Без покајание и исповед не смееме да земеме причест. Причеста е света. Ако ние не се исповедаме за нашите гревови не сме достојни и чисти да ја примиме Светата причест односно крвта и телото Христово. Не судам никому.Кој како сака, меѓутоа важно и корисно за човекот е да ја има на ум и следнава работа: кога душата на христијанинот ќе го напушти телото, таа првите два дена се наоѓа близу до местата на кои тој живеел, но третиот ден, во придружба на ангелот-чувар таа се искачува од земјата на небото, на поклонение на Самиот Господ и заради поединечниот суд над неа за да и се одреди местото до сеопштото воскресение и Страшниот Суд - кој ќе биде конечен за целиот свет. Токму на овој трет ден од денот на разделбата на душата и телото, се случува еден многу страшен и за душата решавачки момент: за време на искачувањето на душата на небото кон неа пристапуваат зли духови - демони, предводени од своите кнезови, во чија власт е воздушниот простор и од ангелот-пазител почнуваат да ја бараат душата на христијанинот, почнуваат да ги докажуваат своите права на власт над неговата душа. Тие почнуваат да кажуваат разновидни обвинувања, се присетуваат на сите гревови што ги направил човекот, притоа се потсетуваат на такви детали, што оној кој ги направил во текот на својот живот одвај ги забележал, се присетуваат на разни престапи, па дури и на соблазниви зборови што умрениот случајно ги изговорил. И се забележува дека нашите зли непријатели сето тоа грижливо го запишале за да ја вознемират душата во последниот ден со сето ова мноштво на срамни постапки, за да и ја одземат секоја надеж на спасение. Се, се што направил човекот тогаш станува многу значајно, секоја ситница тогаш претставува препрека на патот на страдната душа што сака што побрзо да се ослободи, да прелета покрај овие гнасни обвинители. Демоните ова го прават поради својата завист зашто самите не можат и не сакаат да се покајат и страшно негодуваат кога гледаат како луѓето преку покајанието се искачуваат на небото и го избегнуваат пеколот што е подготвен за злите духови и нивните слуги, и тие би сакале на секој начин, со секакви лаги, да ја задржат душата. Тие, пак, се толку безобразни што не само што се сеќаваат и на најситните детали, очигледно лажат и клеветат, иако знаат дека Праведниот Судија нема да ја земе во предвид оваа клевета, туку едноставно сакаат да ја вознемират душата со очајание и затоа зборуваат и она што не било. Но, се работи за тоа што, без оглед на се, злите духови не можат ниту да се сетат на оние гревови што човекот за време на животот ги исповедувал во светата тајна исповед и кои свештеникот му ги разрешил. Во моментот на исповедта овие гревови потполно исчезнуваат од нивните црни списоци: никогаш и никој нема да му го спомене на душата гревот што таа го направила во овој живот, што е очистен со покајание во светата тајна исповед. Таква е моќта на оваа света тајна и затоа секој човек треба да се исповедува додека има можност.
Кои глупости бе ги пишете Измислувате сега за исповед , а пред кого пред Поп??? Пред лопови ???? Каква исповед бе ???Поп е човек што завршил школо за поп , да пее на служби и сл. Што ги воздигнувате дека биле свештени лица кога тие се обични луге што земаат пари за све живо и диво и го дерат народот си купуваат џипови , пијат виски сред пости !! Оваа мода со исповед му текнало на некој поп за повеке пари да му граба на народот , па да се изнакупу и други бесни коли и станчиња ! Господ е тој пред кој ке одговарам , а не пред некој поп , што си има ценовник ! Господ е мојот Бог и само пред него ке одговарам !
За исповед никој пари нит ти бара нит ти зема Тоа е чин кога се покајуваш и бараш прошка пред Бога, а отецот е само сведок меѓу вас.
Сведок ??? Е каков сведок ? Пр ко ке почини некој , Заедно со попот оди кај Господ и попот вика јас сум Сведок ??? Ма дај ви се молам Не се секирајте ке истакнат ценовник и за исповед , вие само одете како муви без глава и давајте им пари за брзи и бесни коли Господ никогаш не би земал пари за крштевка , за свадба , за молитва , за било што пари . Поповите се лопови , кај ке им оди душата јас незнам
@Afroditaaa ти за тоа што го работиш, земаш плата? И поповите земаат плата, а тоа им е работа Не дискутирам повеќе, секој со свое мислење и одлука. Секое добро!
Земаат плата , но ценовниот им е плус и изгорррр ! 100 еврееки една крштева на овој сиромашен народ ?! Според тебе нормално е ?!
Може ли почетникот во верата да Го слушне Бога како вели, „Добро, ти проштевам“? Кога св. Јован Кронштадтски ќе згрешел на некој начин, тој се молел се додека не добиел прошка и духовна поткрепа од Бога. Но, дали почетникот е на ова ниво на комуникација со Бога? Луѓето имаат природна потреба за лична средба. Но, во односите со другите луѓе, како и во односите со Бога, многу е важно не само да се биде разбран, туку и да се има видлив знак дека Бог или другиот човек нè разбрал. И така, Господ го востановил поредокот Неговата прошка да ја добиваме преку друг човек: свештеник. „На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат“ (Јн. 20, 23). А ако си толку скептик спрема поповите тогаш има и монаси каде што се молат деноноќно на Бога и тие освен животот во манастирот друго ништо не им е важно(читај автомобили и ред други работи што ги наброи). Што се однесува до поповите...Јас лично немам ништо против нив. Тие се духовни лица. И тие треба да земаат плата имаат жени, деца и тие треба да се изгледаат. Ти твоето направи го така како што треба па за другото Бог гледа и суди ако има потреба од тоа.
А истиот тој сиромашен народ по крштевката прави прослава за 100 гости! Како што ти кажаа и другите, исповед не е мода и не е новост, а и не се наплаќа. Познавам многу свештени лица и никој од нив не поседува бесни коли и луксузни станови. Но, сите тие имаат семејства кои треба со платата да ги прехранат. Исто така, тие луѓе учеле и живеат за Бога. Уште останала сликата ( од којзнае кое време) за поп како дебел, пијан, лаком човек во мантија, но посети неколку цркви и ќе видиш колку млади, ОБРАЗОВАНИ, скромни свештеници има денес. Сликата и реалноста се менува, се надевам и стереотипите на луѓето ќе се сменат. Задржи си го обедувањето, но биди отворена да ја видиш и поинаквата страна.
Ние за внук ни плативме 100 еврекии за крштевка, дадовме ручек супа бевме 10 души со си кумовите и толку . За свадбата од сестрами 100 еврекии на попот , 100евреки на црквата . Инаку Авери прв пат слушам дека имало сиромашен поп ! Овде кај нас се со брзи и бесни коли и живеат луксузно . Втора работа не верувам во исповест кај поп , доволно е секој ден да се молиме кон Бога , и за молитва и за грешки и за било што ... И како што кажав уште малце ке ви истакнат ценовник и богатете ги лоповите Патем за монасите , секој си се моли за себе , тие за нив , јас за себе . Немат потреба моите грешки, успеси и сл. Да му ги кажавам на еден лопов што ја измислил Исповеда . И патем зошто попот го викате свештено лице ??? Тој е обичен човек како сите нас, што завршил школо за поп а не е Бог ! Далеку се поповите од Бога! Исус им давал на сиромашните , а поповите го крадат народот!
Колку вреѓање...лопови, вакви, такви...Претпоставувам знаеш дека правиш грев така? Толку од мене, едноставно те оставам сама со своите мисли.
Zdravo, bi sakala da prasam pocnav da postam ama so maslo, dali mozam da se pricestam sabota na Todorova sabota ili za da se pricestam treba da postam bez maslo? I uste nesto,sin mi se vika Teodor ima 5 ipol godini, bidejki mu e imenden sabota, kako moze I toj da se pricesti, dali treba jas da postam za nego? Ako prasanjevo ne e za ovde, moderatorot slobodno neka go prefrli.Fala vi.
Неспоредливо е и хула да го споредуваш свештеникот со Исус. Тој е по природа грешен и само човек. Исто така е гордо и да се помисли дека секој човек заслужува милост, која би му овозможила комуникација со Бога без посредници. Таа човекова суета која не обзема повремено и гони да судиме лесно, секако дека токму.на исповед треба да му ја признаеме на Бога.
Детенцето бидејќи е мало, убаво би било барем петоков да го испости (ако не може без масло, тогаш со масло, од еден ден ништо нема да му биде). Вие ако до сега не сте постеле (во среда и петок, и во 4. големи пости, на Крстовден, на Нејатка/Водокрст/Водопост и на свети Јован Посен) најдобро пред да се причестите да испостите една недела без масло и задолжително да се исповедате. ПС: Од каде му на поп плата? Свесни сте што зборувате? Мислите секој верник што ќе помине низ црква остава по 1000 денари секој ден?
Каде ова? За свадба можеби и сте платиле 6000(поделено кум, старосват, девер, зет, невеста...). Ама за крштевка пишете ја црквата!
Точно , се согласувам со тебе потполно дека попот е човек како сите нас , е сега од каде него го нарекуваат свештено лице а е обичен човек ? И зошто баш него да му ги кажуваме нашите. Маки и грешки кога тој е обичен човек како нас ?! Можеме и на пријател исто така да му кажиме ... А ова измислување за исповед на поп е со цел да поповите да истакнат поголеми ценовници ! И немам верба во поп кој се богати на сиромашен народ ! Имам верба само во Господ и само пред него ке одговарам !
И во која црква го крстивте внучето? Зошто се срамиш да кажеш? Патем не плаши се, никој со сила не те тера да се исповедаш. Ако се исповедаш и покаеш за гревовите ќе ти бидат простени. Ако си ги чуваш, при второто воскресение сиот човечки род, од дедо Адама па до послениот човек што ќе се роди ќе ти ги дознае.