет илјади сребреници.“ (Дела 19:18-19, Библијата)

    Прво, повторно овде не гледаме дека луѓето ги исповедале гревовите пред свештеници. А вториот стих јасно кажува дека луѓето своите магионичарски книги ги гореле пред сите. Значи станува збор за јавно исповедање и покајание. Луѓето што се бавеле со магии најчесто тоа го правеле за финансиска заработка (како и денес нели). Книгите, хартијата во тоа време била многу скапа. И покајанието на овие магионичари (гатачи, бајачи, ѕвездари, толкувачи на соништа, гледачи итн) го гледаме во тоа што тие ги изгореле јавно книгите и со тоа јавно се одрекле од својата ѓаволска професија, по што следела промена во нивниот живот т.е. вистинско покајание.

    За врзувањето на мажот и жената во брак и станувањето едно тело е јасно напишано во 1 Мојсеева и повторено од Исус, но во Библијата нема цитат кој зборува за разрешување гревови од страна на свештеници. И како што кажав погоре, свештеници нема во Христовата Црква опишана во Новиот Завет на Библијата. Секако дека е ок, па дури и пожелно е да си ги исповедаме нашите гревови и пред пастирите на црквите или пред другите старешини. Тие можат да не посоветуваат какви чекори да превземеме за полесно да се отарасиме од некој грев. Но дури и тие да ни речат „Биди спокоен, Бог ти простил“, ако ние во срцето немаме искрено покајание - Бог нема да ни прости. Бог е тој што простува, а еден е посредникот меѓу Бог и нас:

    „Зашто Бог е Еден , и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус,“ (1 Тимотеј 2:5, Библијата)
     
    На rose60, A-j-a и Херкул им се допаѓа ова.
  8. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Една разлика има од излагањето на @EvAngelos и кажувањето на @A-j-a, а тоа е личното искуство. Тој се расфрла со цитати од Светото Писмо. Слава на Бога, за некого можеби баш тие цитати ќе бидат прво среќавање со животворното слово. За разлика од него, @A-j-a го има искуството (исто и јас :)) на исповедта. Според нејзиното кажување, таа била на исповед, и од искуство Го знае Бог како благ и човекољубив, Кој не ја сака смртта на грешникот. Плус го засакала читањето на Библијата. Слава на Бога.
    Сега очекувам @Херкул да се јави со прашање каде тоа има спомнато свештеници во Новиот Завет.
    Е па, вака. Немам одговор на тоа прашање. Но знам дека тој што се буни против власт не може да биде власт.
     
    На kuc и Orthophill им се допаѓа ова.
  9. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    Што мислите , дали Господ знае што чуствуваме? На пр : страв , каење ,љубов , омраза и сл.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  10. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    “Зар Тој што го всадил увото, не слуша? Зар Тој што го направил окото, не гледа? … Господ ги знае човечките мисли!” (Псалм 94:9-10)

    “Може ли човек да се сокрие на тајно место, каде што Јас не би го видел? – вели Господ. Зар не го исполнувам Јас небото и Земјата – вели Господ.”(Еремија 23:24)

    “Светот на мртвите е откриен пред Него, и нема покривка над Бездната.”(Книга за Јов 26:6)

    “Никој не може да се сокрие од Бог! Се е докрај соголено и разоткриено пред Неговите очи. Пред Него сите ќе полагаме сметка!” (Евреите 4:13)

    Настрана од ова..
    Право да разрешува гревови во Името на Господ Исус Христос има само свештеник.Тоа што некој има толку тешки гревови па ги презира свештениците и пробува да се оправда...
    Нема да му го олесни ни покајанието,а најмалце исповетта.. :)
    Ова го кажав општо,на страна од Еретиците кои учат дека треба да ги признаеме своите гревови на смртници(браќа,сестри,пријатели,роднини) кои во прва прилика ќе разгласат на сите што сме направиле.Додека свештеникот е обврзан со завет,доживотно да молчи за гревовите кои му ги кажале на исповед.
    Господ им дал на нив(свештениците) овластување преку Апостолите кога рекол:
    ,,Вистина ви велам: се што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и се што ќе разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото'' (Мат. 18, 18 )
    http://bogopodobie.weebly.com/10471...080-108010891087108610741077107610901072.html

    Едуцирајте се секогаш! Нека не ве манипулираат дека треба да се исповедате кај луѓе кои нити имаат право на тоа нити па дале завет дека ќе молчат за вашите гревови :)
     
    Последна измена: 1 октомври 2016
    На Rama, rose60, Petra777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Бидејќи веќе доби одговор со цитати од Светото писмо, јас само ќе се надоврзам со едно мое лично искуство. Баш пред две три ноќи чуствував страв и ми текна па зошто не му го кажам тоа на Бог што чуствувам и воедно да го замолам да ми помогне со тоа. Секако дека Бог и без јас да му кажам знае дека сум напданата со страв, но "финтата" е во молитвата, нема да ни падне чинот да го замолиме и воедно преку молитвата да разговараме со Него. Неговиот одговор уште одма го добив со тоа што веќе не чуствувава страв туку олеснување. Фала Му и салава Му, сега и во вечни векови!
     
    На Rama и EvAngelos им се допаѓа ова.
  12. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Ми текна на уште едно мое искуство воедно и дел од Божјото учење со мене. Во стар завет се случи неколу дена по ред како читав се се вртеше околу тоа дека воопшто не е разумно да се караме, гневиме, да ја потпалуваме искрата во нас со која ќе избувнеме кавга итн. Тука да напоменам дека го чуствувам Бог, веќе сум во процесот кога Он ме учи, ми покажува, ме води низ Светото писмо...убаво ми е на душата. Но, додека читав тие неколку дена на горе споменатата тема се случи расправија со мојот татко се скаравме, си подвикнавме еден на друг и после наеднаш пуф Бог ме тресна душевно, си отиде од мене, не го чуствував повеќе. На местото на душевната исполнетото имав празнина, тешко ми беше многу убаво во душата знаев дека Го изневерив со мојата постапка. Он ме учи, ми покажува, а јас наместо да покажам дека сум научила, да се однесувам како вистинско Божјо чедо, јас тотално оплесав. Знате какво е чувстовото да го немате Бог? Одвратно е, неподносливо. Следеше искрено плачовно покајание и молби кон Бог да ми прости и да се врати да не се откаже од мене туку да продолжи да ме учи. Таа покајаничка состојба траеше ден два, по што фала Му на Бога го прими моето покајание и повторно почнав да го осеќам и продолжи да ме води низ вистината, а јас си добив уште една и тек како вредна лекција како е кога го имаме Бога и како ни е кога го немаме т.е го бркаме од нас.

    За сите кои сакаат да го читаат Светото писмо и со цело срце да се отворат за Бог, знајте дека е прекрасно Бог да ви се покаже самиот Кој е и што е, најпрво ќе ви го покаже Бог Отецот, а после и Бог Синот. Ќе доживеете прекрасни работи, но бидете и спремни дека ќе ви биде соголена и разобличана вашата душа, а тоа не е воопшто лесно.

    @korisnichka се немам исповедано, но сакам. Тоа што чуствувам олеснување е од искреното покајание кон Бог и молитвите да ни прости на сите и на мене. Се извинувам и се чуствувам глупаво што погрешно си ме разбрала.
     
    На Rama и HUNK им се допаѓа ова.
  13. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Нема проблем душо. Еден брат го прашал својот старец како ќе знае дека Бог му го простил гревот, на што старецот одговорил дека знак оти му е гревот простен е ако тој веќе не го повторува истиот грев.
     
    На kuc, Rama, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Господи Ти се` гледаш и нема нешто што Ти не би го видел. Јас иако дело на рацете Твои сум сепак не чинев според заповедите Твои туку според големото безумие свое секое зло го сторив не помислувајќи дека Ти Творецот мој и Бог колку си благ толку си и праведен. И сега спомнувајќи си за тоа страв ме опфаќа и не знам што да чинам. Го чувствувам судот Твој и слово на оправдание не наоѓам во устата моја. Никаква доблест немам и не сторив ниедно покајничко дело со коешто прошка би заслужил макар за еден празен збор на устата моја. Па и оној што секоја доблест ја има и секакви добри дела чини, ако како слуга и како должник ги врши не ќе најде откуп за грешноста своја. Единствено милоста Твоја помага. Гревот е смрт. Кој од оние што од него умреле самиот себеси може да се воскресне? Никој, навистина! Единствено Ти умре и воскресна, зашто грев не стори и лага не се најде во устата Твоја. И ете, Господи Седржителу, чинејќи безброј злодела се каам; но самото покајание немоќно е да ме оправда. Покајанието е спознавање на гревовите, а милоста Твоја ги простува. Ти гледаш Господи Седржителу, дека ништо освен телото сега немам, но за мене никаква полза нема оти секое богатство го оставив. Сиот сум рана бедна и не остана во мене надеж за спасение, та и пеколот само што жив не ме проголтал. Единствено Ти можеш да ме спасиш и да ги исцелиш маките на срцето мое. Раката Твоја може се`, таа досегнува до длабочините на бездната и се` е можно за еден Твој миг. Не се осмелувам да речам помилуј ме Господи, зашто сум недостоен за милоста Твоја како оној што секоја мака ја заслужува. А ти, Господи се` знаеш и постапи со мене како што знае човекољубието Твое, зашто недостоен сум и за овој живот. Господи нека биде Светата волја Твоја во се`. Амин!

    Покајна молитва на свети Симеон Нов Богослов
     
    Последна измена: 1 октомври 2016
    На meckicka и Rama им се допаѓа ова.
  15. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    Епа зошто Исповед? Бог знае дали се каееме , лажиме , крадиме , и итн. Има мн лажни верници кои одат на исповед но не чуствуваат каење и сл .
     
  16. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Бог знае, но ако ние не се свртиме кон Него не може да делува бидејќи ја почитува нашата слобода. Свештеникот нема да те принуди да се исповедаш, туку ќе ти укаже дека треба. А ти кога ќе одлучиш тогаш ќе се исповедаш.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Очигледно тој старец не го познавал доволно Светото Писмо, што не е за осуда, бидејќи порано била помала писменоста, а Библијата не била толку достапна.

    „Тогаш Петар пристапи и Му рече: „Господи, колку пати да му простам на брата си кој греши против мене? До седумпати ли?” Исус му рече: „Не ти велам до седумпати, туку до седумдесет пати по седум.”“ (ев. Матеј 18:21-22, Библијата)

    Ако Исус очекува од нас да проштеваме „седумдедест по седум“ пати, тогаш сигурно Бог може и повеќе пати да прости од нас доколку имаме искрено покајание. Во спротивно би испаднало дека човекот е поголем простувач од Бог, дека човекот има поголемо срце од Бог и дека Бог бара од човекот нешто што ни Тој не го може.
    Ние овде на Земјава живееме во грешни тела и колку и да се трудиме да не грешиме, некогаш ќе се случи. И во зависност од штетата што ја има направено гревот, секој од нас е склон кон одредени гревови кои повеќе ги повторува од други. За некој не е проблем да не се опива од алкохол, но друг мака мачи и се навраќа на тој грев и по неколку пати. Некој друг има проблем со озборување, некој со кажување лаги или полувистини, некој со горделивост, друг со гледање порнографија, трет со себичност итн. Многу од гревовите делуваат како пороци и тешко и потребно е време човек да се ослободи од нив, а Бог ќе ни простува се додека искрено се каеме за нив.
    И апостол Павле имал проблем со некои гревови и еве што рекол:

    „..но, гледам друг закон во моите членови, кој војува против законот на мојот ум, и ме заробува под законот на гревот, што е во моите членови. Беден човек сум јас! Кој ќе ме спаси од ова смртоносно тело!Му благодарам на Бога преку Исуса Христа, нашиот Господ!“ (Римјаните 5:23-25, Библијата)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    @anakonda88 како што молитвата е само наше осврнување кон Бога и преку неа сме блиски со него иако тој веќе знае што сакаме да му кажеме, така и со исповедта, вистински ќе се засрамиме и покаеме исповедувајќи се пред свештеник/монах. Тоа и е целта на исповедта.
     
    На HUNK и Rama им се допаѓа ова.
  19. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    А кој ти го кажа ова тебе ? Како знаеш како делувало ? Да не имаше ти средба со Господ ?
    Ај што го измисливте Исповедот после векови , милениуми и сл од нашата вера , ме плаши после дан измислите нешто друго , не верувам во Исповед , јас постам јас се причествивам , јас се молам на Бог , но нема да терам нова мода што на некому му текнало , на Судниот ден секој ке си одговара за постапките .
    Инаку попот е личност што завршила школо како сите ние !
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  20. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    На Судниот ден може да биде доцна.
     
    На kuc, HUNK, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.