1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исповед

Дискусија во 'Религија' започната од Pla4ka, 26 јануари 2010.

  1. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    @EvAngelos, протестантите не постат?
     
  2. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    Ништо не е доцна . Секој ке си одговара на Судниот ден , цел живот ширење зло и омраза , правење лоши работи, некој пред да почине , отиде еднаш кај некој поп ке се исповеда и готово простени се гревовите ? Тоа тешко Некако ! Само Господ на Судниот ден ке пресуди , а не некој што завршил школо .
     
    На Antebellum, meckicka и EvAngelos им се допаѓа ова.
  3. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Господ е судија. Според срцата наши. Затоа треба да ги очистиме.
     
    На kuc, Таа Сум, meckicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Секако дека постат. Протестантските христијани прават се што поучувале Исус и апостолите и веруваат дека Библијата е Божји Збор.
     
    На A-j-a и baba Rada им се допаѓа ова.
  5. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Имате правила за постење? Кажи ми нешто повеќе, стварно не сум запознаена. Мислев дека не постат. Имав цимерка протестантка, не се сеќавам дека постеше.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ништо повеќе од библиските правила. За повеќе детали вечер ќе ти пишам, на соодветна тема. Сега сум на пикник во природа и не можам да куцам од мобилен.
     
  7. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    За вистински да чувствуваш каење не ти треба свештеник, џабе ќе одиш кај него ако прво ти самата не чувствуваш искрено каење.

    Досадна сум, но повторно ќе напишам мое искуство, овој пат не се случи дур ја читам Библијата туку навчеер кога си легнав. Бог точно знае кога и како ќе делува на тебе. Неможев да заспијам чуствував немир и тогаш Бог несамо што ме потсети на голем грев од моето минато туку ми даде да согледам како истиот тој грев повлекол со себе и други гревови. Во тој момент како да ми падна духовна завеса од која не сум можела да гледам, наеднаш се осеќав духовно пробудена. Ми покажа колку одвратен човек сум била дур сум мислела дека па и не сум некоја лоша личност. Чусвтвото беше ко некој да ми мавнал вруќ шамар, ко да ме полил со врела вода. Душата ме болеше, солзите кој самми навираа ко чешма неможеа да ми олеснат во таа ноќ. Согледувањето колку Бог бил и милостлив и полн со љубов кон мене низ живѕоот, што Тој направи на крстот за мене, а јас како за сето тоа му враќав болеше до срж. Агонијата траеше речиши цела ноќ, сабајлето кога станав чувстував душевно олеснување. Но тука не заврши имаше и други плачовни покајаувања оние од дното на душата се дури една ноќ пред легнвање, гледав една Богослужба, слушајќи што се кажува посебно кога сите пееја и го славеа, повторно дојде искреното плачовно покајание, е во тој момент ко да клечев пред Исус и барав прошка. Слушнав како некој маж вика дека: Мојата жена, таа сега е Божјо дете си го смени животот. Не се поколебав во сите тие месеци градење врска со Бог дека сакам мојот живот да го сменам, но од таа ноќ знам дека и јас сум Божјо дете и тоа и самата го бирам да бидам. Токму од таа ноќ навака чуствувам ептен олеснување и веќе ги нема оние тешкотии на душа, што секако не значи дека јас веќе не се каам за се. Слава на Господ Исус христос!
     
    На meckicka и EvAngelos им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Самата кажа дека не си била на исповед. Кога ќе појдеш ќе ја видиш, поточно ќе ја почувствуваш разликата.
     
    На Таа Сум, Orthophill, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  9. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Дај Боже.
     
    На HUNK и korisnichka им се допаѓа ова.
  10. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Амин
     
  11. Таа Сум

    Таа Сум Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Поздрав добри луѓе, јас имам некои прашања.
    Божиќниот пост го прекинав од некои причини (не затоа што не можев, друго е во прашање) а сакав да се исповедам во недела... дали ќе може да се исповедам и покрај тоа бидејќи исповедта и причесната одат заедно? И кога би требало да се исповедам, сепак многу луѓе се присутни на богослужбата, после причестувањето на сите нив? И уште нешто, дали може да се појде на исповед во некој сосема обичен ден без претходно да си разговарала со отецот? Ви благодарам однапред на тие што ќе ми одговорат. Прв пат ќе одам на исповед па не сум упатена. :)
     
    На korisnichka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Гледај ако можеш овие денови, оди во црква, побарај свештеник и кажи дека си дојдена за исповед.
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  13. thecreativecreator

    thecreativecreator Активен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    7
    Исповедта е прекрасен и благословен чин. Оној кој има искрено покајание треба да ја изврши. Не барајте изговори зошто истите ги праќа лукавиот да ве оттргне од прочистување на срцето. По покајание чуството е едно, но по исповедањето тоа е сосема поинакво и може да се причестите. Слава на Господ Исус Христос!
     
    На Ana.brojka, kuc, Таа Сум и 3 други им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Најдобро е да си имаш пријател од доверба, верник/верничка како тебе, кој ќе ти биде молитвен партнер и пред кого ќе можеш да ги исповедаш своите гревови, искушенија, падови, предизвици итн. Потоа се молите еден за друг и се држите одговорни со тоа што редовно си се прашувате како ви оди на полето на промената во проблематичната област. Убаво е чуството да знаеш дека некој се моли за тебе и го следи твојот духовен напредок. А исто е убаво и ти да го правиш тоа за некој друг/а, да инвестираш во нечија душа, во нечиј духовен развој, да се учиш на несебични молитви. Потенцирам, ова мора да е пријател од голема доверба. Исто добро е и да си читате истовремено иста книга од Библијата (евангелие, послание, старозаветна книга) или некоја друга духовна книга и потоа одвреме навреме да си ја дискутирате, да си разменувате импресии, што ти се допаднало, што ти било нејасно и сл.
    Кога сме сами на Христовиот пат (не го броиме тука Господ се разбира), често пати знаеме да забегаме, да не се молиме редовно, да не се храниме од Божјото слово и сл. бидејќи нема кој да не потпраша како ни оди, како е нашата духовна состојба. Многу полесно и посигурно е кога се чекори Христовиот пат заедно со брат/сестра по вера.

    „Подобро е да се двајца, отколку еден сам, зашто ќе имаат взаемна полза еден од друг: ако едниот падне – другиот ќе го подигне; а тешко си му на оној што е сам: кога ќе падне – ќе нема кој да го подигне!” (Проповедник 4:9-10, Библијата)

    „Каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив.“ (Исус, ев. Матеј 18:20)
     
    Последна измена: 19 јануари 2017
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Пријател од доверба вика... добар беше вицов :rofl:
    За исповед треба отец/монах, некој од Бога избран, преку него Бог ќе ни прости. Пријателот да не каже разрешителна молитва случајно? :rofl:
     
    На Orthophill, Bulgarian и Jas! им се допаѓа ова.
  16. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Da sum bila na ispoved ednas i pak planiram da odam no neznam koga ke e
     
    На Orthophill, Bulgarian, korisnichka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Кога Исус Христос ја оформи Својата Црква, немало ни црковна титула отец, ниту монаси, ниту пак ткн. „разрешителни молитви“. Немало свештенска хиерархија каде што едни биле духовно супериорни врз другите обични верници (мирјани) и не биле ословувани со великодостојнички титули господин господин, ваше височество, ваше преосвештенство, архиереју итн. Овие новотарии се појавиле со векови подоцна. Јас, како што добро знаеш, се држам цврсто до изворното христијанство проповедано од Исус и апостолите и запишано во Библијата (Светото Писмо)

    „И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! “ (Јаков 5:16, Библијата)

    "И никого на земјата не нарекувајте го свој ‘отец’, зашто е Еден вашиот небесен Отец." (Исус Христос во ев. Матеј 23:9, Библијата)
     
    Последна измена: 19 јануари 2017
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Ти одлучуваш. Но, да се покаеме и исповедаме додека имаме време.
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Чисто да се знае потеклото на секоја од речениците,а не протестантскиот проповедник да си го препишува своето еретичко толкување на библијата.

    Протестант
    Проповедник 4:9-10, Библијата
    Исус, ев. Матеј 18:20
     
    На meckicka, Jas! и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    „Некој од Бога избран“ :) Кога би знаела со какви се политики биле бирани „Божјите избраници“, колку се манипулирало со оваа титула низ историјата и какви се ујдурми правеле многу „Божји избраници“, би си ја повлекла оваа твоја изјава, во спротивно ќе добиеме многу лоша слика за Бог и неговите избори. За таа цел топло ти препорачувам некоја објективна книга за црковната историја, а можам и да ти позајмам некоја од моите теолошки студии.
    Но сепак, тоа е ирелевантно, бидејќи Библијата јасно кажува дека само еден е посредникот меѓу Бог и луѓето:

    „Зашто Бог е Еден и Еден е Посредникот меѓу Бога и луѓето: Човекот Христос Исус“ (1 Тимотеј 2:5, Библијата)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.