го купувате ли ова списание? дали готвите од него? дали сте задоволни од цената? сте пратиле ли рецепт? Jас еданш сликав се тоа ама за праќање не го пратив!
испрати рецепт (списание) Јас го купувам секој месец, не пропуштам, со баба ми си ги собираме во една кутија, еден куп имаме Од цената сум презадоволна, задоволна сум и затоа што таму сепак рецепти праќаат поскромни луѓе и состојките се подостапни (финансиски ). Голем број рецепти со баба ми испробавме, тоа пити, лиснати, гибаници, меса, благи, што не пробавме и претежно точни излегуваат рецептите (само два рецепти не ни излегоа, едната беше некои благи, а другата беше гибаница без брашно нешто така )
Па сигурно по пошта,или можиш да ги прашаш на маил,дали можи да им пратиш рецепта па после договорот по пошта. И ние го купуваме иначе,има убави рецепти,ама некогаш има и бучкуруши,уффф,а и се повторуваат многу рецептите.Сум сликала и јас,ама не сум ги пратила.
Има ли некој/а на форумов што испратила и и го објавиле рецептот,и секако и дале 500 денари ? Пошто гледам се едни исти ги има нон стоп..Како да пратам? Колку би ми зеле по пошта и кој е нивниот е-маил ?
Јас испратив рецепт и добив 500ден. ми ги префрлија на трансакциона....го испратив договорот ама не го добиле и податоците ми рекоа по меил да им ги испратам.
Каков е тој договор...како да и го пратам на маил? Сакам да испратам рецепт но ме интересира процедурата
Им праќаш рецепт на меил, со слики од подготовката. Ако го објават во списанието, тогаш им го праќаш пополнет договорот. Го има на последната страна во списанието. Јас сакав да прашам, дали истиот месец кога им го пративте рецептот го објавија или после некое време? Јас до сега три пати испратив и не ми објавија ниту еден рецепт
Јас си го купувам редовно списанието бидејќи многу ми се допаѓа содржината и неговата скромна цена,но мој рецепт сеуште не сум испратила,но тоа,сепак,не ми е ни битно,битно ми е да научам многу нови рецепти за убави и вкусни јадења што ќе можам во секое време да си ги приготвувам и да си уживам во нивниот прекрасен вкус!
Дaли дoбил некoј нaгрaдa oд фoрумoв, јaс гo купив списaниетo ќе им прaтaм нa мaил фoтoгрaфии и рецептa, нo дoгoвoрoв кaкo? И пoдaтoци дaвaте a aкo не ве извлечaт, јa скептик зa тaкви пoдaтoци ххх?