1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исповед

Дискусија во 'Религија' започната од Pla4ka, 26 јануари 2010.

  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Тоа што напишав дека и свештеникот е само човек беше со намера да ги оправдам можните грешки кои можеби ќе ги направи поради својата човечка природа и за кои секако самиот ќе одговара.
    Но, тој е сепак наш духовен учител, испратен ни е од Бога.
    Не е на ученикот да му суди на учителот, туку да се труди да научи од него.
    Тажно е кога мислиме дека сме сами способни за се.
    Убавината е во заедништвото и во чувството дека делиш.
     
    На душленце, Jas!, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    963
    Пол:
    Женски
    Како ма испратен одБога?? Па тој учел школо за поп не го пратил Господ , какви учители какви бакрачи тие се само едни лопови и ништо друго
     
  3. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    963
    Пол:
    Женски
    Прво не можам да ја кажам црквата , заради заштита на мојот идендитет на анонимен форум ,
    Втора работа од каде знаеш ти дека со исповедта ке ни се опростиле гревовите?! Беше ти кај Бог па знаеш или испран ти е мозокот од некој квази поп со џип ?
     
  4. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    963
    Пол:
    Женски
    Сега го гледам коментаров ... Зошто грев ? За тебе вистината е грев?
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    4.767
    Малку си платила... :rofl:

    А зошто не се покаете пред икона туку мора пред поп?
     
    На Afroditaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    963
    Пол:
    Женски
    Или со молитва кон Бога , или во црква , секој ден да се моли и итн.
    Сега ке ти коментираат дека попот ке бил сведокот :D
    Бог е насекаде знае се и гледа све !
    Во мојот град имаме еден поп во повозрасни години , можам да кажам дека тој дели од останатите попови , не е зинат по пари и луксузен живот , генерација сме со неговиот син , но си го запиша со врски синот да учи за поп ! И после некоја овде ке коментира дека поповите биле од Бога пратени ?!
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Да грев е да навредуваш некого. Ти вреѓаш во целата клапа на попови. Па зар сите попови се исти?
    А и да има таков некој што е алчен ние не сме тие што треба да му судиме.
    Со каков суд судиш со таков ќе ти се суди.

    прочитај и уште нешто...

    На времето имало некој голем подвижник, кај кого дошол еден верник. Во селото од коешто потекнувал подвижникот имало еден многу грешен човек, па тој го прашал својот посетител: „Се смени ли тој и тој човек, или уште е таков каков што беше?“ Посетителот одговорил: „Не, авво, тој не се промени, истиот е.“
    Следниот ден кај подвижникот дошол ангел Господов и го прашал: „Бог ме испрати да те прашам каде да ја смести душата на грешникот за кого што вчера праша, оти тој умре ноќеска: во рајот, или во пеколот?

    Ти го судеше, па кажи ми го неговиот суд.“ Подвижникот смртно се нажалил, и до крајот на животот просел прошка од Бога.... Видете, тој осудил многу грешен човек, но сепак, осудувањето е осудување. Наместо тоа, тој требало да се моли: „Боже, Те молам, смилувај се на него. Боже, Те молам, заштити го.“
    Сметаш дека си со Христа, а другиот не е? Тогаш помоли Му се на Христа да му помогне. - старец

    Арсениј Папачок
     
    На Ana.brojka, kuc, душленце и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Afroditaaa

    Afroditaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2017
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    963
    Пол:
    Женски
    Ова е приказна за деца ? Ова е факт ? Што е ова?
    Во 10 божји заповеди е : Не лажи !
    И кој сега го прекршува ова правило ?
    И да се разбереме за едно Не го споредувајте Бог со поп !!! Бог е насекаде ! А поп е само човек што учел школо за таа работа и ништо друго !
    И доколку јас сум направила некој грев само Господ на судниот ден ке ми суди ! А не ти да ми судиш дека сум направила грев . Значи и ти осудуваш !?
     
  9. Pontif

    Pontif Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Машки
    Најлошо е кога човек мисли дека знае сè... Ова го кажав во однос на повеќето коментари што ги прочитав, бидејќи многумина се прават паметни и се прават дека знаат се и дека нивното мислење е закон и општ факт и сите што се противат на нивното мислење се глупи.
    Луѓе, се правите дека знаете нешто што е градено со милениуми и мислите дека со едно прашање и еден одговор на форум ќе дознаете се...
    Ви се молам ако мислите дека свештеничкиот позив не вреди и не чини, прочитајте некоја книга во врска со тоа, некој од светите отци па дознајте.... Демек свештениците не чинат, лопови се, немам потреба да му се исповедам него итн итн... тоа е се до човекот секој е грешен на ваков или онаков начин и сите професии си имаат свои искушенија. Со што не го негирам фактот дека има расипани попови ама пак не се сите такви и не треба сите да ги ставаме во една кошница.
    Исто и на темата за исповед, прво прочитајте и за тоа па после кажете си. Видете што кажуваат светите отци на таа тема, која е суштината на самиот акт и на самата света тајна покајание и исповед. Па после тоа настапете со критики. Бидејќи апсурдот на вашите постапки е огромен сакам да ви укажам дека религијата и сличните прашања иако го досегнуваат секој човек не значи дека секој човек достојно и правилно размислува, ако сме христијани должни сме да се повикаме на светите отци и да ги погледниме нивните боговдахновени размислувања на ваквите теми.
    И сакам да надополнам во врска со исповедта кај свештеник или монах... свештеникот е задолжен да се грижи за народот и неговите потреби, како пример исповедањето.. а монахот се оддалечил од таквиот световен живот за да посвети време на себеси и својата душа.. дури и самото име укажува на тоа ( монах - сам, осамен) ... не дека е забрането да се оди на исповед кај монаси некогаш тие и повеќе би помогнале ама поентата ми беше дека треба прво да се обратиме кај свештениците кои всушност како што реков се задолжени за да ни помогнат.
     
    На afrodita94, kuc, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Не те осудив. Те прашав "претпоставувам знаеш дека правиш грев така? "
    Тое е едно, каде што сакам да те разубедам за да не вреѓаш, да не направиш грев(свесно) и да помогнам доколку можам, а тоа се гледа дека е така кога најпосле се откажав од помислата за разубедување кога ти реков "Толку од мене, едноставно те оставам сама со своите мисли"
     
    На Rama и macush1 им се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Да, да ова е анонимен форум, и во црквата во која сте го крстиле внучето само тоа било крстено. И сега ние ќе појдеме во црквата ќе ги отвориме книгите на крстените и ќе откриеме која си... Си немаме попаметна работа. Ама можеме да провериме дали ја кажуваш вистината или лажеш само колку да напишеш нешто и да го нападнеш свештенството, оти нели тоа е модерно... Како што е модерно да се кажува дека поповите имаат џипови.

    Затоа што Господ Иисус Христос им рекол на своите апостоли (а свештениците го наследуваат апостолскиот чин) дека тие(апостолите односно свештениците) што ќе сврзат(се мисли на гревовите, на светите тајни и обреди) на земјата ќе биде сврзано и на Небесата, и што ќе разврзат на земјата ќе биде разврзано и на Небесата. На иконите таква власт не им дал.

     
    На Ana.brojka, korisnichka, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  12. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.077
    Допаѓања:
    81.907
    Пол:
    Женски
    Во време на пости на некој што не разбира или не сака да разбере и прифати не вреди човек да му објаснува и да се замара .
     
    На Rama, Pontif, Avery и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    4.767
    Тоа ме интересираше, ти благодарам на одговорот.
     
    На korisnichka, Pontif и Orthophill им се допаѓа ова.
  14. TheOtherMe

    TheOtherMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    А ти да не мислиш Божји проповедник си па пропобедаш по форумов?
    Што сакаме ќе мислиме сфати и прифати дека не мислат сите исто како тебе...
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Исповедањето на гревовите во својата соба не е лошо, но од таква исповед немаме никаква корист. Никој не смее да пристапува кон светата тајна Причесна, без исповед и благослов од свештеник. Исповедта е поважна од постењето (нормално на свештеникот сме должни да му исповедаме, кажеме дека не сме постеле).
     
    На kuc, korisnichka, ♡BuBaLe♡ и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Секако дека е морална исповедта пред свештеник,тој не распушта и ги разврзува нашите гревови со Божја воља,ова само и го кажав во случај да не може да се исповеда бидејќи кажа немала во близина поп :)
     
    На afrodita26 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    А кој тоа забранил?

    Муабетов на попот би бил: „Бог простува гревови, ама само преку мене 8)[​IMG]
    Католиците у среден век со слична финта заработувале и пари од верниците. „Ако сакаш прошка, ќе треба да платиш и тоа дебело!“. Во денешниот случај не е со пари, ама се наплатува со послушност... има да правиш како јас што ќе кажам иначе охи прошка, нема да те пуштам у рајот хаха џиш џиш у пеколот :devil:
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Вие протестантите се водите по други тертипи,а ние по други.
    И пред да почнеш да вадиш цитати од Библија знаеш дека ќе ти речам дека кај нас се придава и оддава почит на свештениците како директни наследници на апостолите,исто и на Светите отци кои се заземаат за нас пред Господ.
    Низ вековите формулирано е едно послушание и покорност кон горе наведените,што не значи дека со истото ја омаловажуваме љубовта и почитта кон Господ.
    Колку и да ви изгледа "несватливо" ова е вака со векови и така ќе биде,свештеникот е оној кој дава благослов и разрешува гревови и сето тоа во име и воља на Господ,не сам по себе ;)
     
    На душленце, korisnichka, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  19. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    531
    Денес зa прв пaт бев дa се испoведaм.Нa пoпoт нa сред испoвед му зaѕвoни телефoнoт и си рекoв aјде се случувa.Пoпoв се јaви зaмислете нa сред испoвед и му вели нa тoј еве зa 5мин сум тaму.
     
    На kuc, Orthophill, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    На здравје и спасение да ти е светата тајна исповед! Другото нека не те вознемирува.
     
    На worrieddd, душленце, Rama и 5 други им се допаѓа ова.